горјан стојановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 24 Oct 2023 06:26:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горјан стојановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симона Поповска со силна прака против семејното насилство – дека секој има свој пат и право да го изоди, во макфестовската – „Бакни ме за крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-so-silna-praka-protiv-semejnoto-nasilstvo-deka-sekoj-ima-svoj-pat-i-pravo-da-go-izodi-vo-makfestovskata-bakni-me-za-kraj-video/ Tue, 24 Oct 2023 06:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323450

„Бакни ме за крај“ е насловот на композицијата што Симона Поповска ја отпеа викендов на Макфест 2023. Песната  е комплетно авторско дело на Горјан Стојановски, а за неа Симона веќе сними и видеозапис, кој го работеше со Крсте Шупев. За нејзиниот изглед во видеото, но и на фестивалската сцена на Макфест беше задолжен стариот и проверен соработник Бобан Тодоровски (шминка и фризура), додека уникатната креација со која се појави на сцената во Штип и која всушност ја претстави како Феникс ја изработи Златко Јовановски – ЈЗЈ. „Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на Макфест сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото – дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето“, вели Симона, која по музичката пауза заради мајчинството и семејството реши да се фокусира на создавањето нова музика и да им се врати на живите настапи. „Доста одморав време е за настапи, по Макфест каде имав побрза, да речам клупска песна, веќе се подготвувам за нова, ако сѐ оди како што треба за отприлика два месеци ќе промовирам нешто ново“, вели Симона, која цврсто гази по својот избран пат во кој освен за семејството и пеењето место има и за медицината и работата на која ѝ е максимално посветена. Во продолжение погледнете го видеото за макфестовската тема на Симона, „Бакни ме за крај: ]]>

Иван Илиев ви се „исповеда“ како изгледа кога во љубовта се’ ќе ти отиде во – „Бестрага“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivan-iliev-vi-se-ispoveda-kako-izgleda-koga-vo-ljubovta-se-kje-ti-otide-vo-bestraga-video/ Thu, 21 Jul 2022 06:09:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259701

Младиот македонски пејач Иван Илиев ја објави песната и видоспотот за неа, насловена како „Бестрага“. Музиката и стиховите се авторско дело на познатиот македонски музичар, виолинистот Горјан Стојановски член на фолк групата „Скопски боеми“, додека аранжманот го потпишува Драган Ристовски во чие студио „Д.Р.Д. медиа“ песната и е снимена. Истата пак е миксана и мастерирана во студиото „Анастасија“. Видеоспотот е снимен на неколку атрактивни локации кај нашиот јужен сосед - Грција, а истиот го потпишува „Ај контакт“ продукција, во режија на Алек Тасевски.   Во видеото покрај пејачот главната женска ролја ја има шармантната убавица, младата Мила Велевска.   „Со Мила немам ништо приватно, освен професионална соработка во видеото. таа е прекрасна млада дама и затоа изборот падна на неа. кадрите ги снимавме на неколку лојкации во Грција, во Калитеа, Афитос и Атина“ - вели пејачот кој за потсетување имаше дует и со фолкерката Ирена Спасовска со која направија неколку кавери на познати српски турбо-фолк хитови. Како звучи и изгледа кога во љубовта се' ќе ти отиде во „Бестрага“ проследете од видеото на Иван Илиев:   ]]>

Симона Поповска во љубов со „старата љубов“: По пет години, повторно заедно! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-vo-ljubov-so-starata-ljubov-po-pet-godini-povtorno-zaedno-foto/ Wed, 24 Oct 2018 07:44:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54228

„Кога си до мене сè е добро, нема солзи, нема дождови… Држи ме за рака, покрај мене остани“, пееше Симона Поповска во својата последна нова песна насловена „Остани“, која пејачката ја изведе на годинешното  издание на фестивалот „Макфест 2018“ во Штип. 
Стиховите секако љубовни, а кога човек е вљубен тогаш му извираат најдлабоките емоции од дното на душата и срцето. И ништо нема необично во тоа ако се знае дека покрај тоа што неодамна стана доктор, македонската пејачка го кажа и своето судбоносно - ДА!
Но, распеаната докторка, деновиве призна дека одново е во љубов...  со старата љубов! По пет години пауза повторно се заедно!
Неееее... без грижа, се' е во ред со бракот на згодната и сексапилна охриѓанка! Во прашање е една поинаква љубов... Љубов кон инструментот, во случајов виолината!
Дали заради тоа што автор токму на макфестовската тема „Остани“ е виолинистот Горјан Стојановски, па токму соработката со него кај пејачката ја поттикна желбата за „враќање на старо“, кога е инструментот во прашање...
...Или новиот порив за старата љубов е инициран од некоја друга причина, останува сексапилната докторка дополнително да објасни!    ]]>

Тргнаа да им ја „украдат“ работата на шефовите, па им го „украдоа“ шоуто: Кои двајца скопски боеми направија урнебес, ама не салата, во „Брза кујна“? https://arhiva.vistina.com.mk/trgnaa-da-im-ja-ukradat-rabotata-na-shefovite-pa-im-go-ukradoa-shouto-koi-dvajca-skopski-boemi-napravija-urnebes-ama-ne-salata-vo-brza-kujna/ Wed, 08 Nov 2017 07:44:50 +0000 http://vistina.mk/?p=2920

Кулинарското ТВ шоу „Брза кујна“ ги доживува ѕвездените мигови на својата популарност. Шефовите Марк и Никола  секојдневно приготвуваат слатки и вкусни рецепти на кои ретко кој може да остане рамнодушен. Шармантната водителка Александра пак, секогаш е таа што придонесува за координацијата на шефовите и дополнителна доза позитивна енергија која трае од почеток до крај на секое издание на емисијата.
Арно ама, во секоја емисија има и различни гости,со различни карактери, табиети, навики и умешност за готвење, ама и за забавно однесување пред ТВ камерите. Во едно од последните изданија, имаше специјални гости. Двајца „откачени“ скопски боеми! Тргнаа со намера „да им ја украдат работата“ на двајцата шефови, ама како тоа оди малку потешко, на крај се потрудија барем да им го „украдат“ шоуто!
Со своите довитливи дофрлување, смисол за хумор, скопски „јадачки и закачки“, музичките боеми Горјан Стојановски и Трајче Толевски  „Брза кујна“ од готвачко ја претвоприја во забавно ток шоу, полно со шега, смеа,  забава...
Шеф Марк и Трајче беа тандем, а шеф Никола и Горјан им беа опоненти. И во готвачките мајстории и во забавните лудории.
Кој од нив победи, пиперката или доматот, зелената или црвената кујна и што се' зготвија, а што како урнебесна забава на присутните во студиото и ТВ гледачите им приготвија... сепак ќе морате да гледате во „Брза кујна“.
Во меѓувреме, погледнете само кусо видео директно од  домашниот гастрономски „тренинг камп“ на Горјан Стојановски- Гокса, додека тој се подготвуваше и се загреваше за настапот во „Брза кујна“. Боемско чајче од ѓумбирче... за подобро здравје! Епа, наздравје! ]]>