горди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 18 Jul 2023 06:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горди – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Не ги гледаме често“: Дијана и Срѓан Ѓоковиќ за децата на Новак (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-gi-gledame-chesto-dijana-i-srgan-gokovik-za-detsata-na-novak-foto/ Tue, 18 Jul 2023 06:24:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310529

Новак Ѓоковиќ остана без круна на Вимблдон. Српскиот тенисер загуби во финалето од Карлос Алкарас. Во неговата ложа беа сопругата Јелена Ѓоковиќ, таткото и мајката Срѓан и Дијана Ѓоковиќ кои се заслужни за сите успеси кои ги постигна најдобриот тенисер на сите времиња. Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и секој друг родител, се многу горди на своите синови - Новак, Марко и Ѓорѓе. Освен тоа, денес уживаат и во улогите на баба и дедо. Имено, децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ, Стефан и Тара обожаваат да поминуваат време со своите баба и дедо, иако немаат можност да бидат толку често заедно. Но, секогаш кога им дозволуваат обврските, создаваат заеднички спомени, а Дијана неодамна призна дека повеќе им дозволува на внуците, што е случај со нејзините родители. - Многу сум среќна што имам внуци, што ми ги дадоа Стефан и Тара. Можеби не поминуваме со нив онолку време колку што би сакале, но тоа што го трошам навистина многу ми значи и некако ме враќа во детството, во периодот кога моите деца беа мали, кога можеби јас немав време да си играм со нив. Не сум тука да ги воспитувам, така ќе кажат мама и тато, тука сум да уживам во нив и можеби понекогаш кршам некои работи што не ги дозволуваат, но тоа е шармот - изјави Дијана во емисијата „Додека ангелите спијат “. - Ги гледам, но не толку често затоа што имаат многу обврски - рекол таткото на Новак Срѓан. Фото: Принтскрин/Профимедиа/Дита Алангкара  ]]>

Родителите на Јована Јеремиќ открија што најмногу и замеруваат – еве каков однос имаат со ќерката (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/roditelite-na-jovana-jeremikj-otkrija-shto-najmnogu-i-zameruvaat-eve-kakov-odnos-imaat-so-kjerkata-foto-video/ Mon, 03 Oct 2022 09:09:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269674

Родителите на водителката Јована Јеремиќ, Олга и Миодраг за прв пат се појавија пред телевизиските камери. Јеремиќ одлучила за прв пат да ги покаже во јавноста, а во еден момент завршила и во солзи. Родителите на Јована Јеремиќ никогаш до сега не застанале пред камера, но не се двоумеле да ги признаат деталите од нејзиното детство и сето она што го имаат против неа, без разлика на претстојниот успех. - Јас сум само една вистинска мајка. Горда сум на Јована, но таа треба малку да „закочи“. Никогаш не сум давала изјави за телевизија. Како мало девојче, Јована беше многу добра. На две години знаеше повеќе што да каже отколку сега. Често по викенд-шоуто што го гледам и велам да успори. Ова е тешко време и мора да биде малку помирна - изјави мајката на Јеремиќ. - Повеќе од горд сум на неа. Секогаш велам: „Браво ќерко, напред!“. Не ми се допаѓа нејзиното често спомнување на интимните врски. Многу е искрена и чесна, мора малку да забави. Таа е добра и многу паметна жена, но мора да се коригира - рекол нејзиниот татко. - Следам што се пишува за неа, кога сум слободен читам. Гледам дека успеала, се постигна сама. Некои работи ги научи од дома, никогаш не ја учевме на лошо... Беше многу паметно дете, одеше на училиште, а јас не знаев ни кој клас оди... Секогаш бев сигурен во неа и ѝ велев дека  некогаш не мора да оди, јас ќе и ги оправдам часовите - додаде тој, а водителката во еден момент дури и заплакала.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Јована застана до родителите и за „Премиера, викенд специјал“ го заклучи следново: - Ја ставив телевизијата пред мене. Можам без сè, но не можам без мојата работа, едноставно е. Тоа треба да го знаат сите, не ми треба никој што не ме прифаќа како таква. Не барам многу, само од некого тоа што најмногу вреди, а тоа е љубов, успех и почит.
 
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Јована Јеремиќ]]>

Еве што велат сопругот и децата за професијата на на хрватската ѕвезда од реалното шоу „Големиот брат“: „Каде работи мајка ти? Се соблекува гола за пари на сајт за возрасни!“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-velat-soprugot-i-decata-za-profesijata-na-na-hrvatskata-dzvezda-od-realnoto-shou-golemiot-brat-kade-raboti-majka-ti-se-soblekuva-gola-za-pari-na-sajt-za-vozrasni-foto/ Wed, 18 Nov 2020 11:46:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176728

Сабина Сантл, хрватската ријалити ѕвезда се прослави со учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во 2008 година. Таа веќе некое време има своја страница на еден познат сајт за возрасни -  „Само за обожаватели“, каде што наплатува за својата голотија. Сабина која е мажена и има сопруг и две ќерки, рече дека по една година студирање се откажала од Економскиот факултет. Таа одговораше на сите прашања на нејзините следбеници, па и на оние кои беа прилично провокативни. „Дали децата еден ден ќе бидат горди кога нивната мајка ќе им ја покаже својата страница за возрасни?“ - иронично  ја прашал еден следбеник Сабина. „Моите деца веќе се горди што имаат мајка, која изгледа ТОП! Обожавам да правам провокативни фотографии и фортосесии. Додека позирам, се чувствувам среќна, задоволна и горда“ - му одговорила таа. Друг обожавател ја прашал како нејзиниот сопруг реагира на нејзиното разголување на Интернет. „Мојот сопруг е мојот најголем обожавател“ - одговара Сабина и додала дека обожава да носи танга. ]]>

„Сфатив дека немам зборови“: Ања Ветерова јавно го прокоментира евровизискиот тим https://arhiva.vistina.com.mk/sfativ-deka-nemam-zborovi-anja-veterova-javno-go-prokomentira-evroviziskiot-tim/ Fri, 10 May 2019 07:17:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87025

Следната недела започнува 64-то издание на избор на песна на „Евровизија“. Македонскиот тим и македонската претставничка  на Евровизија веќе неколку дена се во Тел Авив, Израел каде што течат крајните подготвоки за втората полуфинална вечер. Пред некој ден претставниците на земјите – учеснички ги имаа првите проби, а меѓу нив и Тамара Тодевска со песната „Proud“. https://www.youtube.com/watch?v=uorpKaAQQYI По нејзината прва проба, на социјалните мрежи имаше само позитивни коментари за Тодевска, а за тоа повеќе може да прочитате тука. Евровизискиот тим доби пофалби и од јавните личности меѓу кои Калиопи, Каролина, Тијана.... Овој пат сите се согласуваат во едно: дека Македонија конечно има добар  сценски настап, а уште и подобра песна, и дека ќе имаме на што да бидеме горди.
Ања Ветерова не се штедеше на зборови, па и таа јавно му поласка на евровизискиот тим. „Тамара овие неколку дена ги собирам импресиите од твојата прва проба. Сфатив дека немам зборови. Секоја чест на интерпретацијата и едно огромно браво на тимот зад сцена. Мислам на Даре, Роки, Ношпел и доктор Арменд. Ти посакувам да го постигнеш најголемиот успех на Евровизија кој Македонија го имала бидејќи заслужуваш. Едвај чекам да те видам на сцена како сјаеш. Со среќа“ напиша Ветерова на „Инстаграм стори“.
По првата проба на Тодевска во облажовалниците таа се наоаѓа меѓу првите. Инаку, зад текстот на евровизиската песна се потпишуваат Коста Петров и неговата сопруга и дело на авторскиот тим  Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Тамара истакна дека на Евровизија ќе пее за нејзината ќерка Хана.
Останува да ја следиме нејзината изведба во втората полуфинална вечер на 16 мај.]]>

Тамара ја претстави евровизиската песна „Proud“ и видеото за неа: Отсекогаш сме биле добри, можеме ли годинава и горди? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-ja-pretstavi-evroviziskata-pesna-proud-i-videoto-za-nea-otskogash-sme-bile-dobri-mozeme-li-godinava-i-gordi-video/ Sat, 09 Mar 2019 08:26:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=76703

Тамара и МРТ, вчеравечер, 8 март, ја пратставија Евровизиската песна „Proud“ со која пејачката ќе не претставува во Израел. Едноставна, но исклучително моќна балада, фасцинантно отпеана со сугестивниот, впечатлив и разурнувачки вокал на Тамара и стихови кои во себе носат силна порака од која морници ти поминуваат по телото. Така отприлика може да се опише чувството кога за прв пат ја слушате нашата евровизиска песна и изведбата на Тамара. Со еден збор кажано: Моќно... Како никогаш досега! Зашто, покрај песната се чини дека овој пат имаме и комплетен пакет, комплетен мозаик кој ги склопува коцкичките за евровизиски успех... И песна, и пејачка и изглед и што е најважно силна порака... И тоа општоприфатена, општоцивилизациска, универзална! Затоа и во старт можеме да бидеме „горди“! Резултатот на крајот конечно и не е важен. За него одлучуваат и многу други, немузички фактори! Важен е само впечатокот кој ќе го оставиш! Слушајќи ја премиерно „Proud“ веднаш е јасно дека нема втора шанса за прв впечаток... Зашто од неа нема ни потреба! Тамара и нејзиниот, нашиот евровизиски тим не направија горди уште на прво слушање! Се надеваме и радосни на претстојниот Евросонг во Телавив. Зашто ваква песна, навистина и е потребна на Европа...И не само нејзе, му е потребна на светот! А ние ја имаме!
За мозаикот да биде комплетен, а впечатокот уште посилен се погрижиле авторите и на видеото кое ја заокружува приказната. Едноставно, а исто толку моќно колку и песната. Видео во кое се испреплетуваат  дузина помалку или повеќе познати, до сосема анонимни  македонски женски ликови од естрадниот, културниот, општествениот и јавниот живот. Познати манекенки и модели, пејачки и водителки, актерки, писателки, лекарки... до мали дечиња, меѓу кои и ќерката на Тамара, Хана. Од Тијана, Катерина Ивановска, Ана Исаиева, преку Ана Стојановска и Винка Саздова, до Јагода Михајловска - Георгиева и др. Софија Пејкова... како симбол на силни, успешни, горди жени... Тие на себе, а нивните семејства и општеството на нив! Жени, чиј еден поглед, една гестикулација, едно движење во спотот кажува повеќе од илјада зборови, потенцирајќи ја основната порака на песната... „Proud“!
Нам заедно со Тамара ни останува на 16 мај во Телавив да му покажеме на светот дека отсекогаш сме биле, сме и ќе бидеме доволно добри... и ГОРДИ! Како што и самата Тамара напиша во дел од пораката со која и се обрати на јавноста преку својот Инстаграм профил, кога беше избрана да ја претставува Македонија на Евросонг 2019!
Гледаш, за мене на Евровизија никогаш не беше  најважно да се влезе во финалето, да се биде во првите десет, па дури да победиш. Евровизијата, за мене, отсекогаш била многу повеќе од тоа! Евровизијата е прифаќање на различните, пркосејќи им на нормите, горд на тоа кој си, токму онаков како што си. Евровизијата е  една ноќ во годината кога целиот континент се состанува за да ја слави смелоста, храброста и индивидуалноста! Тоа е местото каде што различните нешта се горди. Јас сум мајка на две деца: тригодишно девојче и тримесечно момче. Знам дека звучи како клише, но тие навистина го сменија мојот живот и чувствувам, како мајка и како родител, дека тоа е моја одговорност, НАША одговорност да направиме позитивни промени во животот на нашите деца. Денес, гледајќи ја мојата ќерка, сакам таа да порасне во свет каде што луѓето нема да ја судат, кажуват како да се однесува, како да се насмевнува и да се движи. Сакам да знае дека таа не мора да ги следи правилата што треба да се прифатат. Сакам да биде таа која сака да биде и што е најважно, да се гордееме со она што е таа. Тоа е најмалку што можам да направам за неа. Горда сум што можам да кажам дека на 16 мај ќе и ја посветам мојата песна на мојата ќерка и ќе пеам за сите таму на кои им било кажано дека треба секогаш да ги наведнат своите глави и да ги следат строгите правила. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилат и барем на една ноќ во годината ќе му покажеме на светот дека јас сум ГОРД(А) и секогаш посилна од нивното: никогаш нема да бидете доволно добри! Секогаш ќе бидете доволно добри! Се гледаме во Тел Авив! https://www.youtube.com/watch?time_continue=169&v=Sw-NQ1a1zZ0]]>