горан стефановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Apr 2022 12:32:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горан стефановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Горан Стефановски доби свој мурал во скопско „Дебар маало“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/goran-stefanovski-dobi-svoj-mural-vo-skopsko-debar-maalo-foto/ Thu, 28 Apr 2022 12:32:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248068

По повод 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ на „Боемска улица“ 2 во Дебар Маало денеска е претставен исцртаниот мурал со неговиот лик. Муралот го  наслика младиот уметник и тату-артист Блаже Атанасков- Нејмлес. Во паркчето спроти општинските бараки (кај Спомен-обележјето на Горан Стефановски), се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодишното одбележување на роденденот на Горан Стефановски. Свое онлајн обраќање имаше и неговиот син, Игор Стефановски, кој преку Здружението за промоција на културното наследство на Горан Стефановски, направи годишен осврт на проекти и дела поврзани со зачувувањето на делото на драматургот. „Среќен 70-ти стари, сигурно на ваков ден ќе те зафркавав дека влегуваш во нова декада, а ти ќе кажеше дека уште се чувствуваш како да имаш 18. Те сакам“, гласеше одјавата на Игор Стефановски.]]>

Драмите на Горан Стефановски преведени на италијански јазик https://arhiva.vistina.com.mk/dramite-na-goran-stefanovski-prevedeni-na-italijanski-jazik/ Tue, 14 Dec 2021 13:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231185

„Пред многу години му ветив на чичко ми Горан дека еден ден ќе ги преведам неговите драми на италијански јазик и благодарна сум им на сите оние кои ми помогнаа да го одржам ветувањето“ - напиша на социјалните мрежи Ана Стефановска, ќерката на нашиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и внука на познатиот македонски драматург Горан Стефановски. Таа додава дека првиот превод на делата на Горан Стефановски на италијански јазик е финансиран од страна на Министерство за култура и е реализиран во соработка со италијанската издавачка куќа Cue Press. „Се надевам дека реализацијата на овој превод ќе и овозможи на италијанската публика да се запознае подобро со македонскиот јазик, книжевност и култура“ - додава Стефановска. Ана работи како професор по италијански јазик и литература во Ирска, а во слободно време и на дигитализација на делата на својот чичко Горан Стефановски.]]>

Спомен обележјето на Горан Стефановски денеска ќе биде поставено во Дебар Маало: „Добредојде дома стари, едвај чекам да седнам до тебе пак…“ https://arhiva.vistina.com.mk/216034-2/ Thu, 19 Aug 2021 12:17:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216034

Спомен обележјето на Горан Стефановски денеска ќе биде поставено во Дебар Маало, но како што информира неговиот син поради ковид мерките нема да има јавен настан за отворањето.

Конечно, после една година изработка, долги ковид-месеци во склад, и неколку недели во кутија, сабајлево бронзениот Горан го виде небото над Дебар Маало!

За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Така што, еве и овој пат, во текот на денот (здравје), Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите.

ДОБРЕДОЈДЕ ДОМА СТАРИ! Едвај чекам да седнам до тебе пак…

]]>

„Диво месо“… од „дивата лига“ https://arhiva.vistina.com.mk/divo-meso-od-divata-liga/ Thu, 29 Apr 2021 07:53:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200888

Власта уште еднаш си ја покажа мизеријата на владеењето... Во случајов, мизеријата на умот, откако шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, довчерашниот активист на “шарените“ и братучед на Радмила Шеќеринска, Никола Наумовски се дрзна да „исплука“ величина на која не и е дораснат ниту до ноктите на ножните прсти, како што е драмскиот автор, писател и професор, покојниот  Горан Стефановски - легендата на македонската драматургија. Горан Стефановски сиот свој живот твореше, создаваше, ја градеше и надградуваше македонскат култура и македонскиот идентитет преку своите генијални драмски дела кои ги признава и почитува не само Македонија туку и светот, зашто да бидеш професор на англиските универзитети, навистина треба да имаш и знаење и тежина на умот. И додека великанот ги  создаваше своите капитални дела со кои Македонија и нејзиното постоење за навека ја промовираше во и надвор од нејзините граници, градејќи го и презентирајќи го нејзиниот културен идентитет, „шефот на кабинетот - малиот Никола во времето на таканаречената „Шарена револуција“ како една од нејзините ударни перјаници, затскриен зад грбот на сега владечката партија и блиските роднински врски со нејзините највисоки функционери, се тепаше по скопските улици и го уништуваше и она добро што е создадено и изградено. Како награда по нивното доаѓање на власт и самиот станува власт... И тоа онаа - најлошата, која по ништо нема да се памети! Освен по промената името, бришењето на идентитетот,  аферите, скандалите, корупцијата, монтираните судски процеси... И секако по ваквите вербални или писмени „гнасотии“ надвор од умот, кои секој нормален би се замислил пред да ги изусти, а камо ли и јавно да ги објави! Имено, десната рака на Петре Шилегов - Никола Наумовски,  посегна по големината на Горан Стефановски на најбезобразен, најбезобѕирен, највулгарен, најбесмислен и најпримитивен начин, со јавно омаловажвање на великанот на чии дела се поклонува цела Европа, па и светот, објавувајќи ја следната порака на својот Твитер профил: Коментирајќи ја неговата психолошка личност, правејќи му психолошки профил на еден Горан Стефановски на неговиот роденден, тој него  го преставува како „националист, гастрбајтер кој морал да се докажува дека е постар и побогат од своите домаќини - странци“, а со тоа всушност Никола Наумовски си прави психолошки автопортрет на самиот себеси.  Прикажувајќи ја сопствената слика во туѓо огледало, малиот шеф на градоначалничкиот кабинет, не е ни свесен дека несакајќи станува и самиот лик од епохалните дела на оној, во кого се осмелил да го впери прстот! „Диво месо“  од „дивата лига“ која го владее овој питом Македонски народ! Зашто како поинаку да се протолкува писанието на Наумовски во кое се обидел да го исмева она што го напишал и кажал големиот Горан Стефановски, при тоа исмевајќи го сопствениот род од кој и самиот потекнува. За жал, такви ја држат власта, ама и за наша среќа, што таквите се само  минорен „див израсток“ во здравото македонско ткиво. „Диво месо“ кое  кога - тогаш „хируршки ќе биде отстрането“...  Всушност, со ваков ум и однесување  „и без скалпел“ самото „ќе отпадне“! Конечно погледнете го токму највпечатливиот извадок од драмата „Диво месо“ на Горан Стефановски и... ќе го препознаете ликот! Ликот и сличните како него, кои мислат дека Европа нив ги чека и ги бара?  „И се прди на Европа за вас!“  И неа, ама и нам... од таквите како Вас! https://www.youtube.com/watch?v=KmTS0Hv7EMo    ]]>

Во Дебар Маало ќе биде откриен споменик на Горан Стефановски на неговиот роденден https://arhiva.vistina.com.mk/vo-debar-maalo-kje-bide-otkrien-spomenik-na-goran-stefanovski-na-negoviot-rodenden/ Tue, 05 Feb 2019 13:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71188

Пригодната церемонија за поставувањето на скулптурата и садењето на платанот, доколку се се одвива според предвидената динамика, би требало да се случат на 27 април 2019 година, односно на првиот недоживеан роденден на Горан Стефановски, велат од Општина Центар На триаголниот парк во Дебар Маало, спроти легендарната “Идадија„ ќе продолжи да живее споменот на големиот македонски драматург Горан Стефановски. Токму на ова место одалечено само 200 метри од местото каде што беше неговата семејна куќа, ќе биде поставено спомен обележје кое сите центарци, скопјани и почитувачи на неговото дело ќе ги потсетува на придонесот на Горан Стефановски за македонската книжевност. Споменикот ќе го подигне општината заедно со семејството и МАНУ, а ќе биде во вид на дрво и скулптура. “Спомен-обележјето се состои од засадување на дрво-платан на триаголното паркче во Дебар Маало, спроти ресторанот Идадија. Во самата сенка од платанот ќе се постави скулптура во природна големина излиена во бронза, што ќе го претставува писателот како седи на клупа, а до неа ќе стои спомен-плоча исто така, излиена во бронза. Семејството на писателот Стефановски покажа решеност и подготвеност финансиски и логистички да се ангажира и да го спроведе проектот за спомен-обележјето, вклучително и ангажирањето на скулптор за изготвување на макетата на скулптурата#, велат од Општина Центар. Оттаму додаваат дека пригодната церемонија за поставувањето на скулптурата и садењето на платанот, доколку се се одвива според предвидената динамика, би требало да се случат на 27април 2019 година, односно на првиот недоживеан роденден на Горан Стефановски. “Постарите скопјани се сеќаваат дека семејната куќа на Горан Стефановски била една од првите куќи изградени во Дебар маало во втората половина од 20-тите години на минатиот век, кога овој простор бил само ледина. Од оваа куќа потекнуваат и театарските режисери Ристо Стефановски (чичко на Горан) и Мирко Стефановски (татко на Горан), како и познатиот гитарист, братот на Горан, Влатко Стефановски. Симболиката на Дебар Маало и локацијата на идното спомен- обележје на писателот беше животно и духовно, а особено книжевно врзана со работата и животот на Горан Стефановски. Дел од својот книжевен опус тој го посветил токму на Дебар Маало„, додаваат од Општината Центар каде што деновиве беше дадено зелено светло за поставување на спомен-обележје, а на предлог на Македонската академија за науки и уметности, каде што Стефановски беше член надвор од работниот состав. Горан Стефановски (1952-2018) е еден од најистакнатите современи македонски драматузи и писатели. Тој, по кратко боледување почина на 27 ноември на 66-годишна возраст во Кентербери, Англија. Беше еден од најпознатите македонски драмски автори. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема “Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет„. Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми “Јане Задрогаз„, “Диво месо“, “Лет во место“,”Хај-фај„,”Дупло дно„,”Тетовирани души“,”Демонот од Дебар маало“. Автор е на телевизиските драми “Клинч“, “Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите “Тумба, тумба дивина„, “Бушавата азбука„. Добитник е на наградите “Стале Попов„,”11 Октомври„, “Стериина награда„,”Војдан Чернодрински“. Тој беше и професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година, професор на Универзитетот во Кент, Англија, како и член на Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија.]]>

Проекции на претставите „Диво месо“ и „Дупло дно“ во сабота и понеделник https://arhiva.vistina.com.mk/proekcii-na-pretstavite-divo-meso-i-duplo-dno-vo-sabota-i-ponedelnik/ Fri, 30 Nov 2018 11:51:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60789

Драмскиот театар најавува дека започнува со низа настани со кои ќе потсетат на ремек делата на македонски писател и драматург, Горан Стефановски кој почина на 27 ноември. Во сабота (1.12) од 19:00 часот проекција на претставата „Диво месо“ (1979) во режија на Слободан Унковски воведен збор и модератор на настанот ќе има м-р Александра Бошковска Продолжуваме во понеделник (3.12) од 19:00 часот проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Слободан Унковски воведен збор и модератор ќе биде д-р Мишел Павловски, информираат од Драмски театар.

Најдобри цитати од драмите на Горан Стефановски: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си ојде, а ние овде глумиме сегашност“ https://arhiva.vistina.com.mk/najdobri-citati-od-dramite-na-goran-stefanovski-idninata-nikako-da-dojde-minatoto-nikako-da-si-ojde-a-nie-ovde-glumime-segashnost/ Thu, 29 Nov 2018 09:12:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60408

Горан Стефановски е еден од најзначајните писатели на македонска драма, чии драми ја отсликуваат самата срж на македонскиот живот и дух. Има напишано повеќе од 30 драми, сценарија за ТВ-филмови и серии, либрета и радиодрами, меѓу кои и „Дупло дно“, „Чернодрински се враќа дома“, „Тетовирани души“, „Зодијак“, „Наши години“ итн. Од нив произлегле и овие култни реченици и цитати кои уште долго ќе се паметат. Горан почина вчера во Лондон, на 66-годишна возраст.
Јаков: Затоа што сум жив. Вам ви е сеедно. Луѓето копнеат да умрат. Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да си се пензионираат, пензионерите копнеат по здравје, а сите копнеат да умрат и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе. („Дупло дно“) Цибра: Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност. („Тетовирани души“) Киро: Не ме боли газот за народните права, ниту народот ги заслужува, ниту може да ги има, ниту ако ги добие, ќе знае што да прави со нив. („Лет во место“) goran Анастазија: Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно. („Жив човек“) Никола: А што значи самоубиство? Нас нè повика татковината. Јас зедов пушката и тргнав. Како и татко ми пред мене. Имам вера во Бога. Имам вера во власта. („Екс-ју“) Денес сè се купува и продава. Дури и она што луѓето мислат дека нема цена. Тоа обично е и најевтино. („Диво месо“) https://youtu.be/fnb_ZSxB3EY Јаков: Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да чекам како јаре пред Ѓурѓовден, како свиња пред Божиќ. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот. („Дупло дно“) Димитрија: Да знаев какви ќе излезете, ќе ве издркав во чаша. Ебави младоста. Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите ни во телата…  („Диво месо“) извор: факултети.мк]]>

Весна Бејби со емотивна порака се прости од Горан Стефановски: „Ќе недостасуваш најмногу…стварно нема смисла“ https://arhiva.vistina.com.mk/vesna-bejbi-so-emotivna-poraka-se-prosti-od-goran-stefanovski-kje-nedostasuvash-najmnogu-stvarno-nema-smisla/ Thu, 29 Nov 2018 07:45:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60338

По кратко боледување на 66 години почина македонскиот драмски писател Горан Стефановски. Стефановски живееше во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што пред два дена, стигна тажната вест за неговата прерана смрт.
Неговите колеги, пријатели се простуваат од познатиот драмтург, а Весна Бејби на својот „Фесјбук“ сподели статус за Горан. „Најголемиот драмски писател за мене Горан Стефановски, ми беше и професор и пријател.Си замина во вечноста, последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола:”Те сакааам!”Каков ум и каков фраер драги мои.Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија.Какво богатство ни остави ...непроценливо???моите мили деца од актерската школа од најмала возраст ги учам кој е Горан и говорат негови текстови...Ќе недостасуваш најмногу... стварно нема смисла ..... “Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно.”
Весна истакна дека ќе го сочува споменот на Стефановски и дека на децата од нејзиниот театар секогаш ќе им раскажува за неговите дела. На својот „Фесјбук“, Весна побара од град Скопје улица која ќе се вика Горан Стефановски.
Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година,  и е еден од најлодните драмски писател од современата македонска книжевност. Тој е постар брат на македонскиот гитарист и композитор, Влатко Стефановски. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година.Член е на Македонскиот ПЕН центар. Со неговата појава современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“. Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“. Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“.]]>

Почина Горан Стефановски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-goran-stefanovski/ Wed, 28 Nov 2018 08:35:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60122

Во Англија, во местото Кентбери, по кратко боледување, на 66 годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски. Стефановски живееше во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што вчеравечер, 27.11. 2018, стигна тажната вест за неговата прерана смрт. Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година,  и е еден од наплодните драмски писател од современата македонска книжевност. Тој е постар брат на македонскиот гитарист и композитор, Влатко Стефановски. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година.Член е на Македонскиот ПЕН центар. Со неговата појава современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“. Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“. Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.]]>