горан симјановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Mar 2024 13:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горан симјановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Миха ве носи низ „огнот на љубовниот пекол“ во – „Инферно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ve-nosi-niz-ognot-na-lubovniot-pekol-vo-inferno-video/ Fri, 01 Mar 2024 13:36:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340843

Измина една година од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, по што Наташа Миха се враќа на музичката сцена со нова песна. „Инферно“ е насловот на новото музичко парче, песна во која доминира нејзиниот препознатлив стил и вокален наратив, песна која беше пуштена во радио етерот и виделината на денот премиерно ја здогледа објавена на 27 февруари заедно со видеозапис. Инспирацијата за „Инферно“ лежи во стилот на музицирање и музиката од 90-тите кога светот беше опсипан и со најголем број квалитетни хитови. „Оние кои веќе ме познаваат, знаат дека сакам да си играм и експериментирам со жанрови. Тоа е мојот печат. Кога бев дете, слушав различни стилови на песни. Подоцна, во тинејџерските денови, иако ја изучував класичната музика, топ-листите на MTV Music и VH1 беа мојата музичка лектира. Од тука се навлеков на поп, рок и електронска музика, и од тоа време во себе носам песни и албуми на артисти кои се длабоко врежани во моето битие и се рефлектираат во она што сум денес“. Високиот стандард што го поставија со "Мерлин Монро" е задржан и надграден така што македонската музичка сцена доби нов врвен музички тандем! „Ова e песна на која заедно со Дамир Пух посветивме многу труд и време за секој детаљ да си дојде на своето место. Ако „Мерлин Монро“ е песната за се што не сум, "Инферно" е сублимат на се' што сум“ - ќе каже пејачката. Зад музиката на „Инферно“ се потпишуваат и двајцата, текстот е на Наташа, а аранжманот на Дамир. Освен учеството во креативниот дел, Дамир го има изработено и миксот и мастерингот на песната, а продукцијата е целосно реализирана во „GreenRoom Sound“ студио во Скопје. За видеозаписот на песната бил задолжен Горан Симјановски, кој ја сработи целата видео продукција. К ако звучи и изгледа нивниот „оган во срцето на светот“ во „Инферно“, проследете од видеото во продолжение: ]]>

Александра Јанева љубовно ранета, а нејзините солзи не ги перат ниту неговите рози во – „Дождови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-lubovno-raneta-a-nejzinite-solzi-ne-gi-perat-nitu-negovite-rozi-vo-dozhdovi-video/ Fri, 02 Feb 2024 06:56:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337235

Александра Јанева има нов музички проект. Вчеравечер,  четврток, 01. февруари 2024 година на јавноста и ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Дождови“. Оваа нумера денови наназад струмичанката ја најавуваше на своите социјални мрежи. Песна со моќен текст кој ќе ја воодушеви публиката на прво слушање. „Голем предизвик е да траеш на македонската музичка сцена толку години и да се трудиш да ги следиш сите актуелности, а сепак да останеш доследен на квалитетот кој за мене лично е многу важен. За овој проект вклучивме и нови, млади луѓе кои ни дадоа свежа енергија. Голема благодарност и до „Dance Team Fusion“. Горда сум на целиот тим кој работеше на овој проект и се радувам на сите следни песни кои наскоро ќе излезат, а на кои веќе напорно се работи“ - вели Александра. Авторскиот тим кој се потпишува за ова музичко дело се: Музика и текст - Лазар Цветкоски и Александра Јанева, аранжман и продуцент - Лазар Цветкоски, додека видеото, пак, кое е приказна за себе, но и приказна полна со многу драги луѓе на Александра е работено со Горан Симјановски. Кариерата на Александра Јанева во последните неколку години оди по нагорна линија, но пејачката не застанува тука.
Напротив, веќе одреден период работи на нова музика и песни кои наскоро ќе го здогледаат светлото на денот, а дотогаш, уживајте во нејзините „Дождови“.
]]>

Александра Јанева иако неодамна кажа „да“, повеќе сака да е сама – “Одвреме – навреме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-iako-neodamna-kazha-da-poveke-saka-da-e-sama-odvreme-navreme-video/ Wed, 06 Dec 2023 13:05:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330220

Иако денот не беше воопшто погоден за било какви музички настани и промоции, во неделата на 3-ти декември 2023 на својот Јутјуб канал македонската пејачка Александра Јанева ја промовираше својата најнова песна „Одвреме - навреме” со видео спот за истата. Музиката и аранжманот се на проверениот македонски композитор , продуцент и аранжер, хитмејкерот  Лазар Цветковски, додека стиховите за песната ги напишаа Лазар и Александра. Видеоспотот е снимен во Италија, а истиот го потпишува самата струмичанка , додека во реализацијата и помогнал Горан Симјановски. „Ова е првото видео кое го снимив сама, со телефон и gimbal. Непосредно пред да заминам на патување ја поставивме песната во студио и не можев да престанам да ја слушам! Па си реков, зошто да не ја снимам мојата најсвежа реакција во преубавата Италија. Се надевам дека ќе ви се допадне!” - напиша Александра на социјалните мрежи постирајќи го најновото видео. „Одвреме -навреме“ и нејзината визуелизација проследете ги во видото во продолжение: ]]>

Несудената македонска “Гранд ѕвезда“, велешанката Валери има нешто да ви соопшти со – „Сега кога знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nesudenata-makedonska-grand-dzvezda-veleshankata-valeri-ima-neshto-da-vi-soopshti-so-sega-koga-znam-video/ Mon, 30 May 2022 12:29:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252401

ВелешанкатаВалери Димовска, која  ја запознавме  по учеството во ТВ шоуто „На иста адреса“, додека на пошироката јавност и стана позната по учеството во регионалто музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, продолжува да реди одлични синглови. Валери настапуваше во првиот и вториот круг и ги освои шест гласа, a за свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид, но мораше да го напушти натпреварувањето заради тоа што се зарази од Корана вирус и не беше во можност да се појави на снимањето во определениот рок. Но тоа ниту ја спречи, ниту обесхрабри младата велешанка да продолжи со својата соло кариера чиј пат го трасира со новата песна насловена „Сега кога знам“. „Декчииии конечно! После подолго време пауза, ова е мојата нова песна на која работевме јас, Dulelud Veljanovski Dule, Zoran Zonde Stojanovski, Goran Simjanoski - видео. Се надевам дека ќе ви се допадне.... Премногу драг проект ми е ова и со огромно задоволство Ви го претставувам“ - напиша Валери на својот Фејсбук профил промовирајќи ја песната на социјалните мрежи. При тоа ги покани сите што можат да дојдат и нејзината викенд промоција:   „Конечно можам да објавам датум,и да ве поканам сите на промоција за мојата нова песна 'Сега кога знам'...Повелете оваа сабота, во 20:30 часот во ShortBus“ - порача пејачката. А сите вие кои не сте ја проследиле, преслушајте ја песната и погледнете го видеото за „Сега кога знам“ на Валери: ]]>

Трите македонски симфо-грации од „Тринити стрингс“ прашуваат – „Да или не?“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/trite-makedonski-simfo-gracii-od-triniti-strings-prashuvaat-da-ili-ne-video/ Wed, 07 Jul 2021 12:47:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210136

Македонското гудачко трио „Тринити стрингс“ деновиве ја објави својата нова, трета по ред песна со наслов: „Да или не“? Црни свечени тоалети во амбент како да се антички божици, Ирена Стојановска и Александра Мирсинова (виолина) и Марта Куч (виолончело и вокал) темата ја визуелизирале на една од најубавите локации во Македонија, античкиот локалитет „Хераклеа“ кај Битола. Автори на музиката и стиховите се Марта Куч и Ирена Стојановска, додека аранжманот се погрижил да го направи Иван Јованов - Ивајо. Налик на она што го свират девојките од „Бонд“ или Ванеса Меј, трите македонски убавици во нивната нова тема го синтетизирале модерниот звук со класичните инструменти, создавајќи своевиден микс на етно, техно поп и класика, но на специфичен начин, во амбиентален стил кој им дава сопствен печат, препознатливост и уникатна оригиналност. Кога на сето тоа ќе му се придодаде еротскиот набој кој го создава нивната сексапилна појава, сликата за творештвото на трите македонски симфо грации  аудио-визуелно го комплетира впечатокот, кој е доволно импресивен. Како видео продуцент и режисер на видеото кое одлично соодвествува со амбиентот на музиката сипреплетувајќи го аудиото и визуелното во една компактна целина, се јавува  Горан Симјановски. Проследете во продолжение како звучи и изгледа кога „Тринити стрингс“ прашуваат: „Да или не“? ]]>

Лара Иванова добро знае, дека што и да е – „Некогаш ќе помине“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-dobro-znae-deka-shto-i-da-e-nekogash-kje-pomine-video/ Fri, 25 Dec 2020 12:12:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182779

Оваа девојка има само 16 години, а зад себе веќе има неколку одлични песни со видеоспотови, како и настапи на неколку музички фестивали во земјата. Музичките критичари и предвидуваат блескава кариера ако продолжи со истото темпо, бидејќи нејзиниот талент за пеење е нешто што ќе ве освои на прва. Младата Лара Иванова по одличната „Полудена по тебе“, овојпат со уште една нова модерна песна. Нејзиниот наслов е „Некогаш ќе помине“. Музиката и аранжманот се дело на композиторот Иле Спасев, додека пак текстот е на Робин Зимбaков. „Мислам дека ова е мојата најдобра песна досега. Не дека е моја, но мислам дека не сум слушнала нешто подобро во последно време и поради тоа сакам да им се заблагодарам на Иле и на Робин. Моите најблиски пријатели ја слушнаа уште пред неколку дена и нивната реакција многу ме израдува. Верувам дека така ќе реагира и публиката кога ќе ја слушне песната“ – вели Лара. Инаку и за оваа песна Лара сними видеоспот, за кој задолжен беше Горан Симјаноски. Видеото се снимаше на неколку локации во Скопје, а во него младата Лара се појавува во креации на дизајнерката Ива Спасовска, Зои Блаж беше задолжена за шминката, а за фризурата се погрижи Social Hair Salon на Елена Николовска. „Задоволна сум од целата екипа. Прекрасни луѓе со кои дефинитивно ќе продолжам да работам и во иднина“ – ни изјави Лара, која премиерно го споделува со вас своето најново музичко остварување, „Некогаш ќе помине“: https://www.youtube.com/watch?v=QB0lsT1BdAU]]>

Теа Трајковска не потсети колку бевме среќни во – „Сенки“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-trajkovska-ne-potseti-kolku-bevme-srekjni-vo-senki-video/ Fri, 07 Aug 2020 10:48:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162320

И покрај пандемијата со коронавирусот, дел од македонската естрада твори и во вакви услови. Една од нив е младата пејачка Теа Трајковска, која последниве неколку месеци работеше на својот најнов проект. Таа вчеравечер преку социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл со наслов „Сенки“, а за кој сними и доста интересен видеоспот. Трајковска е позната по токму уникатноста, секогаш различна од останатите, од песна до видео, до стајлинг... Токму и „Сенки“ е нешто такво, модерно и светски. „Сенки“ е еден од оние проекти што зборуваат сами за себе, снимен во можеби најтешки глобални/локални околности. Верувам дека ќе ги допре моите слушатели и дека сите ќе се пронајдат во оваа приказна која едвај чекав да ја споделам со нив“ – накусо изјави Трајковска. Се разбира, Теа и овојпат соработуваше со познатиот композитор Лазар Цветковски, кој беше задолжен за музиката и аранжманот, додека пак текстот е нејзино дело. За видеоприказната за новата песна, познатата пејачка довербата им ја даде на режисерите Томи Акимовски и Горан Симјановски, додека пак за нејзиниот изглед се погрижија Мите Занов, Даниел Николовски и Дарко Петковски. Инаку Теа не запира тука, таа вели дека безразлика што ќе се случува понатаму со пандемијата, таа веќе размислува на следната песна, но секако таа на сите порачува да се чуваат во ова време-невреме, да носат маски, да држат социјална дистанца и да слушаат македонска музика. Слушнете ја и уживајте во музиката и видеото  за „Сенки“: https://www.youtube.com/watch?v=u_7rtrLfiaM&t=7s]]>