гоко танески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Sep 2023 08:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гоко танески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Горд и благодарен на Бога: Ѓоко Танески се пофали со своето најголемо богатство (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/gord-i-blagodaren-na-boga-goko-taneski-se-pofali-so-svoeto-najgolemo-bogatstvo-foto/ Fri, 22 Sep 2023 08:00:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319170

За Ѓоко Танески не така често може да се прочита нешто во медиумите, освен кога има нова песна, но затоа пак на социјалните мрежи, Ѓоле е меѓу поактивните и тоа со најави за настапи. Кариерата не му стагнира, туку напротив, познатиот пејач работи под полна пареа. Живееме во скапо време кога пари секогаш требаат повеќе, особено кога си фамилијарен човек, токму како него. Па така, Ѓоко иако знаеме дека нема намера да заплови во фолк водите, тој почна да не бира настап и место каде бараат да го слушнат. Свадбената сезона беше и веројатно се уште е исполнета и за Ѓоко Танески кој заедно со бенд знае да им направи мерак на младите и гостите, па и да го собере бакшишот. Го бива и ваму и траму, од настапи со филхармонија, па се до рок свирка, свадби и разни прослави. За неговиот моќен и уникатен вокал е излишно да се коментира, па токму оттука Ѓоко за оние кои знаат што значи добар глас, едноставно е меѓу незаменливите. Се уште е лето, па и нему како и на сите им треба одмор, плажа, вода, сонце. Иако го имаат својот Охрид, Танески и семејството овој август беа во Грција од каде преку социјалните мрежи се пријавија со фотофрафии пред своите следбеници. „Д фиш“ како што многумина знаат да го наречат, посака морска, а не езерска вода, се распосла на плажа и ги покажа своите две убавици, ќерките Анастасија(15) и помалата Михаела (11). Ред работа, ред задоволство и тоа со најголемото богатство од Бога дадено, Ѓоко Танески гордо се пофали со своите наследнички кои се на возраст кога се уште сакаат на одмор со мама и тато. фото:Фејсбук/Инстаграм/ Ѓоко Танески]]>