горан пандев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Sep 2022 10:27:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png горан пандев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пандев го замолчи Милевски по изгубениот меч против Бугарија и тоа без изустен збор преку директна порака на Инстаграм (ФОТО https://arhiva.vistina.com.mk/pandev-go-zamolchi-milevski-po-izgubeniot-mech-protiv-bugarija-i-toa-bez-izusten-zbor-preku-direktna-poraka-na-instagram-foto/ Tue, 27 Sep 2022 06:08:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268830

Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, македонската фудбалска легенда која неодамна ја обзнани свпојата фудбалска пензија Горан Пандев, преку социјалните мрежи, поточно преку својот Инстаграм му испрати директна порака на селекторот Благоја Милевски во врска со синоќешниот пораз од Бугарија (0:1). Во објавениот пост Пандев буквално го замолчи Милевски и тоа без изустен збор, споделувајќи само три емотикони со затворен патент на устата кои означуваат: „Замолчи“! Пораката повеќе од јасна иако остана  нејасно дали истата е заради несогласување со изјавата на Милевски дека македонската репрезентација играше добро во ова издание на Лигата на нации и е на прав пат, или можеби штотуку пензионираната фудбалска легенда е „погоден“ од зборовите на селекторот искажани вчеравечер на прес-конференцијата, дека „црвено-жолтите“ пласманот на претходното Европско првенство го изборија со полесни ривали во Д-сегменот, а не низ евро-квалификациите. Инаку, македонската фудбалска репрезентација  учеството во „Лигата на нации 2022“ го заврши на третото место во четвртата група, со биланс од две победи, три пораза и еден нерешен резултат, откако со вчерапшниот пораз и остави простор на Бугарија да не помине и да го освои второто место во групата зад првопласираната Грузија.]]>

Горан Пандев се прости од активното играње фудбал, капитенот кој го наследи во А репрезентацијата, Стефан Ристовски му се обрати со емотивен статус: „Гоки пораснав со тебе, горд сум што бев дел од твоето време…“ https://arhiva.vistina.com.mk/goran-pandev-se-prosti-od-aktivnoto-igranje-fudbal-kapitenot-koj-go-nasledi-vo-a-reprezentacijata-stefan-ristovski-mu-se-obrati-so-emotiven-status-goki-porasnav-so-tebe-gord-sum-shto-bev-del-od-tvoeto/ Fri, 23 Sep 2022 07:06:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268304

Горан Пандев ја заврши својата богата фудбалска кариера. Престана со активното играње фидбал кое го практикуваше дури до својата 39-та година. Или како што умеат спортските коментатори да кажат, „ги обеси копачките на клин“ и заминува во „фудбалска пензија“. Беше и остана еден од најголемите, ако не и најголемиот во македонската фудбалска историја... Барем засега. И по сопствените клупски успеси, личните достигнувања и по оние со македонската фудбалска репрезентација и нејзините резултати и дострели.  Меѓудругото, лани како капитен ги  внесе Македонија и македонскиот фудбал во историјата, водејќи ја македонската А репрезентација на првото Европско првенство. И како стрелец на победничкиот гол во одлучувачкиот бараж натпревар и како лидер на генерацијата која ја испиша таа фудбалска историја. Во текот на кариерата настапуваше за Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова, а последен клуб му беше Парма. Тој беше дел од Интер во 2010 година кога „нероазурите“ предводени од „специјалниот“ Жозе Мурињо ги освоија титулите во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампионите, а потоа и Светското клупско првенство. Пандев за репрезентацијата на Македонија одигра 122 натпревари и постигна 38 голови со што е и најдобар стрелец на вечната листа на голгетери. Затоа и е најголемиот, затоа и е Гранде Пандев. Од него во А репрезентацијата капитенската лента ја наследи Стефан Ристовски. А новиот капитен од својот претходник и како што самиот вели, идол, учител и другар меѓудругото и јавно се прости со емотивен статус на својот Инстагрм профил со фотографија и пост во кој напиша:   „Гоки….пораснав со тебе, прво како идол а подоцна заедно и на терен. Горд сум што бев дел од твоето време. Емоциите се измешани, сеќен за тоа што сме поминале заедно и тажен што повеќе нема да бидеш дел од теренот. Фала ти што прв успеа светот да слушне за Македонија и македонскиот фудбал, фала ти што беше инспирација за сите нас. Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш“ - споделил во пораката Ристовски. Горан Пандев пак исто така не можеше да не сподели проштален статус на сопствениот Инстаграм проследен со кусо видео во кое со своевиден омаж е претставена целата негова интернационална кариера.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

„Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа во ова патување... Им благодарам на моето семејство, сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софија кои беа најголемата поддршка. Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозможија да го остварам мојот сон. Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас не ќе можев да го направам сето ова. Им благодарам на сите тренери, претседатели, директори за нивната доверба и за се што научив од нив. Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен, сакам сите да ве гушнам. Завршува едно прекрасно поглавје. Во мене носам едно големо богатство на емоции и среќен сум што го споделив со вас. Со цело мое срце“ - напиша големиот Гоче, како што другарите, пријателите и колегите го нарекуваат. Но, фудбалскиот живот на големиот Пандев тука не завршува. И самиот пред извесно време порача дека себе си и понатаму се гледа во фудбалот. Но не како тренер или селектор, туку можеби како спортски директор или фудбалски агент кој повторно ќе придонесе, само овој пат на поинаков начин, некое младо дете да стане голема фудбалска ѕвезда, некој клуб да се вивне во фудбалските височини, македонската фудбалска репрезентација да постигне уште поголеми успеси. Зашто една ера, онаа на зелениот терен  на фудбалскиот волшебник Горан Пандев е завршена, но тукушто започнува нова... Онаа покрај и околу фудбалскиот терен. Веруваме дека и тука Горан Пандев одново ќе биде „Гранде“. Фото: Инстаграм принтскрин/goranpandev19/stefan_ristovski_13
]]>

Македонија против Холандија со последен настап на ЕУРО 2020, последен и за Горан Пандев по две децении играње во репрезентацијата https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-protiv-holandija-so-posleden-nastap-na-euro-2020-posleden-i-za-goran-pandev-po-dve-decenii-igranje-vo-reprezentacijata/ Mon, 21 Jun 2021 06:12:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207675

Фудбалската репрезентацијата на Македонија денес, 21.јуни 2021 година во 18. часот во Амстердам го игра својот последен натпревар на ЕУРО 2020 против репрезентацијата на Холандија. Ова беше историски прв настап за нашата репрезентација на Европско првенство, и иако резултатски во првите два натпревари потфрливме, тоа секако не треба да се доживее како разочарување, со оглед на фактот што дебитиравме на едно големо натпреварување како самостојна држава. Овие момчиња  не направија горди во секоја смисла на зборот и за прв  пат ја почувствувавме фудбалската еуфорија на едно големо натпреварување. Македонија ги загуби двата натпревари од Австрија 3-1 и од Украина 2-1 и останува да се одигра само мечот со Холандија за крај на ЕУРО 2020 за престиж, но и да се игра за капитенот Горан Пандев, кој за последен пат ќе го носи репрезентативниот дрес.  Пандев дебитираше во 2001 година, а досега за Македонија настапи на  122. натпревари и постигна засега рекордни 38 погодоци, сошто е прв стрелец во националниот тим. Зад Пандев ќе остане запишано дека е европски и светски првак со Интер, освојувач на скудетото со „Нераѕурите“, победник на Купот на Италија со три различни клуба (Лацио, Интер, Наполи), еден од малкумината странци со над 450 настапи во Калчото, меѓу 80-тината фудбалери во Италија со сто голови, стрелец на голот за виза на Еуро 2020 во Тбилиси и стрелец на првиот гол за Македонија на Европските првенства. Без разлика на крајниот исход, македонските фудбалери се најголемите херои кои ја сплотија македонската нација и повторно ја вратија вербата во репрезентативниот фудбал. ЕУРО 2020 ќе биде запишано со златни букви  во Македонскиот репрезентативен фудбал и без разлика на се' што ќе се случи во иднина, така и ќе остане. А што се однесува до Горан Пандев... Еден брилијантен фудбалски гениј заминува од репрезентацијата... Можеби најдобриот, најголемиот, најважниот, најтрофејниот, нај... Горан ГРАНДЕ Пандев! Ти благодариме за сите радости што ни ги приреди Гоче... и... Добредојде во легендите!  

Можете ли да го препознаете ова момче: Денес е легенда и гордост на нацијата! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mozete-li-da-go-prpoznaete-ova-momche-denes-e-legenda-i-gordost-na-nacijata-video/ Fri, 04 Jun 2021 11:24:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205681

Ве враќаме во минатото, во едно друго време и друго место. Ако не го препознавте момчето  кое го гледате на фотографијата,чиј талент и тогаш и сега е непресушен, да ви појасниме дека тоа е нашиот „гранде“ Горан Пандев. Видеото е од едно друго време, кога Пандев славеше победа со 5-3 и по втор пат го освои кадетскиот Куп на Македонија. „Јас сум Пандев Горан, член на Беласица. Овој натпревар беше многу тежок, поведовме со 2-0…Потоа домаќините израмнија на 2-2, но ние сепак смогнавме сили на крајот издвојувавме победа со 5-3 и го освоивме по втор пат купот на Македонија“ - вели тогаш денешната македонска фудбалска легенда во друштво на своите тогашни клубски другари, од кои некои од нив, подоцна станаа исто така познати македонски фудбалери. На прашање на новинарот кој е неговиот учинкот на натпреварот тој вели: „Мојот учинок беше постигнувањето на вториот гол и тоа што уште еднаш тргнавме кон нова победа“ - вели Пандев во можеби своето прво ТВ интервју во кариерата. Оваа снимка ја објави  регионалната телевизија ВИС од Струмица, а видеото можете да го погледнете доколку КЛИКНЕТЕ на следниов ЛИНК. Извор: СпортМ.мк  ]]>

Горан Пандев се обидоа да го „предриблаат“ на скриена камера, арно ама… : „Имајте малку респект, каква Индија, попрво ќе се пензионирам!“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/goran-pandev-se-obidoa-da-go-predriblaat-na-skriena-kamera-arno-ama-imajte-malku-respekt-kakva-indija-poprvo-kje-se-penzioniram-video/ Fri, 15 Jan 2021 08:35:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185315

Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер, македонската фудбалска легенда неодамна во Италија се обидоа да го наместат и насамарат, за да биде нова „жртва“ во скриената камера на телевизијата „Медиасет“. За целата шеговита местенка да помине според предвиденото сценарио, помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси. Корси е тој кој му соопштува на Пандев дека клубот му подготвува трансфер и решил да го продаде во Индија! Погледнете го видеото со најинтересниот дел од „скриената камера“ на Пандев со превод и реакцијата на македонската фудбалска легенда кога дознава дека клубот „божем“ сака да го продаде, негде џенем, во нефудбалска земја! ]]>

Емотивна роденденска честитка на Горан Пандев: „Ти си нашиот живот…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/emotivna-rodendenska-chestitka-na-goran-pandev-ti-si-nashiot-zivot-foto/ Wed, 13 Nov 2019 12:37:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118282

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите на сите времиња во Македонија, Горан Пандев денеска има посебна причина да слави. На неговата ќеркичка Ана и е роденден и таа полни четири години. пандев во моментов е на подготовки со македонската фудбалска репрезентација за последните два меча со Австрија и Израел во рамките на квалификациите за Европското првенство, па за жал, не може да биде покрај својата убавица за „денот што го чекаме цела година“!
Но затоа, по тој повод популарниот Гоче на својот Инстаграм профил сподели селфи-фотка на која позираат заедно со малата  Ана, а во коментарот под неа тој напишал:
„Ти си нашиот живот. Среќен роденден љубов моја“! Инаку, Пандев е татко на три деца. Највозрасниот, синот Филипо и ќерките Ана и најмалечката - Софија.]]>