Гоце Тодоровски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Mar 2023 09:11:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Гоце Тодоровски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Поглед кон младоста: Денес ова момче веќе е дедо и ги живее пензионерските денови – погодувате ли кој е овој ултра познат македонски лик? https://arhiva.vistina.com.mk/pogled-kon-mladosta-denes-ova-momche-veke-e-dedo-i-gi-zhivee-penzionerskite-denovi-pogoduvate-li-koj-e-ovoj-ultra-poznat-makedonski-lik/ Tue, 14 Mar 2023 09:05:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293144

Ех, што ти е младост... Останува само во спомените и на фотографија, спомен да не потсети на некое време, искуства, луѓе... Младост, период кој како и целиот живот ни минува брзо пред очи, а од неа останува траг кој бил важен од одлуките за тоа кои сме во следната животна доба. Во пензионерските денови пак, време се има доста, само кој колку може да ги исполни со посакуваното. Легендарниот македонски актер Благоја Чоревски- Чоре преку својот Фејсбук профил пронајде еден таков спомен од младоста на неговиот драг колега Гоце Тодоровски и го сподели јавно, па напиша: -На првата фотка Гоце, млад и убав, ново "печен" актер штотуку завршил студии... На втората фотка Гоце, остарен и шармантен, ужива во пензионерските денови и во безброј минутажната кариера која ја создал... Еден од најдобрите кај нас!, пишува во објавата која се најде и на фан страницата на Ѓорѓи Колозов. Гоце Тодоровски денес има 71 година и ги живее своите пензионерски денови. Можеби звучи нереално дека ликот кој најмногу го паметиме од Македонските народни приказни веќе е дедо во осмата животна деценија, но реалноста е дотаму, а Гоце во трето доба. Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз. Тој е најпознат по улогите во: македонски народни приказни, Хихирику, Трст виа Скопје, Тврокорни, Балканд Бенд, Викенд на мртовци... фото: Фејсбук принтскрин]]>

„Престанаа твоите болки“: Колегите се збогуваа од актерката Катерина Крстева https://arhiva.vistina.com.mk/prestanaa-tvoite-bolki-kolegite-se-zboguvaa-od-akterkata-katerina-krsteva/ Tue, 10 Jan 2023 08:53:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283357

На своја 85 годишна возраст почина познатата македонска актерка Катерина Крстева или попозната како Мара Попора, лик на кој се сеќаваат многу генерации. Нејзиниот хумор, насмевката, препознатливата руса коса и сценски гестикулации, ќе останат како нешто на кое ќе се сеќаваме кога ќе се спомене нејзиниот незаборавен лик. Иако хуморот е првото нешто со кое ја поврзувавме, нејзината реалност за жал не била баш таква. Катерина станала мајка на своја 49 годишна возраст, а сопругот и починал кога детето и било мало, па со својата сила и мајчиснска љубов го одгледувала сама. За „Фокус“, нејзиниот колега Гоце Тодоровски открива дека Катерина и нејзниниот син Александар живееле од нејзината скромна пензија. Но, нивни блиски пријатели открија повеќе за трагедијата која ја снашла Катерина која го нашла својот 36 годишен син мртов во нивниот дом во месец сепрември, односно пред три месеци. -Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој и беше целиот свет, се тргна од се и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи… Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата – ни изјавија пријатели на Александар за „Фокус“. На социјалните мрежи од Катерина Крстева се збогуваше и Весна Петрушевска која вели дека повеќето не ја занеле нејзината тажна приказна. -Драга моја Кате (сестро да ти кажам)или во народот позната како Мара Попара да си го најдеш мирот и извини што сите те заборавија ,прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна и барем малку со Мони Угриновска, Македонски народен театар дознавме, па подостоинствено да ја завршиш оваа приказна .Ефектот кој го имаше на другите е највредната валута која постои. Со тебе израснаа многу генерации, а само мал круг знаевме колку си луцидна, остроумна и благородна.Кате, многу ми е жал! Нас глумците баш лесно не забораваат. Слава ти, пишува Весна Петрушевска, а на нејзниот статус на Инстаграм се надоврза и Игор Џамбазов кој кусо напиша:
-Златна Кате... И актерката Стојна Костовска се прости од својата колешка Кате со која заедно познати беа како дел од Хихирику. -Драга колешке престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти...Чувај ги!!! Кате лесна ти земја!- беше последниот поздрав на Костовска. Инаку, Катерина Крстева беше погребана вчера, 9-ти јануари на градските гробишта во Бутел. Информацијата во врска со комеморацијата ќе биде дополнително објавена од МНТ. фото:Фејсбук МНТ/Инстаграм/Јутјуб принтскрин]]>

Актерот Гоце Тодоровски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ https://arhiva.vistina.com.mk/181033/ Tue, 15 Dec 2020 14:14:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181033

Актерот Гоце Тодоровски е добитник на наградата „Свети Јоаким Осоговски“ за значаен придонес во областа на театарот и културата што ја доделува истоимениот меѓународен театарски фестивал што се одржува во Крива Паланка. Наградата ќе му биде врачена на лауреатот Тодоровски на 18 декември, со пригодна свеченост во салата на Собранието на општина Крива Паланка, со почеток во 12 часот и со почитување на пропишаните здравствени протоколи. Наградата ќе му ја врачи градоаначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, а за уметничките креации на Гоце Тодоровски ќе говорат Благоја Чоревски и Гоце Ристовски. Пред присутните ќе се обрати и наградениот актер Гоце Тодоровски, потсетувајќи на најпопуларните негови актерски улоги во тетарот и на филмот. Гоце Тодоровски завршил Факултет за драмски уметности на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и набргу по дипломирањето се вработил во Драмскиот театар истакнувајќи се како суптилен комичар. На сцената на матичниот театар но и како гостин на професионалните театарски сцени во нашата земја остварил голем број улоги, а останува запаметен по улогите Лука Лукиќ во „Ревозор“ од Гогољ, Докторот во „Веселата смрт“ од Евреинов, Цанде во „Солунски патрдии“ од М. Попоски, Пантагруел во „Пангуриј“ од Р. Богдановски, Царчето во „Чудото на Свети Ѓорѓија“ од Р. Богдановски, Леле мале во „Јадигар“ од В. Манчев, Питу во „Сара Бернар“ од Џ. Марел, Генералот во „Балконот“ од Ж. Жене, Ринго во „Чија си“ од С. Насев, Ќорле во „Кумови“ од К. Ангеловски, Кирца во „Викенд на мртовци“,Ангеле во „Лет во место“ од Г. Стефановски, Докторот во „Болва во уво“ и други. Гоце Тодоровски е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми и серии. За своите актерски остварувања добитник е на Награда за најдобра улога, за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“, на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп а во 1986 година беше прогласен за најпопуларно ТВ лице според весникот „Вечер“. Гоце Тодоровски оствраил и четиресетина улоги на филм и тв и во популарни тв серии, меѓу кои во „Наши години“, „Јуначко колено“, „На наш начин“, „Солунски патрдии“, во Македонските народни приказни, „Среќна Нова 49“, „Трст виа Скопје“, „Чук, чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Ангели на отпад“, „Салон Хармони“ и др.]]>

Снеже Велков не потсети на омилените реплики од „Македонските приказни“: Ако не знаете кој е царот, прашајте ја? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-ne-potseti-na-omilenite-repliki-od-makedonskite-prikazni-ako-ne-znaete-koj-e-carot-prashajte-ja-foto/ Tue, 10 Nov 2020 08:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175218

Има ли некој кој не ги гледал, кој не ги знае, кој не ги памети? Од старо до младо, од дете до родител, баба, дедо... сите ги знаат, зашто тие се едни од најгледаните ТВ проекти на сите времиња. Особено, оние, првите, оригиналните, од времето на „царот“ на ТВ екраните... „Македонските народни приказни“ или само „Македонски приказни“ како што беа насловени се култниот ТВ серијал кој остана за навек да се гледа одново, раскажува и прераскажува, чии реплики и ден денес се паметат и употребуваат и во секојдневието на нашиот говор. Своевиден микс на историја, јазик, фолклор, традиција, обичаи, народни носии, народни верувања, преданија, народни поговорки, мудри мисли, корисни поуки... Сите обележја што ја сочинуваат една нација и повеќе од тоа! Но и софистициран хумор, гледлива забава, врвни актерски остварувања сведени на нивото на обичниот човек. Во нив, ликовите кои не се забораваат: царот, царицата, султанот, екимот, кадијата, меанџијата, чорбаџијата, измеќарот, попот, клисарот... па се до обичиниот селанец, преставени во ликовите на богатиот и сиромавиот или домаќинот и домаќинката. А зад нив врвна актерска екипа на чело со големиот, единствениот, неприкосновениот, царот... Ќе погодите ли за кого се работи? Ако не ви текнува, погледнете ја фотографијата. На неа се тие двајцата - „царот и царицата“, во млади години, пред да ги остварат своите маестрални улоги, незаборавните ликови во прикаските... Ѓорѓи и Шенка Колозови, како заштитен знак, како своевиден „трејд марк“, олицетворение на приказните, кои ги направија и големи и познати, а тие на серијалот му го посветија сиот свој живот, играјќи го незаборавните улоги, изустувајќи ги незаборавните реплики кои и ден денес се паметат и кажуваат. Секако списокот на актери кбез кои приказните немаше да бидат тоа што се е долг: Ванчо Петрушевски - Рамче, Гоце Тодоровски, Лазар Бараков, Владимир Дади Ангеловски... и уште цела една плејада  доајени на македонското глумиште. Како и повеќето од нас, растена со „Македонските приказни“, ТВ водителката и пилатес инструкторка Снеже Велков, преку приказните на својот Инстаграм профил реши да не потсети на „Македонските приказни“... И себе си и другите, па направи своевидна анкета, за тоа која реплика од приказните му е омилена на народот? „Ај да видам кој се сеќава на овие царцки убаини?“ - праша Снеже на својот Инстаграм. Одговори стигнаа многу: „Ја сакам царе'ата ќерка, Еким - лечам од разни болести, Пиј си каве, пиј си тутун - азното само ќе си дојди, Господ да ме чува од женска белја, Икономија да праиш - за старост да мислиш, Стрижена е, бричена е“...  И сите подеднакво потсетуваат на на јдобрите епизоди од оние поубави и посреќни времиња. Денес е нешто друго... Прикаски се' уште има, иако ќе се согласите, не се тоа што беа некогаш. Како и многу други нешта! Особено не без царот Колозов, Дади, Рамче... сега веќе покојните македонски актерски легенди кои како и „Македонските приказни“ одбележаа една цела „епоха“, годините на нашето детство, растење, созревање, младост... Новите генерации имаат свои јунаци, свои херои, идоли... Но, се чини дека никој не е како царот, царицата, екимот, кадијата, чорбаџијата, попот.... од првата генерација на „Македонските приказни“. Или барем така ни се чини? Можеби треба малку да почекаме? Па нели „царот“ ви рече: „Седи си, пиј си тутун, пиј си каве - азното само ќе ти дојде“!    ]]>