година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 12 Jan 2024 13:16:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бејби-бум во 2023 на македонската јавна сцена: Еве кого сe’ посети штркот изминатите месеци (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bejbi-bum-vo-2023-na-makedonskata-javna-stsena-eve-kogo-se-poseti-shtrkot-izminatite-mesetsi-foto/ Sat, 13 Jan 2024 08:50:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333392

Во изминатава година, јавната сцена и светската и домашната, се подмлади. Штрковите слетаа во многу домови и ја донесоа неизмерната среќа, семејствата се зголемија, а во најубавите улоги настапија голем број пејачи, актери и водители, спортисти. Мајки, татковци, баби, дедовци... На глобалната сцена најмногу внимание предизвика Парис Хилтон, која доби две бебиња во иста година, додека пејачката Ријана и супермоделот Наоми Кембел станаа мајки по втор пат. Кон крајот на годината бевме пријатно изненадени и воодушевени од тоа што и Марија Шерифовиќ се оствари во улога на родител. Нејзиниот син Марио го виде свелото на денот во Америка, со помош на сурогат мајка, а пејачката се уште не може да се совземе од среќа. Кај соседите во Србија исто така пристигнаа многу бебиња... И кај нас во Македонија годината беше плодна и дарежлива. Радосните вести го преплавија и јавен живот, па изминатите 12 месеци објавивме и честитавме за приновите на многу јавни личности. Повеќето беа летни и есенски бебиња, но генерално во секој месец од годината доаѓаше ново бебе. Веќе на почетокот на годината односно на 31-ви јануари, татко по вторпат стана ракометниот голман Борко Ристовски. Сопругата Нина се породи се породи на државната клиника и на свет донесе женско бебе кое го доби името Анастасија, а малиот Душан стана поголем бато. Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна миисица, на 26.01.2023 година Викторија на свет донесе здраво и право девојче, кое го добило името Никита. Следен меѓу спортистите кој се израдува на втора среќа во месец февруари беше и ракометарот на „Вардар“ и македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов стана татко по вторпат. Неговата сопруга Деница на свет донесе машко бебе. Во месец април повторно штркот донесе бебе во светот на спортот каде немаше пауза од убави вести. Па така, татко по третпат стана македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски кој по двата сина доби ќерка. Принова за првпат дојде и во семејното гнездо на поранешната новинарка на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Марија Петровска. Роди син во Словенија– здраво машко чедо кое го носи името Домен. Во истиот пролетен месец, татко стана и младиот пејач Филип Пешевски. Прво, па машко за Филип и мама Ирина, а пејачот до последно криеше се’ од приватноста, па приновата за јавноста беше изненадување како гром од ведро небо. Пред старот на летото и музичката двојка Филип Нуне и Мими Јовановска станаа родители за прпат. Пејачката во една приватна клиника во Скопје на свет донесе живо и здраво машко бебе кое го доби името Никола. Во редот каде штркот имаше бебе за носење беше и адресата на пејачот Даниел Кајмакоски и неговата втора сопруга Марина кои станаа родители. На 30-ти април на свет дојде машко бебе на кое мама и тато му го дадоа името Стефан. Во месец јуни татко по четврти пат стана и пејачот Никола Перевски- Пере. Со доаѓањето на бебето Инес женското царство на музичарот стана уште поголемо. Уште една музичка брачна двојка се оставари во улогата на мајка и татко. Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски во месец јули станаа горди родители на бебето Киан. Од музичарите со принова се израдува и македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски и неговата избраничка, планинарката Ирина Дишовска, станаа родители за првпат на синчето Јосиф. Како родители се остварија и познатиот македонски хип-хоп музичар Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа Неделковска која роди син. Меѓу најбогатите на свет беше пејачот Маријан Стојановски кој доби трето дете. По Вероника и Петар, сопругата Наташа му ја роди и ќерката Кирјана. Цветаше и полето на актерството. Македонскот актер, водител и пејач Жарко Димоски ги изненади своите следбеници, барем оние што не знаеја, дека станал татко за првпат. Жере и неговата сопруга Андреа преку специјална фотосесија обзнанија пред јаноста дека станале родители на машко бебе. Радосна година беше и за пејачот Јордан Митев кој по шест години брак, со неговата сопруга Славица станаа родители за првпат. Јордан на Фејсбук објави дека станал татко на женско, а убавата вест ја доби додека беше на голема турнеја низ Австралија. Пред крајот на годината во светот на актерите се роди наследничката на актерката Емра Куртишова и актерот Петар Стојанов. Малата Лена стана нивниот универзум и им го смени животот. И за крај, токму пред прагот на Новата 2024 пристигна уште едно женско бебе. Кристијан Станковски или едноставно Бомбакис стана татко на ќерка која е Бисерчето на елката од Новата година! Да се живи и здрави сите! фото: Instagram printscreen/ Facebook/acibademsistina]]>

Научниците тврдат: Вака ќе имате поквалитетен сон во 2024 година https://arhiva.vistina.com.mk/nauchnitsite-tvrdat-vaka-ke-imate-pokvaliteten-son-vo-2024-godina/ Tue, 09 Jan 2024 12:39:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334087

Секоја нова година размислуваме што би промениле во животот. Дали тоа ќе биде поздрава исхрана? Повеќе вежбање и физичка активност? Нови и стари пријателства? Начинот на кој се справуваме со стресот дома и на работа? Секоја нова година размислуваме што би промениле во животот. Дали тоа ќе биде поздрава исхрана? Повеќе вежбање и физичка активност? Нови и стари пријателства? Начинот на кој се справуваме со стресот дома и на работа? Како што истакнуваат експертите, пред сѐ, треба да се фокусираме на квалитетен и добар сон. Добриот сон позитивно влијае на доброто расположение, го подобрува нивото на енергија, па полесно се остваруваат соништата и целите. Како да спиете добро? Научниците советуваат дека квалитетниот сон бара континуитет во текот на секоја ноќ. На овој начин поминуваме низ сите четири фази на спиење, каде што секој циклус трае до 90 минути. На повеќето луѓе им требаат седум до осум часа сон. Совети за здрав и квалитетен сон се: направете распоред за одење во кревет и будење и придржувајте се до распоредот за спиење за време на викендите и кратките одмори. „Ако времето на спиење и будење се менува од ден на ден или за време на викендите, вашиот ритам на спиење не е предвидлив и телото не знае како да реагира. Будете се секое утро во исто време“, вели психологот и експерт за спиење Мајкл Гранднер. Избегнувајте одредени видови храна и пијалоци Не консумирајте алкохол за да ги смирите нервите или да си помогнете да спиете. Алкохолот може да ни помогне да заспиеме, но постои можност да прескокнеме некои од фазите на спиењето, што не е добро за здравјето. Телото треба да ги доживее сите три фази на спиење – лесен сон, РЕМ фаза и длабок сон – за целосно да се врати себеси. Кофеинот не се препорачува попладне, ниту тешките зачини кои предизвикуваат металоиди или други дигестивни проблеми. Постојат многу начини да го тренирате мозокот да заспие и да остане во сон. Добрите навики вклучуваат елиминирање на сината светлина и бучава, земање топла бања или јога за да се опуштите и одржување на студена спална соба и без електроника. Науката ни кажува дека подобро се одмараме на пониски температури (од 15 до 20 целзиусови степени). Сините и другите LED светла што ги емитуваат лаптопите, паметните телефони и телевизорот го попречуваат производството на мелатонин (хормонот за спиење) во нашето тело. Колку и да изгледа нормална работата од кревет, тоа не е добро бидејќи спалната соба е место за спиење. „Без разлика дали е почеток на ноќта или средината на ноќта, ако сте будни 20 или 30 минути, станете и ресетирајте се. Не треба да лежите будни во кревет, без сон. Лежењето будни во кревет може да создаде асоцијација во вашиот мозок што може да доведе до хронична несоница. Наместо да биде место за одмор, каде што мирно заспивате, вашиот кревет ќе стане вознемирувачко место каде што сте се превртувате и сте уморни“, вели Мајкл Гранднер. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Да тргне на љубов и убаво: Тамара Тодевска стопена во неговата прегратка – „Создадена сум да те сакам“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/da-trgne-na-lubov-i-ubavo-tamara-todevska-stopena-vo-negovata-pregratka-sozdadena-sum-da-te-sakam-foto/ Fri, 05 Jan 2024 09:52:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333837

Пејачката Тамара Тодевска уште од пред неколку месеци започна јавно да ја експонира својата нова љубовна врска по крајот на бракот и разделбата со сопругот. Очигледно силно вљубена во архитектот и дизајнер на ентериери, Лука Радовиќ, таа не се штеди во ниеден случај, време и место за да ги искаже своите чувства, а да ги покаже и неговите. Понесена од љубовни пеперутки, Тамара не ретко објавува заеднички моменти со саканиот. Она што е за пред очите на јавноста според неа засега е само за бакнеж во образ, онака невино и романтично, а за останатото има место само за нивната приватност. Празничен период, љубовни искри, бегство на чист воздух на Маврово, совршена комбинација за љубовна двојка која е во период на почеток кога им е особено најслатко. Евидентно е дека Тамара и Лука уживаат заедно, а кога е вака убав празничен период, магијата едноставно нема крај, а љубовта и страста до облаците! Токму како во песната на „Кис“- „I was made for lovin’ you“ или создаден/а да те сакам“. Токму тоа го посака и во својата новогодишна честитка, што повеќе љубов, насмевски и остварени соништа.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

-Ви посакувам година на остварени желби и соништа. Нека има повеќе љубов, насмевки и позитивна енергија за сите. Бидете свои, сакајте се себе си, но не заборавајте ги оние кои се секогаш тука за Вас. Од срце Ви посакувам среќна Нова 2024 и среќни празници- посака Тамара за себе и своите пријатели, фанови, следбеници. фото:Instagram printscreen/ radovic_lukaa/ tamaratodevska]]>

Калиопи ја резимира 2023 година во екслузивно интервју за Вистина: „Без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите“ https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-ja-rezimira-2023-godina-vo-eksluzivno-intervju-za-vistina-bez-ogled-na-toa-kakva-planina-mi-tezhi-na-pleshkite-jas-mirno-gi-zatvoram-ochite/ Fri, 29 Dec 2023 08:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332923

За нашата поп -пејачка Калиопи редовно се залепени епитетите дива, кралица, најдобра… што таа во неколку наврати кажала дека нема проблем да ги стави на лицитација. Сепак, ласкањето за тоа што е таа и она што го работи, сосема оправдано се надополнува. Неуморен професионалец, секогаш непосредна и отворена за своите фанови, без чувството дека таа е ѕвезда и е недостижна во денешниот естраден свет. Децениската кариера, бројните хитови и концерти ја прават она што е денес, а според обемот на се’ што направила во годината која ја испраќаме, ќе треба да одговори многу и да испишеме уште повеќе од ова и повторно да останаме недокажани. За крајот на 2023 година Калиопи во ексклузивно интервју за Вистина зборуваше за тоа како ја сублимира оваа 2023 година, се’ она со кое и беше исполнета приватно и професионално, како и тоа што следи во 2024 година. Како се чувствува Калиопи пред крајот на годината? -Невообичаено спокојна. И последниве денови до пречекот ги користам за убави и креативни моменти, додека за годинешниов дочек на Новата година си посакав мирна и тивка ноќ. Празничниот дух успевате да си го донесете сами или за тоа мора да има синергија од целокупното опкружување? -Секогаш за добро расположение мора да започнете од себе, а потоа секако продолжувате во духот на споделувањето. Опкружувањето е многу важно, но сметам дека горе-долу сите ние веќе однапред си го знаеме нашиот избор на луѓе. Кој е Вашиот рецепт за постојана насмевка и позитивна енергија како личен печат, секако покрај моќниот вокал по што сте и препознатливи? -Го гледам само она што сакам да го видам! Не дозволувам никој и ништо да ми го расипе моето гледиште на светот, бидејќи иако свесна во какво време живееме, мене очите и срцето ќе ми бидат водени од љубовта! И тоа сакам да го поделам со луѓето, а нема подобар начин од насмевката! Покрај мојот глас, луѓето ме препознаваат и по неа. Години наназад редовно ја добивате и апсорбирате непресушната љубов од публиката, но дали Калиопи е емотивно исполената и сакана кога ќе се симне од сцена и ќе остане сама? -Претпоставувам дека сите ние си живееме некаква наша "сцена", без оглед на професиите. И сите ние го имаме моментот кога остануваме сами со себе, а јас тој момент го сметам за многу продуктивен. Потребен е пред сѐ да си ги средиме мислите и да си помуабетиме искрено со себе. Јас добивам огромно количество на љубов и под светлата на рефлекторите, но и кога тие ќе се угасат... Вложувате многу во кариерата, музиката, публиката, а доказ дека задоволството постои е перманентноста од која немате отстапки години наназад. Каде се крие клучот на истрајноста, неуморноста, инспирацијата, посветеноста...? -Нема поголем влог од доследноста до она во што си верувал од секогаш. Да се биде свој, е клучот, но секако и најскапиот дел. Тоа чини многу... Но на крајот од денот, без оглед на тоа каква планина ми тежи на плешките, јас мирно ги затворам очите, бидејќи знам, утрото ќе ме награди со нова сила за храброста и решителноста да бидам своја. Апетитите на публката никогаш не се задоволени од Калиопи и нејзината музика, а тие воопшто не се мали со оглед дека регионот не е мал и Ве обожава. Постојано на пат, од хотел до холел, од сцена на сцена, Вие се давате, но од каде е Вашиот духовен извор за да се издржи и постигне тоа? -Љубовта и вербата се мојот главен извор и сила за сѐ она што ме очекува на патот наречен живот. Затоа и ништо не ми е тешко. Во проблемот го гледам предизвикот, во искушениата си го тестирам трпението и така растам. А се додека публиката е погладна за мојата музика, мене ќе ме има... Годинава одржавте многу концерти низ регионот, добивте многу аплаузи, враќање на бис, цвеќиња, разни подароци... Кои беа најдрагите моменти кога би ги споиле во едно? -Завршното поклонување со мојот бенд, пред да ја напуштиме сцената... Не можам да ви го доловам тоа чувство преку збор, тоа мора да се доживее... Затоа до година и тука, кај нас ќе го поделиме тоа чувство, на концертите кои се во план во Македонија. Колку општествените случувања се одразуваа на инспирацијата и кративноста, независно дали се позитивни или негативни? -О, и тоа како се одразуваат. Моите песни не се само љубовни, тие опфаќаат и социјални теми, ангажирани песни, некогаш се чист коментар на одредени случувања. Уметноста е широк простор во кој се изговараат и отсликуваат најголемите вистини. Јас и Ромео сме токму затоа феноменален тандем, особено кога е во прашање точната мисла преточена во збор. Ако се осврнете наназад низ годините од почетоците на Вашата кариера до денес, како би го оцениле развојот на македонската музика /естрада, кои беа најплодните години, а кои најсушните? -Секое време земено и од социјален и културолошки аспект си носи извесни промени. За некој тие се позитивни, додека за друг се катастрофални. Токму од тој аспект не знам колку е паметно било што да кажам на таа тема, а да не бидам погрешно сфатена. Затоа мудро ќе молчам и ќе го користам правото своето мислење да го искажувам преку своите дела. „Не сакам да снимам дуети, тоа не е мој стил“ беше подвлечена една Ваша изјава во медиумите. Зошто е тоа така и тоа веднаш откако излезе последениот и најнов дует со Жељко Самарџиќ кој патем поминува одлично? -Изјава извадена од контекст. Секако, нелогично е да кажам такво нешто, а истовремено да дејствувам поинаку! Зборував за тоа дека немам многу дуети во мојата кариера, бидејќи дуетот е нешто што треба да се случи по чувство , а не по план. Песната можам да ја делам само со некој кој ги чувствува нештата, луѓето и животот на сличен начин како јас. Од каде треба да почнат промените за повторно да заживее македонската поп музика. Да бидат повеќе посетени домашните концерти, настапи и да не се штеди да се одделат пари за карта за она што е наше, домашно? -Промените почнуваат од самопочитта. Кога тоа ќе го освестиме, ќе започнат сите други општествени и институционални промени кои се потребни во секој сегмент на нашето живеење. Што стои во приватната и професионална агенда на Калиопи за 2024 година? -Многу убави и големи планови за кои уште од сега ги започнавме сите подготовки, со детална организација. Догодина повод големиот јубилеј 40 год од соработката со Ромео Грилл, се подготвува нов албум, како и низа концерти во Македонија и во регионот. Неизоставна е голема промоција на овие проекти и можам слободно да речам, со нетрпение ја чекам 2024 год, токму затоа што чувствувам дека со овој албум ќе отворам ново поглавје за најмалку следните десет години. А за понатаму, ќе видиме... Ако Калиопи е Дедо Мраз и може една работа да им подари на луѓето во Македонија, што би било тоа? -СРЕЌА фото: Приватна архива/ Ѓорѓи Христовски/Мартин Шишковски]]>

Тамара за крај на годината е на чисто со самата себе и оние кои веќе не се дел од нејзиниот живот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-za-kraj-na-godinata-e-na-chisto-so-samata-sebe-i-onie-koi-veke-ne-se-del-od-nejziniot-zhivot-foto/ Wed, 27 Dec 2023 09:24:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332556

Секој од нас знае да си направи муабет сам со себе кој не мора да е гласно, туку тивко и во себе. За тоа не мора да е крај на годината за да донесеме заклучоци, да ги сумираме впечатоците, да ги разграничиме нештата и да ставиме точка или да дадеме шанса за понатаму... Тамара Тодевска можеби не го срочи напишаното кое го сподели јавно на својот профил, туку се пронајде во извадокот и се идинтификуваше во истиот во кој се вели: -Се надевам дека тивко ќе им се заблагодариш на луѓето кои си заминаа од твојот живот оваа година. Од една или друга причина, не остануваат сите - не само романтично, туку и во пријателствата. Не завршува секоја личност од која очекувате да застане покрај вас. Некои луѓе не беа наменети да бидат во вашата приказна до крајот на вашите години, туку привремени ликови проткаени низ вашите приказни за да ве научат поуки и да ве направат подобра личност. И ако ти го напуштат животот, се надевам дека нема да се претепаш и да го носиш со себе - туку биди благодарен за заедничките времиња и посакај им добро, гласи објавата. Во 2022 година Тамара јавно потврди дека се разведува од сега веќе екс- сопругот Александар Димитровски, а 2023 веќе беше годината во која тој е личноста која веќе не е во нејзиниот живот, барем не како брачен партнер. Во објавата мислеше на некој друг/и или не, не посочи, но затоа сигурно е за оној што реално и се знае дека веќе не е дел од нејзиниот живот. Беше година и на нови шанси, нови љубови за кои не криеше, туку отворено пред себе и пред сите покажа како стојат нештата. Во Новата ќе влезе со нови животни избори и искуства од кои како што „вели“ погоре изнела поука. фото: instagram printscreen/ tamaratodevska]]>

Еден кадар за поглед кон совршената празнична магија во домот на Даниел Кајмакоски: На пејачаот му требаат само овие две најважни нешта и ништо повеќе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-kadar-za-pogled-kon-sovrshenata-praznichna-magija-vo-domot-na-daniel-kajmakoski-na-pejchaot-mu-trebaat-samo-ovie-dve-najvazhni-neshta-i-nishto-poveke-foto/ Mon, 18 Dec 2023 08:37:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331440

Од 2023 година остануваат уште малку денови пред да ја испратиме и да ја дочекаме Новата. Во очи на претстојната година, за познатите најчесто читаме сублимат за она што им се случило во животот изминатите месеци, професионално и приватно, па и за тоа по што тоа ќе ја запаметат. Селекцијата на доброто, повеќе или помалку лошото, па и она измеѓу, најчесто е срочено не' така едноставно и со неколку збора. За поп пејачот Даниел Кајмакоски оваа година нештата се поедноставени и собрани во еден кадар со поглед низ објективот од фото апаратот.
Годината за Даниел беше од убава – поубава. Се заљуби, се ожени, си ја здоми невестата, а неколу месеци подоцна си доби и синче, од убаво поубаво. Музиката секако не беше изоставена, но со приоритет на највретното - семејството! Даниел не многу преферираше да зборува во медиумите за тоа што му случува, но затоа на социјалните мрежи беше активен повеќе од кога било. Првата средба со наследникот, првата прегратка, првиот летен одмор, првото патување во Австрија кај баба и дето... Се’ тоа документирано како фото спомени создани со многу љубов за кои Даниел сакаше да знаат и да видат сите. Сега за празничната магија не му требаше ништо друго освен неговите две најдгргоцени и најважни нешта, Стефан и Марина. Совршен кадар во кој немаше потреба да додаде или одземе ништо повеќе за испраќање и сублимирање на она најубавото што му се случи во 2023 година. фото: Instagram printskrin/ daniel_kajmakoski]]>

Цеца ја сублимираше годината што изминува, а откри и што посакува во Новата: „Желбата ми е Анастасија и Немања да добијат бебе“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tsetsa-ja-sublimirashe-godinata-shto-izminuva-a-otkri-i-shto-posakuva-vo-novata-zhelbata-mi-e-anastasija-i-nemana-da-dobijat-bebe-foto/ Mon, 18 Dec 2023 08:10:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331396

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ синоќа ги сумираше впечатоците од годината што изминува и отворено призна што посакува во следната која е пред нас. Имено, Цеца не крие дека најмногу ја болел моментот кога нејзината ќерка Анастасија го изгубила бебето, но подвлече и дека во годината која е при крај во семејството и кариерата имало многу моменти кои никогаш нема да ги заборави. - Беше шарена. Имав многу успешни концерти, многу радост, среќа, а имав и дел каде што доживеав огромна тага и болка кога станува збор за Анастасија. Па, повторно добра вест, Богдана и Вељко го чекаат своето трето бебе, машко. Таа беше осцилирачка, шарена. Не можам да кажам дека беше грда, не можам ни да кажам дека беше светла, но пак велам животот продолжува, гледаш нешто позитивно, убаво. Важно ми е да е добро – призна Цеца, а потоа наброја што посакува во следната година:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

- Моите желби се Анастасија и Немања да добијат бебе, да го завршам албумот, да го направам Ушќе... Желба ми е да вклопам десетдневен одмор во мојот живот, но очигледно ќе завршам во бања за рехабилитација, со пензионери.! (смеа) Па, убаво е во бањите... Знаете ли какви бањи имаме?! Па, пеев, и се повеќе се насочувам кон бањата! (смеа) - изјави пејачката за Телеграф.рс фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic]]>

Веќе не е седмата: Проверете која година во бракот сега е најкритична… https://arhiva.vistina.com.mk/veke-ne-e-sedmata-proverete-koja-godina-vo-brakot-sega-e-najkritichna/ Fri, 06 Oct 2023 12:30:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321459

Дали некогаш сте се запрашале зошто се вели дека седмата година од врската (или бракот) е критична? Психолозите го нарекоа овој феномен „Седум годишно чешање“, по филмот од 1950 година во кој Мерлин Монро и Том Ивел минуваат низ љубовна криза – по седмата година од нивната врска. Овој психолошки израз не застана тука,но бројни студии потврдија дека по седум години паровите навистина чувствуваат ситост, досада и потреба да го вкусат забранетото овошје. Ова е периодот кога доаѓа до неверство,а во зависност од околностите и разделба на бракот. Тогаш љубовната врска паѓа прилично ниско на листата на приоритети,а работата,децата и секојдневните проблеми стојат помеѓу вљубената двојка и создаваат се подлабоки и подлабоки разлики меѓу нив. Така беше,се до најновото истражување спроведено од британскиот сајт за запознавање, illicitencounters.com. Модерните односи се прекинуваат многу порано За да проверат дали се менуваме како општество на љубовен план,прашаа повеќе од две илјади членови кога ги доживеале првите проблеми во љубовната врска и дали седмата година е сè уште критична,како што беше од 1950-тите до сега. Во денешниот зафатен свет паровите порано стигнуваат до раскрсница во врската,а проблемите излегуваат на виделина речиси двојно порано од минатото. Една од главните причини е еманципацијата на жените,кои многу поинтензивно ги развиваат своите кариери и очекуваат рамноправна вклученост на мажите во воспитувањето на децата,домашните работи и сето она што се сметаше за женска одговорност во 1950-тите. И додека статистиката покажува дека во минатото мажите биле тие кои по навршувањето на седум години барале факултативна врска зад грбот на својата сопруга,денес неверството не бира пол,па и мажите и жените изневеруваат во иста мера. Недостатокот на интимност е најголемиот проблем Дури 33 отсто од испитаниците признале дека третата година во врска е најкритичниот период,исто како и седмата во минатото. 12 отсто од испитаниците сметаат дека четвртата и петата се најкритични години,а 11 отсто од испитаниците ја навеле четвртата година како најпроблематична. Седум проценти веруваат дека првата година била најтешка,а пет проценти од анкетираните залутале во туѓ кревет по втората година од нивната врска.Од сите испитаници кои признале дека го изневерувале партнерот по третата година, дури половина ја обвиниле другата страна за тој чин, односно немање интимност. Една четвртина од нив сметаат дека доаѓањето на децата им го променило односот, а нешто помалку испитаници признале дека финансиската состојба влијаела на пукнатините во врската. Извор:Попара.мк]]>

Еве што и „предвидоа“ за оваа година на Антониа Гиговска: Работите и се под контрола… или вон неа? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-i-predvidoa-za-ovaa-godina-na-antoniaj-gigovska-rabotite-i-se-pod-kontrola-ili-von-nea-foto/ Wed, 06 Sep 2023 09:57:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316903

Антониа Гиговска со една споделена инстаграм порака или поточно „туѓ цитат на своја сметка“ ја збуни јавноста, оставајќи ја во дилема. Дали пејачката реши да покаже што и „претскажуваат ѕвездите“ за следната година или да се потсети што и предвидоа за годинава што изминува, остана нејаснотија? Ако е во прашање иднината, допрва ќе видиме и дознаеме дали „претскажувачите“ биле навистина видовити или сето ова го кажале онака - „ѓомити“? Ама ако е во прашање актуелнава година, тогаш може слободно да направиме анализа на предвидувањата. Се исполнија или не, сега лесно е да се расознае! Имено Антониа на инстаграм приказните ја споделила следната фраза: „Ова е твоја година. Ќе имаш контрола на зборувањето, умот, расположението и... парите“! Е, сега, ако е тековната година во прашање, кога сме кај контролата на говорот, Антониа после се' што и се случи во приватниот живот, речиси и не зборуваше во јавноста, избегнувајќи да се изјасни... Затоа пак зборуваа сите останати. И кој треба и кој не треба! За контролата на умот - како ќе се земе! Да забремениш со добар другар на момчето со кое си во повеќегодишна врска, за едни е надвор од умот, а за други: „Слушај го срцето, а не умот“! Аналогно на случувањата и контролата на расположението - променлива. Од една во друга крајност, од шок  до најголема радост. Особено по раѓањето на синчето Киан! А кога сме кај парите? Повеќе трошок, отколку заработка...? Венчавка, принова, мекици... сето тоа поприлично чини. Освен покрај оној од свирките ако не се брои и ќарот од парите во ковертите,  добиени за благослов од најблиските, роднините и пријателите. Па сега вие видете што тоа се исполнило од предвидувањата во тековната година, и дали Антониа реално ја има(ла) контролата на нештата? „Сигурно многу од вас се борат за она што го сакаат, па така и јас се борев докрај и секогаш ќе се борам за сите мои блиски. Не се ограничувајте, следете си го срцето, правете го тоа што вас ве прави среќни“ - ќе изјави своевремено Антониа, па веројатно ова и важи и денес? А предвидувањата? Ако се поклопат добро, ако не - никому ништо. И таа, а и Вие  - нема зошто да се оптоварувате и мачите... Не е ни до неа, ни до Вас - сигурно „не ги бива“ претскажувачите!? Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa  ]]>

Последниот број од годината на раѓање ја открива вашата судбина: Откријте дали сте предодредени да уживате или да се трудите до крајот на животот https://arhiva.vistina.com.mk/posledniot-broj-od-godinata-na-ragane-ja-otkriva-vashata-sudbina-otkrijte-dali-ste-predodredeni-da-uzhivate-ili-da-se-trudite-do-krajot-na-zhivotot/ Tue, 08 Aug 2023 07:20:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312976

Последниот број во вашиот датум на раѓање открива кој елемент и особина владее со вашиот живот Погледнете кој елемент го носи последниот број од вашата година на раѓање 0 или 1 е метален елемент, 2 или 3 е елемент на водата, 4 или 5 е елемент на дрво, 6 или 7 е елемент на оган, 8 или 9 е елементот на земјата. Метал Металниот елемент укажува на сила, но и голема флексибилност. Луѓето со овој елемент имаат огромна способност и верба во сè што замислуваат. Тие се многу амбициозни, но и независни. Имаат многу високи критериуми на сите полиња, па на другите луѓе им изгледаат тешки. За овие луѓе најважна е безбедноста, удобноста и слободата на нивниот дух. Во љубовта се многу барани и пребирливи, но и многу флексибилни кога чувствуваат дека некој вреди. Вода Елементот со најмеко срце но и најпресметлив мозок. Луѓето со овој елемент се целосна спротивност во љубовта и пријателството. Во пријателството, вие сте вистински лојален, искрен пријател, кој е тука за вашите пријатели во секој поглед. Без калкулации, на луѓето гледате само по душа и така ги избирате пријателите. Додека љубовта е сосема поинаква приказна. Многу сте умешни да манипулирате и да доминирате со партнерот. Без разлика дали вашиот партнер е енергично посилен од вас, вашиот шарм секогаш го освојува вашиот партнер. Во љубовта овие луѓе се едноставно неодоливи. Дрво Луѓето со овој елемент се синоним за здравје и позитивност. Секогаш се добро расположени, секогаш бараат ново искуство и поинаква перцепција на реалноста. Семејството е сè за вас, затоа имате тенденција од секој партнер да направите животен партнер. Вие сте самоуверени и делувате во согласност со вашите вредности. Оганот На сите им е јасно дека тоа е елемент на најсилната страст. Луѓето се заводливи и енергични во секоја област од нивниот живот. Импулсивноста е нивното второ име, бидејќи тие сакаат сè сега и веднаш. Нив ги водат животните водачи, па другите луѓе ги слушаат и внимателно ги следат. Во љубовта тие се романтични и нежни, доколку партнерот им ја додели главната улога. Најмногу ги погодува неправдата и поради другите луѓе често влегуваат во конфликти, бидејќи секогаш се на страната на послабите и незаштитените. Тие се огромни хуманитарци. Земја Луѓе со најголема рамнотежа и чувство за еднаквост. Со овие луѓе сè е многу едноставно и едноставно, не сакаат компликации во ниедна смисла. Чувството на контрола во сите ситуации им дава моќ и самодоверба. Во љубовта се многу пожртвувани и подготвени се будно да го следат партнерот, што е огромна спротивност на нивната суштина. Љубовта, ако не е избалансирана, е единствената главоболка во животот што може да ги спречи на други полиња.]]>