гоце трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Nov 2019 09:58:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гоце трајковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов ги спакува – „И племето и семето“, како одраз на времето во кое живееме (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-gi-spakuva-i-plemeto-i-semeto-kako-odraz-na-vremeto-vo-koe-ziveeme-video/ Fri, 15 Nov 2019 09:51:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118708

Популарниот македонски шоумен и пејач Игор Џамбазов ја објави својата нова песнa со наслов “И племето и семето”. Она што од секогаш привлекувало најголемо внимание во музиката на Игор биле текстовите на песните. Со должен респект на компонираното, како и на гитарската умешност на Гуру Харе и неговиот бенд, сепак Џамбазов најмногу е познат не по хитовите или пеењето, туку по пораките кои ги испраќа преку своите песни,  па тоа не е исклучок и овој пат. Иако можеби и не е кој зна колку тешко да се најде инспирација во времето и државата во кои живееме, опкружени со секојдневните небулози и будалаштини со кои се будиме и легнуваме, но сето ова лудило Игор знаел како најдобро да го спакува во неколку минути „поезија за амнезија“ на годините низ кои минуваме. Едноставен опис и на „племето и на семето“ од каде се' почнува и со кои се' ќе заврши... Сага за времето во кое се' е отидено... Во неповрат или пред вратата на „новиот почеток“, кој да знае... Чекавме долго па ќе почекаме уште некое време, колку и долго тоа да е. Можеби само до следната песна на шоуменот? Во меѓувреме преслушајте ја оваа, „И племето и семето“, како одраз во огледало на времето во кое живееме, за која „осомничен автор“ е Игор Џамбазов, со кого свиреа членовите на „Гуру Харе бенд“ во Бардовци, во студиото „Тра Ла Ла“ на Мите Димовски, кој е и продуцент на истата. Во едноставното, но мошне ефектно „музичко - стендап хромаки видео“ полицаецот го игра Оливер Војиновиќ. Зад камерата бил Роберт Божиновски, видеото го монтирал Иван Костадинов, а режијата е на Гоце Трајковски, додека „И племето и семето“ се наши... Наше секојдневие. Затоа уште еднаш убаво преслушајте и внимателно погледнете што има маестро Џамбазов да ви каже по тоа прашање: ]]>