гоце влахов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 28 Jul 2019 14:59:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гоце влахов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Последен поздрав на МНТ со голема болка и жалење по смртта на Гоце Влахов https://arhiva.vistina.com.mk/posleden-pozdrav-na-mnt-so-golema-bolka-i-zalenje-po-smrtta-na-goce-vlahov/ Sun, 28 Jul 2019 13:45:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99546

МНТ денеска со трогателна порака се простија од Гоце Влахов, актерот кој почина на 70- годишна возраст. -Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина актерот Гоце Влахов (1949-2019). Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје, иако остварува бројни улоги на оваа сцена од 1972 година. Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење. Првата улога на сцената на Македонски народен театар Гоце Влахов ја остварува во 1972 година во претставата „Крал Лир“, а потоа се редат и „Хелдерлин“ (1973), „Сезона на шампионите“ (1975) и „Славата и смртта на Хоаким Муриета“ (1975). Во селективната театрографија ќе ги спомнеме и претставите „Милион маченици“ (1980), „Војна и мир во Груда“ (1981), „Остен“, „По претставата“(1981), „Габи“ (1982), Макавејските празници“, „Свирач на покрив“ (1983), „Воена тајна“, „Погрижи се за Амелија“ (1984), „Среќна нова 1949“, „Рамна земја“ (1985), „Тартиф“, „Гуштерица“ (1986), „Мрестење на краповите“, „Дон Кихот“ (1987), „Рави“ (1989), „Галеб“, „Посета на старата дама“ (1990), „Зора на истокот“ (1991), „МКС“ (1995), „Гроф Миливој“ (2001), „„Болва в уво“ (2007) и последната „Троил и Кресида“ (2010). Остварува главни улоги во филмовите „Чекор пред времето“ (2003) и „Андер“ (2004), а игра и во филмовите „Македонски дел од пеколот“ (1971), „Јад“ (1975), „Оловна бригада“ (1980), „Сенки“ (2007) и „Мајки“ (2010). Учествуваше и во снимањето на познатата телевизиска серија „Македонски приказни“ (од 1986 до 2012) и во ТВ серијата „Тврдокорни“. Посмртните останки на Гоце Влахов ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел на 30 јули (вторник), во 11 часот, а погребот ќе биде во 12 часот. Вечна му слава!, напишаа од МНТ. ]]>

Лазар Бараков се прости од колегата Гоце Влахов: „Почивај во мир мој скап другар и соборец!“ https://arhiva.vistina.com.mk/lazar-barakov-se-prosti-od-kolegata-goce-vlahov-pochivaj-vo-mir-moj-skap-drugar-i-soborec/ Sun, 28 Jul 2019 13:00:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99543

Македонската публика најмногу ги памети заедно од улогите во Македонските народни приказни, а денес на голема жалост едниот мораше да се прости од другиот. По смртта на актерот Гоце Влахов, неговиот колега Лазар Бараков преку социјалните мрежи напиша последен поздрав до својот драг и како што вели скап другар. „Брат, жалосно но вистинито, не успеавме за последно да се испонаприкажеме, замина без збогум во ова проклето време…Почивај во мир мој скап другар и соборец во нашите заеднички премрежија. Твојата добрина и ведрина е неизбришива од нашите срца“, напиша тој. ]]>

Македонскиот актер Гоце Влахов ја загуби битката со тешката болест https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-akter-goce-vlahov-ja-zagubi-bitkata-so-teshkata-bolest/ Sun, 28 Jul 2019 12:27:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99539

Почина македонскиот актер Гоце Влахов, еден од големите актери во Македонија. На социјалните мрежи се огласија неговата сопруга и ќерката и ја открија причината за смртта. Гоце боледувал од рак, со кој храбро живеел шест години, но за жал, ја загуби битката. „Почитувани пријатели и фанови на актерот Гоце Влахов,со длабока болка и тага соопштуваме дека Гоце почина денес после храбра шест годишна борба со рак. За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел“.
Познат е по улогите во легендарните Македонски народни приказни, Во светот на бајките, Опстанок, Тврдокорни, Погрешно време, Сенки, Мајки, Бунило, Трст виа Скопје, Климент Охридски, Оловна бригада, Јуначко Колено… Неговиот Фејсбук е преполн со тажни пораки. Беше роден на 12-ти мај 1949 година.]]>