годишен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 10:32:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png годишен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 РСБСП на годишен брифинг со медиумите: „Сообраќајната култура и етиката во сообраќајот за жал сѐ уште не се на задоволително ниво“ https://arhiva.vistina.com.mk/rsbsp-na-godishen-brifing-so-mediumite-za-zhal-s-ushte-soobrakajnata-kultura-i-etikata-vo-soobrakajot-ne-se-na-zadovolitelno-nivo/ Wed, 27 Dec 2023 10:31:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332630

Во текот на годинава заклучно ноември, на македонските патишта се случиле вкупно 106 сообраќајни незгоди со смртни последици, во кои животот го загубиле 114 лица, информираше претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Гордана Кожуваровска, на брифинг со медиумите.     Посочи дека се бележи намалување на бројот на сообраќајни незгоди со загинати лица во однос на претходната 2022 година во која се случиле вкупно 109 сообраќајни незгоди со 116 загинати лица. -Безбедноста во сообраќајот е императив на сите субјекти од областа на сообраќајот, но е значајна и за секој човек бидејќи секој на свој начин е учесник во сообраќајот. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди кои често имаат и несакани последици. За жал сѐ уште не можеме да речеме дека сообраќајната култура и етиката во сообраќајот се на задоволително ниво, порача Кожуваровска. Во делот на превенција, Кожуваровска вели клучно е да се работи на подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот, како и на изградување на систем на општествени вредности во кој безбедноста и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно место. -Во 2023 година РСБСП реализираше голем број на превентивни и едукативни кампањи од кои како позначајни се издвојуваат „Зимска и новогодишна кампања“, кампањата „Возете внимателно за празникот на љубовта и виното“, кампањата за 8 март „Биди горда што возиш безбедно“, потоа кампањите „Стави појас“, „И јас и ти сите сме пешаци“, „Јас внимавам и безбедно возам“, кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот, кампања за матуранти „На матурска вечер без автомобил“, како и кампања „Да ја победиме сообраќајната некултура, изјави Кожуваровска. Кампањите биле поддржани и реализирани во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност Скопје, како и со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата.  ]]>

Во недела во летниот клуб „Хавана“: Завршен годишен концерт на учениците од музичкото училиште „Ентерпрајс“ https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshen-godishen-kontsert-na-uchenitsite-od-muzichkoto-uchilishte-enterprajs-vo-nedela-vo-letniot-klub-havana/ Sat, 03 Jun 2023 11:23:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304781

На 4 јуни 20203 (недела) со почеток во 20 часот во летниот клуб „Хавана“ во Скопје ќе се одржи завршниот годишен концерт на учениците од музичкото училиште „Ентерпрајс“. Младите музички таленти ќе изведуваат преработки на рок нумери од познати светски поединци и бендови како: „Queen“, „Red hot chili peppers“...  а за прв пат ќе се изведуваат и македонски кавери, односно нумери на познатите македонски бендови како „Архангел“ или „Санаториум“ на пример... Влезот на завршниот концерт е бесплатен. Ова музичко училиште постои повеќе од две децении, поточно цели 21 -на година и се занимава исклучиво со изучување на рок музика. Досега низ него минале стотици ученици од различни возрасти, од 6 па се до 20 години.  ]]>

Редовниот годишен одмор го продолжува животот https://arhiva.vistina.com.mk/redovniot-godishen-odmor-go-prodolzuva-zivotot/ Thu, 30 Aug 2018 13:05:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45122

Редовното земање на годишен одмор може да го продолжи животот, а најмалку три седмици одмор имаат благородно дејство за здравјето, покажуваат резултатите од истражување спроведено на еден универзитет во Хелсинки, кое траеше полни 40 години. Кај мажите кои годишно земаат помалку одмор, утврдено е дека се соочуваат со ризик за прерана смрт од 37 проценти повеќе, во однос на оние кои користат годишен одмор од четири недели. Оние пак, кои воопшто не земаат годишен одмор, обично остануваат подолго на работа од останатите и помалку спијат, што остава големи негативни последици по општото здравје. Истражувањето имаше за цел да ја прикаже важноста, за тоа дека треба годишниот одмор целосно да се искористи, односно сите денови кои се на располагање во текот на една година. Во Велика Британија, лицата кои работат пет дена во неделата мораат да имаат најмалку 28 дена платен годишен одмор. Франција има најдарежлив пакет за одмори во Европа. Работниците во оваа земја имаат право на одмор од 30 работни денови годишно, а работат 35 часа неделно, што е всушност најкраткото работно време во Европа.
САД се единствената напредна економија на светот, која на своите работници не им гарантира каков било платен годишен одмор, туку поголемиот дел од компаниите на своите редовни работници обично им даваат 10 дена одмор. Во споменатото истражување, во универзитет во Хелсинки учествуваа 1.222 средновековни мажи, родени помеѓу 1919 и 1934 година. Тие се вклучени во научно истражување од 1974 и 1975 година и се следени во следните 40 години, колку што и траеше ова истражување, за на крај да ги потврди позитивните ефекти кои ги има годишниот одмор по општото здравје на човекот.]]>