горан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 11 Mar 2023 08:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зоки – Фаци влезе во најпознатиот скопски секс шоп да пазари, па ги помеша „играчките“: Она што најмногу „го запали“, всушност е за… гаснење! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zoki-fatsi-vleze-vo-najpoznatiot-skopski-seks-shop-da-pazari-pa-gi-pomesha-igrachkite-ona-shto-najmnogu-go-zapali-vsushnost-e-za-gasnene-video/ Sat, 11 Mar 2023 08:34:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290623

Зоран Василевски во јавноста многу попознат како Зоки - Фаци... Прекар што го доби по насловот на некогаш неговата популарна ТВ емисија. Контроверзен по многу нешта, пред се' по тоа што она што го има на ум, многу не му ја мисли јавно да го каже кога дава изјави или да „му го плесне“ в лице на соговорникот, кога води интервјуа и разговори. Неговата сексуална определба со која со години наназад вешто кокетира исто така постојано е дискутабилна, а одвреме-навреме доаѓа во фокусот на јавноста откако ќе излезе некој муабет во чаршијата или новинарските кулоари за него, ќе осамне некоја фотографија или клипче на мобилните телефони... За него може да зборуваaт се' и сешто, но факт е едно нешто: Зоран Василевски - Фаци како естраден новинар е еден од оние кои најмногу ги познаваат работите, одлично си ја владеа професијата и секогаш кога ќе се впуштат во работа, таа е перфектно завршена. Еден од оние кој прв го ползуваше стилот и силата на таблоидното новинарство и жолтиот печат во Македонија, а со самото тоа многумина од тотални анонимуси ги претворил во  профлирани естрадни ѕвезди. До душа поединци од неговите искрени написи и прилози  ги „болело глава“, имале проблеми и недоразбирања дома,  врската, бракот или кариерата им виселе на конец заради објавеното или обзнаненото... Но, тоа е веќе друга тема за полемика. Нешто заради кое многупата Зоки Фаци вербално бил напаѓан, добивал непристојни предлози, чудни понуди, бизарни закани, а во неколку наврати и физички се обиделе да се пресметаат со него. Како и да е, Фаци е се', само обичен не. По последното Интернет подкаст шоу со „несреќниот“ Лазаров, Фаци се сетил дека нешто му недостасува, па решен да се поднови тргна во шопинг? Или чисто онака, само во прошетка, како што на пример жените шетаат по излози, така и тој навратил кај старите пријатели од најпознатиот скопски секс шоп, лоциран во центарот на македонската престолнина. Кај старите пријатели Фаци дочекан како добредојден гостин и муштерија, па откако пријателски се поздравија со газдата, Зоки тргна да разгледа што има ново на полиците. Случајно или не застана покрај онаа  чија палета производи најчесто ја купуваат дамите, арно ама... Палетата новитети како и секогаш  разновидна и раскошна, а патем истата збогатена и со нови американски модели од различни парчиња и величини... Арно ама, пребирливиот Фаци откако внимателно ја разгледа понудата око му фати еден „чуден“ позамашен црвен модел со некакво дополнително црево на себе!? „Ееее... Овој го сакам“ - му посочи со показалецот Фаци на газда Горан, кој онака зачуден, му падна малку незгодно, ама виде - не виде, мораше  муштеријата да го соочи со вистината: „Абе Зоки, тоа е противпожарен апарат... За гаснење пожар“ - го разочара газдата Фаци, кој очигледно ги ги помешал „играчките“, зашто на што најмногу „го запали“, всушност е за... гаснење! Се разбира, сето ова само како смешка, како пародија на еден стар виц, кој во стилот на некогашниот хумор од  „К15“, Зоки-Фаци и газда Горан го визуелизирле во скеч. Чисто онака за да ја насмеат публиката, односно Инстаграм следбениците... Патем и за да ги изрекламираат производите, на необичен инфлуенсерки начин. Е сега, тоа што некои велат дека во секоја шега има половина вистина...?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

Фото: Инстаграм принтскрин/zokifaci
 ]]>

Ленче и Горан Кукиќ имаат наследник со педигре: Знаете ли дека нивниот син свири на иста сцена со светски ѕвезди? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lenche-i-goran-kukikj-imaat-naslednik-so-pedigre-znaete-li-deka-nivniot-sin-sviri-na-ista-scena-so-svetski-dzvezdi-foto/ Fri, 05 Jul 2019 08:29:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=96228

Ленче (Дедејска) Кукиуќ и Горан Кукиќ, се една од најпознатите струмички и воопшто македонски музички брачни двојки. Иако со децении опстојуваат на сцената, настапувајќи соло, во дует или најчесто заедно со својата група „Јупитер“, сепак на пошироката јавност во регионот и станаа познати по победите, секој одделно, во регионалното музичко талент шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“.
Таму со своите маестрални настапи обајцата жирито го оставија со подзината уста, а публиката без здив.
Но знаете ли дека во едно од најмузичките семејства во Македонија има наследник кој ја продолжува традицијата, а веќе во млади години свири на иста сцена со светските музички ѕвезди?
Нивниот син Иван природно, од мали нозе е со музиката, но на пошироката јавност и стана познат откако македонската гитарска легенда Влатко Стефановски го повика да свири со него и неговиот син Јан во триото на Влатко. Се реда настапи, од Нови Сад до Скопје, но секако најзначајниот беше оној кога Иван заедно со Стефановски сениор и јуниор, настапи пред големиот Стинг на истата сцена, на концертот на националната арена во Скопје.
„Јас пораснав со музика и искрено никогаш не размислував со што друго би се занимавал во животот. Никогаш не сум имал притисок од мојата фамилија дека мора да бидам музичар и сум среќен за тоа бидејќи на сила нема убавина, но верувам дека и моите родители се среќни што по своја волја ги следам нивните постапки“ - ќе изјави Иван во едно свое неодамнешно интервју за порталот „Фешанел“.
Иако e сестран музичар и свири повеќе инструменти, бас гитарата е неговиот базичен инструмент, кој најмногу научил како да го владее од неговиот професор, маестро Благој Маротов.
Иван во моментов е студент на Музичка продукција и дизајн на звук во Белград, градот на потеклото на семејството Кукиќ и продолжува со настапите како стандарден член во ритам секцијата на триото на македонската музичка легенда Влатко Стефановски, која ја сочинуваат Иван на бас и синот на Влатко - Јан зад тапаните. Фото: Фејсбук  

Влатко Стефановски уште еднаш покажа колку е голем… и музичар и човек: И покрај ненадејната смрт на брат му Горан, не ја откажа австралиската турнеја https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-ushte-ednash-pokaza-kolku-e-golem-i-muzichar-i-chovek-i-pokraj-nenadejnata-smrt-na-brat-mu-goran-ne-ja-otkaza-avstraliskata-turneja/ Fri, 30 Nov 2018 09:03:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60636

Гитарата под прстите на Влатко Стефановски не свири, туку таа пее, плаче, ја бакнува душата, ги милува човечките емоции... Тоа е барем оддамна познато. Тој е нашиот гитарски херој. Македонска музичка легенда, заштитен знак, трејд марк на македонскиот рок ен рол омаж, сиве овие години. Голем музичар, оригинален автор, но уште поголем човек...
А животот не беше нималку нежен кон него, уште помалку фер како кон човек кој направи многу за да ги разубави туѓите животи, на туѓите души да им вдахне мала светлина од кандилце која како дух на културата, на својот народ и на својата земја им ги оставил во наследство за навека, за овие и идните поколенијата...
Уште како многу млад останаува без својата мајка, пред само една година и без својата најголема љубов - сопругата, а сега и без својот  брат, големиот Горан Стефановски, чија ненадејна смрт го затече како и сите нас, но него го погоди директно во срцето, уште еднаш парчосувајќи му ја душата... Онаа иста голема душа која иако толку пати ранувана, уште двојно повеќе ја покажала својата ширина, големина, човечност...
Така е и овој пат. Во моментите на длабока тага, кога го губиш она што ти е крв, најблизок дел од семејството, кога повеќето не би биле ниту способни на нозе да застанат и ниту збор да изустат, тој собра и сила и храброст уште еднаш да покаже колку е голем не само како музичар, туку и како човек.
Влатко не сакаше да ги изневери своите фанови, следбениците на неговата музика и во моментите на најголема болка не ја откажа веќе закажаната австралиска турнеја. Нешто што им е својствено само на најголемите, на највозвишените уметници, но и луѓе...
Сигурно дека е тешко во такви мигови да собереш храброст и да излезеш на сцената за да свириш или да запееш за „Вера, љубов и надеж“... Или песните чии стихови ги напишал токму оној што повеќе физички го нема, а со кого си бил нераскинливо врзан... Но Влатко тоа го може. Можеби затоа и е единствен... Најголем, бесмрттен, како и неговиот заминат брат Горан и неговите дела...
Затоа Влатко Стефановски вечерва, 30 ноември, во Мелбурн ќе свири... Ќе свири и утре, на 1. декември во Сиднеј и задутре на 2. декември во Перт... Ќе свири со отворена душа, за инает на судбината, во чест на брат му, пркосејќи и на смртта со она што во животот како и Горан, најдобро знаел да го прави... Да ја осветли туѓата душа! Конечно, да е жив и Горан би му го посоветувал, или би го направил истото... Зашто на големите уметници дарбата им е од Бога дадена, а на големите луѓе - човештината...
А Влатко Стефановски уште еднаш покажa колку е голем... И во едното и во другото! https://www.youtube.com/watch?v=HrcJynBYimg      ]]>