God Eye Production – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 30 May 2020 11:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png God Eye Production – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кој е тој што за Ајана е – „Топ на листа“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-e-toj-shto-za-ajana-e-top-na-lista-video/ Sat, 30 May 2020 11:12:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151910

Дали и со новата песна насловена  “Топ на листа“, младата Ајана ќе биде прва на нашите топ листи како што тоа беше случај со нејзината прва песна „Не ме моли”, со која се лансираше на естрдното небо, останува набрзо да видиме. Она што можеме да заклучиме е дека синооката Ајана изгледа и се однесува многу попрофесионално во овој нејзин нов проект. Песната е во трап стил и овој пат Ајана се појавува самата како автор на текстот и музиката. Аранжманот битот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски – God Eye Production. Снимањето на спотот се пролонгираше поради целата ситуација во државата, но по одредена пауза се досними и вториот дел од спотот. Се снимаше на две локации во Скопје и во теретаната на хотел “Парк”. На кого Ајана на мегафон им довикува дека е прва на топ листа...дознајте од видеотот во продолжение, кое се промовиташе на You Tube каналот на Urban Records. https://www.youtube.com/watch?v=G4V4q9f87RA]]>

Таско и Фокс во урбан шмек меѓу голи стриптизети во – „Ди Каприо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tasko-i-foks-vo-urban-shmek-megju-goli-striptizeti-vo-di-kaprio-video/ Thu, 09 Apr 2020 12:34:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144209

Македонскиот трапер Таско, по својата прва соработка со босанскиот артист Инас со кого ја промовираа “Балкан Банда“ има уште една, нова соработка со артист надвор од нашите граници. Во прашање е Бранко Кљаиќ, попознат по уметничкото име Фокс, инаку роден во Сремска Митровица 1986 година, кој е српски хип-хоп музичар и е еден од главните претставници на трапот како музички правец во Србија. Својата прва песна ја снимил уште во во 2004 година, а Фокс денес живее во Белград каде покрај музиката има и сопствена линија за облека TGTB, која стана бренд низ целиот регион. Покрај тоа, тој е креатор на специјални типови забави, наречени Pump Up Show. Токму со него, Таско во дует деновиве ја промовираше нивната заедничка трап тема „Ди Каприо“ ( Di Caprio),  која многу не отстапува од зацртаниот правец и не е поразлична од стилот кој обајцата трапери го негуваат и туркаат. Музиката и стиховите во темата им се заеднички, додека битот и аранжманот одново ги потпишува Иван Јованов - Ивајо. Автор на видеото полно со урбан шмек и разголени стриптизети е повторно Гордан Божиновски под етикетата на „God Eye Production“. Како звучи и изгледа „Ди Каприо“ приказната на ова македонско-српско трап дуо, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=svICR2Y6o8g      ]]>

Огнен Здравковски по „Гранд“, тргна да го освојува регионот со – „Извини“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-po-grand-trgna-da-go-osvojuva-regionot-so-izvini-video/ Mon, 20 Jan 2020 13:27:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129975

Минатогодишниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот пејач Огнен Здравковски откако виде дека може да се носи со врсниците од регион алната естрада, реши да си ја проба среќата во освојување на регионот. Неговиот музички „поход“ сепак почнува од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна. Покрај авторството Лазар и Магдалена ги пеат и придружните вокали, а хитмејкерот го потпишува уште и аранжманот, а стои и зад продукцијата, миксот и мастерингот на песната која е снимена во неговото „ЛЦВ студио“. Музички - отприлика она што комерцијалниот пазар во регионот го бара... Лесно прифатлив поп со балкански „шмек“ и мирис на дискретно спакуван „фолк“. Предиспозиции да стане хит, во зависност од тоа колку ќе го вртат радијата и телевизиите и каков ќе биде маркетингот, кој е добро познато дека на север од Македонија - не е „гратис“! Во темата „Извини“ виолините ги свири сестрата на Огнен, Олгица Здравковска која исто така како и тој е академски музичар, а обајцата се потомоци од легендарното македонско музичко семејтво Џорлеви. Песната ја следи визуелизацијата преку спотот на режисерот Гордан Божиновски од „God Eye Production“, чија видеоприказна сосема солидно кореспондира со приказната во стиховите, иако е евидентно дека не се работи за високобуџетен спот. Во видеото партнерка на Огнен му е моделот Ана Коцевска. Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото за „Извини“ во продолжение: ]]>

Иво секогаш со неа е… – „High“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ivo-e-sekogash-so-nea-high-video/ Thu, 28 Nov 2019 12:19:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121269

Иван Атанасов – Иво е најмладиот ексклузивец на Урбан Рекордс, момчето за кого прв пат јавноста дозна летово кога го промовираше неговото прво видео за „Дел “. После само три месеци Иво ја снима траката насловена како “High – да се воздигне нечија состојба на умот. (Секогаш со неа)”. На Youtube каналот на Урбан Рекордс, официјално веќе се промовираше новата две во една  - песна и спот. Музиката е на Иво, аранжманот и миксот на Flexin3d, мастеринг на Ивајо. Песната е невообичаена  -  во два дела, првиот е во времетраење од две минути,а вториот трае една минута и е комплетно во трап стил. Спотот го изработи Гордан Божиновски - God Eye Production и е минималистички и арт, подсеќа на mtv 90’s стилот, каде доминира црно белата боја. Во првиот дел од спотот се појавува прекрасниот модел Ангела Стојковиќ, а во вториот кој е снимен во еден кадар, се гледа како Иво ја ужива поддршката од колегите и тимот на Урбан. Спотот  кој можете да го погледнете во продолжение се снимаше на две различни локации - во стан во Кисела Вода и во „Baking bread” - Аеродром. ]]>

Они се „2 бона“, а она е нивниот „Фрик“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/oni-se-2-bona-a-ona-e-nivniot-frik-video/ Thu, 03 Oct 2019 11:10:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110587

Урбаното дуо чии песни во себе го носат модерниот звук, следејќи ги светските музички трендови: Хип Хоп, РНБ, Трап и Регетон,  Марио Јелиќ (Кун) и Антонио Стојановски (Тони) познати како „Два бона“, важат за едни од најголемите освежувања на македонската сцена. Тие на големо задоволство на нивните фанови го промовираат новото видео за песната “Фрик”.

Продуцент на песната е Cheketz Beats, текстот е на Два Бона. Спотот го изработил режисерот Гордан Божиновски - „God Eye Production“. Локацијата на спотот е во Велес во една напуштена болница.

Во видеото провејува една несекојдневна приказната во која секси докторка го држи Кун заробен во болница за ментално болни ливца и му прави експерименти со разни препарати, но доаѓа Тони го спасува, ја киднапира докторката и ја носи на друга локација, и и' ги прави истите работи што и таа му ги правела на Кун. Приказната на крајот завршува со ментално нездравата фрик докторка која завршува во санаториум.

Дамата  која во спотот се појавува во улога на секси психијатар, е атрактивната професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, мејкап артист и позната инфлуенсерка Калтрина Криезиу Балаш.

https://www.youtube.com/watch?v=sTSVSU2U318]]>