гоце делчев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Aug 2023 08:29:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гоце делчев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За Снеже Велков секој ден може да биде Илинден: Водителката со празникот малку подрани или навреме си резервираше селфи со македонските револуционерни великани? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-snezhe-velkov-sekoj-den-mozhe-da-bide-ilinden-voditelkata-so-praznikot-malku-podrani-ili-navreme-si-rezervirashe-selfi-so-makedonskite-revolutsionerni-velikani-foto/ Tue, 01 Aug 2023 08:25:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312222

Македонската ТВ водителка и екс-пилатес инструкторка Снеже Велков само што се врати од одмор и веднаш се фати за она што и е секојдневна здрава навика и рутина - вежбањето. До душа и  додека летуваше не забушаваше, па и таму си ја одработуваше редовната тура, дневна фискултура... И тоа со гумичка, која постојано си ја носи во џебот. Или поточно ластик, за да не помисли некој на нешто друго, иако и во тоа нема ништо лошо и не е грев.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Штом летувањето заврши и се врати дома, покрај гумичкта на русокоста водителка и останатите реквизити и станаа достапни и на дофат, па затоа Снеже првото нешто што го грабна и го јавна, беше нејзиниот спортски велосипед. Опремата претходно комплет на неа, од кацига, ракавици, патики и спортски хеланки и потоа правец „тур де Скопје“, по патеката на кејот на Вардар. А, кога ќе возиш по кејот, од каде и да тргнеш од исток или запад, неминовно е да стигнеш до Камениот мост и плоштадот Македонија во центарот на македонската престолнина. Таму е време за малку одмор, колку да се земе здив на плоштадот на големиот град, пред да продолжиш понатаму или вратиш назад. Но, овој пат синооката убавица  ја искористи  својата велосипедска пауза и за да ја поздрави и да и' се поклони на македонската кауза. Онаа револуционерната, од 1903-та. Имено, Снеже Велков покажа дека за неа секој ден може да биде Илинден. Можеби ден-два претходно, ама сеедно... Водителката малку со празникот подрани или навреме си резервираше селфи со македонските  револуционерни великани? Зашто, како што самата напишала на фотографијата покрај двата споменика: „Да си се усликам на време до Гоце Делчев и Даме Груев... За Илинден ќе бидат зафатени, нема да може да се стигне до нив“. И проклето е во право, зашто на политичарите им текнува на револуцијата, паметниците и спомениците само за време на празниците. За тогаш да се сликаат, искажувајќи патриотска почит кон великаните на револуцијата или само колку за да „го направат редот“ пред лицето на нацијата? До душа, кој како, ама нашата водителка вака - со селфи предвреме среде бел ден, за честит 120 години Илинден ! Фото: Инстаграм/velkovsneze  ]]>

„Матица македонска“ го објави романот посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче: „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски https://arhiva.vistina.com.mk/matitsa-makedonska-go-objavi-romanot-posveten-na-lubovta-na-gotse-delchev-i-janka-kanevche-ako-se-rodat-nekakvi-chuvstva-od-blazhe-minevski/ Wed, 12 Apr 2023 12:34:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298021

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Романот беше одбиен од Министерството за култура со образложение дека книгата „не е од национален интерес“. Ова најново дело на познатиот писател го отвора прашањето за тоа дали може да се биде среќен без чувства, трансформирајќи ја дилемата „да се биде или не“ во максимата „да се чувствува или да се умре“. Големата љубовна одисеја на Гоце  и Јанка почнала кога таа имала дваесет и две а тој дваесет и осум години, и траела речиси три години, до крајот на неговиот живот. Планирал да се ожени со неа веднаш по Илинденското востание, но не успеал да го преживее предавството. Неколку месеци пред убиството во Баница му оставил аманет на својот пријател Герџиков, ако тој загине, Јанка да се омажи за него, но само ако се родат некакви чувства. Дали се родиле такви чувства? Во својот осврт за романот д-р Марина Мијаковска подвлекува дека „Ако се родат некакви чувства“ е ремек-дело на македонската книжевност, фасцинантна метафикција со автентична структура и раскажувачка постапка: „Врз фонот на историските факти како предлошка, преку љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче, Миневски создава приказна во чиј центар се чувствата. Пајажината на нарацијата се плете меѓу фактографијата и фикцијата, колективното и индивуалното, историјата и стварноста, минатото и сегашноста. Пред нас е книга што секој човек со вистински чувства мора да ја прочита и да ја има во својата колекција на врвни дела.“ Според режисерот Бранко Ставрев, констатира дека романот „Ако се родат некакви чувства“ е  исклучително  книжевно дело родено во име на љубовта: Гоцевата, Јанкината, но и Џојсовата, Толстојевата, Пушкиновата, Балзаковата, Бајроновата, Есениновата, Гарибалдовата … чии  сенки  сноват  низ   лавиринтите  на  големиот  мајстор  на  зборот  Блаже  Миневски.“ Романот на  Блаже Миневски за љубовната одисеја на Гоце Делчев и неговата љубена Јанка Каневче од Охрид има значење на тектонски удар во историјата на  македонската проза. Тоа е дело за невозможната љубов во време кога „Македонија е спрострена како пациент на болничка маса“, пишува Јордан Плевнеш во својот есеј за романот. Претчувствувајќи го сопствениот крај, Гоце одлучува да му каже на својот најверен пријател Михаил Герџиков: Ако се родат некакви чувства, вие со Јанка изградете љубовно гнездо, бидејќи јас сум пред венчавање со Македонија во бескрајните предели на Подземната република. Евангелистот Јован Богослов вели дека Бог е Љубов и Македонија е Љубов, ако не биде прифатена како Љубов, Балканот никогаш нема да биде цивилизација. Приказната за љубовта на Гоце и Јанка, подвлекува Плевнеш, е астероид од типот „Амор“ со кој возвишената љубов ќе остане вечно во планетарниот систем и ќе потсетува на таа единствена и неповторлива одисеја. Во романот за првпат се објавуваат автентични сведоштва за тајните средби на Гоце и Јанка, за интимните моменти, за плановите што ги имале, за венчавката што ја замислувале, но и за траумите на Јанка од загубата на саканиот и за болеста што ја разјадува, за лузните што ги чувствува до крајот на животот распната меѓу она што го носи во срцето и она што го живее како судбина.]]>

151 година од раѓањето на Гоце Делчев: Хероите имаат само датум на раѓање https://arhiva.vistina.com.mk/151-godina-od-raganeto-na-gotse-delchev-heroite-imaat-samo-datum-na-ragane/ Sat, 04 Feb 2023 08:15:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287353

Македонците во Македонија и низ светот денеска одбележуваат 151 година од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кој ослободувањето на Македонија го гледал само од самите Македонци. Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви. Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбра светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“. Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на ЦК на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата во Македонија. Гоцевата визија за светот како поле за културен натпревар меѓу народите не е само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти омразата и војната, на толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата. Делчев учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Убиен е на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Гоце бил против прераното започнување на востанието. "Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите." "Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите" "...Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија..." "Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот". ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ]]>

И покрај силното полициско обезбедување среде ноќ посетители на гробот на Гоце Делчев: Некои светости најдобро се чуваат од одбрани луѓе! https://arhiva.vistina.com.mk/i-pokraj-silnoto-politsisko-obezbeduvane-srede-nok-posetiteli-na-grobot-na-gotse-delchev-nekoi-svetosti-najdobro-se-chuvaat-od-odbrani-luge/ Fri, 03 Feb 2023 07:06:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287241

Скопје врие од полиција... Особено под Калето... Улицата затворена, барикади и препреки, агенти во цивилка, полициски службеници во униформа... Министерот со полна уста самофалби... Демек сите го чуваат пристапот до вечното почивалиште на великанот... На Гоце Делчев... Што од  туѓинци што сакаат да го присвојат, што од нашинци што се подготвени да го продадат... Како што го продадоа и предадоа кога млад загина за слобода на мајката земја, за Македонија. А всушнот сите тие го чуваат од... самите себе. Но, колку и да го чувааат и тврдат дека пиле не може да прелета и покрај силното  полициско обезбедување,  среде ноќ посетители на гробот на Гоце Делчев... Некои светости најдобро се чуваат од одбрани луѓе! Со кристално чисти срца и намери, бистри како... „Бистра вода“! Какви тајни се кријат на вечната адреса на Апостолот? Тимот на „Бистра Вода“ ја чува „тајната над тајните“. И дење - и ноќе. Тајните интриги во бизнисот, криминалот, високата политика претставени низ призмата на две семејства и конфликтот стар 45 години. Едно убиство, голема мистерија и многу тајни… Сето ова во првата македонска криминалистичка серија „Бистра вода“, чие премиерно прикажување е најавено за крајот на февруари, а фотографијата е само еден од кадрите во серијата која ќе можете да ја гледате наскоро на Алфа и Кинемое.      ]]>

Акција – Македонски книжевни класици на библиотеката „Гоце Делчев“–Гевгелија: Бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература https://arhiva.vistina.com.mk/akcija-makedonski-knizevni-klasici-na-bibliotekata-goce-delchev-gevgelija-besplaten-pristap-do-stozerni-dela-od-makedonskata-literatura/ Thu, 29 Sep 2022 12:40:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269378

Граѓаните на општина Гевгелија кои се членови на библиотеката „Гоце Делчев“, однеодамна имаат бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература создавана во текот на повеќе генерации. Оваа акција иницирана од директорот Стефан Марковски опфаќа десетици наслови од македонската литература почнувајќи од македонските писатели и културни дејци од 19-от век (Жинзифов, Прличев, Џинот, Миладиновци итн.), до класиците објавувани од македонските писатели, драматурзи и поети од втората половина од минатиот век. Некои од насловите вклучени во посебен фонд за оваа акција се: „Послание“ од Блаже Конески, „Црно семе“ и „Црвениот коњ“ од Ташко Георгиевски, „Црнила“ и „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев, „Песни“ од Ацо Шопов, „Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, „Поезија“ од Коле Неделковски, „Македонска крвава свадба“ од Војдан Чернодрински, „Зборник на народни песни“ од браќата Миладиновци, „Сердарот“ од Григор Прличев, „Бегалка“ од Васил Иљоски, „Песни“ од Ацо Караманов, „Она што беше небо“ од Владо Малески, „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Бели мугри“ од Кочо Рацин, „Крпен живот“ и „Раскази“ од Стале Попов итн. Покрај овие значајни дела за македонската литература, во акцијата се опфатени и книги на книжевно-историски теми од: Блаже Конески, Блаже Ристовски, Васил Тоциновски, Георги Сталев, Славчо Ковилоски итн. Фондот од книги вклучени во акцијата е ограничен и е составен од нови и користени изданија.]]>

Македонската химна во изведба на маестро Игор Дурловски во Канада (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-himna-vo-izvedba-na-maestro-igor-durlovski-vo-kanada-video/ Mon, 03 Feb 2020 13:51:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132471

Македонскиот оперски пејач од светски глас Игор Дурловски синоќа присуствуваше на 49. „Гоцева – комитска вечер“ во Торонто, каде што еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, покрај поздравниот говор како почесен гостин од Македонија, ја изведе и македонската химна: „Гоцева вечер“, организирана од „Обединети Македонци“ од Канада, се одржа во македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во чест на роденденот (4 февруари 1872 година) на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. ]]>