Горан Гешовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Oct 2021 12:13:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Горан Гешовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кога Мирјана Митрева пее дека дождот има и убави страни, дознајте зошто тоа е – „Вистина“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-mirjana-mitreva-pee-deka-dozdot-ima-i-ubavi-strani-doznajte-zoshto-toa-e-vistina-audio/ Wed, 13 Oct 2021 12:13:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222770

Македонската музичка сцена колку и да деллува заспано, покрај прекалените ѕвезди одвреме-навреме се појавува по некое младо и ново име, кое умее да ја разбранува „естрадната жабокречина“ во која западнавме. 18 годишната тинејџерка Мирјана Митрева е едно од оние „нови деца“ која и животот и едукацијата, а веројатно професијата и ја посветила на музиката.  Младата кавадарчанка е ученичка во средното музичко училиште во Битола, а свири пијано и гитара и има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со  успеси и освоени награди. Својот музички и вокален талент Мирјана го пресликува во нејзината прва песна „Вистина“ со која го прави првиот чекор на домашната сцена, ачекорувајќи во немирните естрадни води како соло пејачка. Музиката и аранжманот на нејзината дебитантска песна се дело на гитаристот на „Браво бенд“ и професор по музика, Драган Илиев, додека стиховите ги напиша Борче Димитров.  Миксот и мастерингот на песната ги  направил Горан Гешовски. Темата „Вистина“ наскоро  би требало да добие и свој видеозапис, а Мирјана има многу планови за во иднина. веќе е подготвена за снимање на нови песни и видеа, а можеби наскоро оваа млада кавадарчанка ќе ја видиме и на некој од домашните фестивалски сцени. Во меѓувреме, преслушајте ја нејзината дебитантска поп/денс тема, со брз танцов ритам и стихови кои совршено се совпаѓаат со овие есенски, дождливи денови... За да дознете дека е „Вистина“ кога велат дека дождот има и свои убави страни. ]]>

Сузана Јовчева со љубов кон татковината ја опеја својата – „Македонија“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/suzna-jovcheva-so-ljubov-kon-tatkovinata-ja-opeja-svojata-makedonija-video/ Thu, 19 Dec 2019 13:11:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124880

Љубовта кон татковината и кон Македонците што живеат насекаде низ светот претставувала инспирација за новата песна на Сузана Јовчева, насловена „Македонија“. Таа е автор на музиката и текстот, додека аранжманот е заеднички на сите изведувачи кои учествуваа во реализацијата на оваа нумера. За снимањето и продукцијата се погрижија самата Јовчева, Ангел Ќосев и Александар Стефановски, а песната е работена во две студија: „Подрумот“ и „Alex Home Studio“ во Скопје. Во изведбата на„Македонија“ учествуваат едни од нашите најдобри музички уметници како што се Гоце Димовски, Гоце Узунски, Марјан Јовановски, Горан Гешовски, Ангел Ќосев, Илија Филиповски, Александар Стефановски и Перо Стефановски. Дел од музичките уметници што учествуваа во снимањето се членови и соработници на култната музичка група „Синтезис“ со којашто Јовчева соработува долги години наназад, а неодамна беше со нив и на турнеја во Австралија, група во која членува и нејзиниот брат Ване Јовчев. Инаку Сузана Јовчева е професорка по музичка култура и има настапувано на речиси сите релевантни музички зафолк и забавни фестивали во Македонија како што се „Фолк фест Валандово“, „Цветници“, „Макфест“, македонскиот избор за „Песна  на Евровија“ и други, а добитник е и на бројни музички признанија и награди. Погледнете го видеото и слушнете како Сузана Јовчева низ својата вокално-музичка експресија ја доживува „Македонија“: ]]>