горан трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Nov 2019 13:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горан трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Мугер Фугер“ и ГоТра со концертна промоција на „Во ова време“ https://arhiva.vistina.com.mk/muger-fuger-i-gotra-so-koncertna-promocija-na-vo-ova-vreme/ Fri, 15 Nov 2019 13:19:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118875

На 5-ти декември, во МКЦ, ќе се одржи концертна и ЛП промоција на музичкиот проект Мугер Фугер + ГоТра  - „Во ова време“. Еден од најважните македонски музичари на сите времиња, Горан Трајкоски, („Падот на Византија“, „Анастасија“, „Мизар“) и бендот чија музика е звучен одблесок на човековиот примордијален крик, „Мугер Фугер“, на домашен терен ќе ја резимираат нивната десет годишна соработка. Вратите на настанот ќе бидат отворени во  20:00 часот, а почетокот на концертната промоција е закажан за 21:00 часот. Влезот е слободен. На настанот во продажба ќе бидат пуштени и 300 ЛП плочи.]]>

„Стиховен калибар“ и Горан Трајкоски со песна против загадувањето и власта и нејзините олигарси, ги отераа… „Све у ПМ“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stihoven-kalibar-i-goran-trajkoski-so-pesna-protiv-zagaduvanjeto-i-vlasta-i-nejzinite-oligarsi-gi-oteraa-sve-u-pm-video/ Thu, 03 Jan 2019 13:29:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66010

Музиката, и уметноста воопшто, е еден од најдобрите начини да се изрази незадоволството од општественото (не)уредување, а токму тоа го прави и „Стиховен калибар“, кој минатата година се врати на сцената по пауза од шест години.
Освен повратничкиот дует со Јана Бурческа за „Содом“ и жестоката критика кон модерните робовладетели – „Проклетија“, мултиталентираниот автор лани ја издаде и книгата  „Ни лук јак, ни лук мирисал“.
А сега, на ред дојде и најгорливиот проблем што се јавува секоја година во екот на грејната сезона – загадувањето на воздухот. „Зголеменото ниво на ПМ честички беше причина за еколошката песна која преставува остра критика против сите загадувачи“, вели музичарот за своето најново музичко парче, кое го сними во соработка со колегата Горан Трајкоски, чиј потпис стои на музиката, миксот и мастерингот, додека стиховите се, секако, на „Стиховен калибар“.
Сето тоа собрано под симболичниот наслов „Све у ПМ“ можете да го слушнете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=138&v=HHnfFZcT-Go Извор: РадиоМК]]>