горазд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Aug 2023 07:45:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горазд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската спортска новинарска легенда Зоран Михајлов на СП во Будимпешта доби животна награда, која посебно го трогна и неговиот син Горазд: „Честито и ти благодарам од срце царе…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-sportska-novinarska-legenda-zoran-mihajlov-na-sp-vo-budimpeshta-dobi-zhivotna-nagrada-koja-posebno-go-trogna-i-negoviot-sin-gorazd-chestito-i-ti-blagodaram-od-srtse-tsare-foto/ Thu, 24 Aug 2023 07:23:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315080

Легендарниот македонски спортски новинар и спортски коментатор, Зоран Михајлов, е еден од годинешните добитници на наградата за популаризација на атлетиката, која традиционално ја доделува Светската новинарска асоцијација (АИПС).
Ова огромно признание, кое се доделува на новинари кои известувале на најмалку десет Светски првенства (СП), на популарниот Зоки му беше доделено во Будимпешта, каде во моментов се одржува СП во атлетика  кое  започна на 19-ти август и ќе трае до 27-ми август 2023 година. Михајлов беше долгогодишен спортски новинар и ТВ коментатот во МТВ, како и поранешен уредник на спортската редакција во Македонската телевизија , а по официјалното пензионирање има работено на многу други новинарски проекти, како на телевизија и на радио така и во печетените медиуми. Тој беше редовен известувач и коментатор на летните и зимските Олимписки игри во последните 40-тина години, како и на сите позначајни атлетски, пливачки и боречки манифестации. Повозрасните паметат  дека Михајлов во младоста бил одличен атлетичар, државен рекордер и првак на Македонија и на поранешна СФРЈ, а активно играл и кошарка. Неговиот син, некогашниот македонски фудбалер, сега познат фудбалски тренер Горазд Михајлов на својот Фејсбук профил ја обзнани веста, споделувајќи неколку фотографиии и статус во кој со гордост му го честита ова високо и престижно признание на својот татко и негов спортски идол: „Денеска во Будимпешта, за време на Светското првенство во атлетика, мојот татко-идол доби награда за афирмација на светската атлетика во последните 40 години. Царе, уште еднаш честитки наградата која секако ја заслужи, пред се со твојот професионален пристап, посветеност и љубов кон атлетиката. Самиот факт дека ја добиваш од Светската атлетска асоцијација и светските спортски новинари, тежината е уште поголема. Да се ​​добие ваква престижна награда од светската спортска икона Хавиер Сотомајор,  кого во минатото си го коментирал со епитети, е сатисфакција за твојот труд, почит од светот и секако за целиот живот штотвориш и известуваш од вакви големи настани и секогаш го правиш тоа со срце и неизмерно ја презентираш МАКЕДОНИЈА каде и да си на земјината кугла... Горд сум на тебе и сите овие твои признанија ме тераат да продолжам да се докажувам и да успеам во животот, но тоа не би било возможно без твојата поддршка, ти благодарам од срце...“ - напиша Горазд Михајлов во својот Фејсбук статус, со воодушевување искажувајќи огромна почит и пиетет кон сојот родител, но и негов спортски идол. За ова престижно признание, честитки и од нашата редакција за колегата, македонската спортска,  новинарска и коментаторска легенда, Зоран Михајлов!
]]>

Маја Вукуќевиќ го дочека најсреќниот ден во животот: „Ние заедно пораснавме…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maja-vukukjevikj-go-docheka-najsrekjniot-den-vo-zivotot-nie-zaedno-porasnavme-foto/ Sat, 01 Dec 2018 09:40:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60859

Таа кариерата ја започна во почетокот на 90-ите како ТВ најавувачка на програмата на МТВ ( тогаш таа категорија постоеше), па беше ТВ спикер, позната поп пејачка, новинарка... Како такава барем потесната и пошироката јавност ја познава Маја Вукиќевиќ.
Но оние што ја знаат одблизу, знаат дека таа од краткиот брак во кој влезе речиси како тинејџерка, го има синот Горазд. Или како што нагалено го викаат Гого. Нејзиниот брак набргу заврши со развод, но нејзиното дете остана да расте, да се развива, школува со неа и покрај неа... како самохрана мајка!
Годините минуваа, времето бргу летна, а нејзиниот живот имаше најмногу смисол кога тој беше во нејзина близина. Маја на ниту еден од своите музички успеси, хитови, фестивалски настапи или награди... не им се радуваше толку колку на секоја насмевка на своето синче, на секој негов успех, водејќи се само со една мисла водилка: најзиниот Горазд да биде среќен и да стане свој човек.
И ете, дојде и тој ден кога најголемата желба и се исполни, а малиот, сега веќе голем маж и го згреа срцето, и го наполни со среќа и топлина. Нејзиниот Горазд стана дипломиран економист!
Маја не можеше личната среќа да не ја подели со сите, па на својот Фејсбук профил објави фотографија и статус,во кој низ зборови ги преслика своите емоции во моментите на радост и среќа - најголема во животот:
„Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки... Летна времето... Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес стана дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години... има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех...Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое и запомни парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да и дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно. П.С. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца... Sorry“. 
Сега Маја може да биде раат... Но, не и Горазд. Зашто, како што самата му порача во пораката: „Мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца...“  Извини другарче, ама иако вели дека те излажала, сепак не лаже. Така е!    ]]>