гоце бошковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Apr 2021 06:53:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гоце бошковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гоце Бошковски се огласи откако испадна од „Ѕвездите на Гранд“: „За следната сезона ќе размислам добро дали вреди“ https://arhiva.vistina.com.mk/goce-boshkovski-se-oglasi-otkako-ispadna-od-dzvezdite-na-grand-za-slednata-sezona-kje-razmislam-dobro-dali-vredi/ Mon, 05 Apr 2021 06:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197395

Гоце Бошковски од Прилеп настапуваше во последната сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој се претстави со песните „Станица подлугови“ и „Гори гори срце моје“. Гоце се бореше во дует со кандидатката Нела, а и двајцата кандидати добија по 4 гласа. Бошковски замина во бараж, каде што се бореше со останатите учесници, но, сепак испадна од музичкото шоу. По неговото испаѓање тој се огласи на социјалните мрежи заблагодарувајќи се на сите за поддршка, како и на неговата менторка Вики Миљковиќ која изминатите месеци работеше со македонскиот кандидат. -Мојот последен настап за оваа сезона. Тоа е тоа нема назад. Драго ми е што со двајцата мои ментори во две сезони испеав песни што ретко се пеат а мислам дека некои и ниту еднаш не се испеани на ова такмичење и за тоа сум горд. Секоја песна што ја испеав ја донесов на свој начин а не да копирам некого и за тоа сум горд затоа што се бориме да бидеме свои и да оставиме наш белег а не да бидеме нечија копија Ви Благодарам на сите за подршкат. Исто така му се заблагодарувам и на моите соработници кои беа со мене овие три години на овој натпревар Јас овде не застанувам напротив моментално спремам нова песна со која ќе ве почестам за брзо Да сте здрави и живи.( А за следна сезона ќе размислам добро дали вреди ).Уживајте“, напиша Гоце на Фејсбук. Инаку, Гоце и претходната сезона учествуваше во музичкото шоу и беше под менторство на Ѓорѓе Давид. Во оваа сезона засега остануваат уште неколку македонски кандидати, а меѓу нив се: Мими Јовановска, Марио Арангеловски, Марија Груевска, Елена Миленковска, Благица Ѕунѕуровска...дали тие ќе стигнат до финалето останува да видиме. https://youtu.be/fEFhmCU3hj4]]>

Македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“ e во изолација поради позитивен тест на коронавирус – откри како се чувствува https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-pejach-i-uchesnik-vo-dzvezdite-na-grand-e-vo-izolacija-poradi-pozitiven-test-na-koronavirus-otkri-kako-se-chuvstvuva/ Fri, 19 Feb 2021 08:37:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190451

Пандемијата со коронавирусот покажа дека не бира млади, стари, познати, непознати, богати, сиромашни... Короната владее од март претходната година, а бројот на заболени постојано е во континуитет. Многу познати беа заболени од Ковид 19, некои поминаа со лесни симптоми, други со потешка клиничка слика, а некои ја изгубија битката со чумата на 21век. Македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Гоце Бошковски – Чоки на својот „Фејсбук“ откри дека е позитивен на коронавирус и дека веќе 10ти ден е во изолација. =10ти ден во изолација поради позитивен ковид тест.... Уште малку остана... Добар сум фала му на Бога.... Чувајте се“, напиша тој покрај селфито. Инаку, Гоце го помина и четвртиот круг во „Ѕвездите на Гранд“, а како ќе се претстави во следниот круг останува да видиме,.]]>

Македонските кандидати се вратија во „Ѕвездите на Гранд“, па пред време се пофалија со својот резулат https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-kandidati-se-vratija-vo-dzvezdite-na-grand-pa-pred-vreme-se-pofalija-so-svojot-rezulat/ Thu, 17 Sep 2020 07:52:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167258

Пандемијата со коронавирусот ги стопираше и снимањата на претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Меѓутоа, неодамна музичкото шоу продолжи со снимање таму каде што застанаа односно со третиот круг. Она што е ново кога станува збор за „Ѕвездите на Гранд“ е што продукциското жири има нов член односно Александар Милиќ Мили кој ќе биде задолжен за новите 120 кандидати кои се пријавиле преку онлајн аудициите. Тие нови кандидати ќе се борат против старите кандидати од претходната сезона. Во музичкото шоу, во претходните месеци на сцената на „Гранд“ имаше и неколку македонски кандидати кои успеајаа да го поминат и вториот круг. Бидејќи деновиве повторно започнаа снимањата, македонските претставници исто така се вратија во едно од најпопуларните музички шоуа. Тие на социјалните мрежи се пофалија со резулатот. Некои поминаа директно во третиот круг, а некои мораа да го напуштат натпреварувањето. Александар Јосифовски кој е под менторство на Ѓорѓе Давид ги освои сите гласови и помина директно во следниот круг. „5 од 5. Фала ви на сите, цела моја фамилија во која спаѓа и Ѓорѓе Давид Николиќ. Одиме понатака. Фала ви другари, фала ви публико“, напиша Александар на својот  Фејсбук. Понатаму продолжи и Мими Јовановска која со својот последен настап го воодушеви жирито и сите и порачаа дека така треба да се пее. „Директно во 4 круг“, напиша Мими во кусите приказни на Инстаграм. Во следната фаза помина и Гоце Бошковски кој преку социјалните мрежи истакна дека поминал во 4 круг. И Мите Стоилков ќе го гледаме во четвртото продолжение од „Ѕвездите на Гранд. Меѓутоа, Сања Тодоровиќ која беше под менторство на Јелена Карелуша за жал го напушти музичкото шоу. „За жал, Сања испадна од натпреварувањето, се надеваме дека ќе ја слушаме во некоја од следните сезони“ се огласи тимот на Јелена. Како македонските кандидати ќе се претстават пред жирито, какви коментари и оценки ќе добијат, дали ќе има повеќе критики или пофалби, останува да видиме.]]>

Ѓорѓе Давид е заразан од корона, се огласија Огнен Здравкоски, Гоце Бошковски, Дарко Даринос…: „Издржи брате“ https://arhiva.vistina.com.mk/gjorgje-david-e-zarazan-od-korona-se-oglasija-i-makedonskite-pejachi-izdrzi-brate/ Fri, 27 Mar 2020 08:29:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141734

Рок пејачот и членот на жирито во„Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид на својот „Инстаграм“ соопшти дека е заразен од коронавирус. Прво, тој објави дека чувствувал симптоми на вирусот и се наоѓа во болница каде му биле направени неопоходните прегледи и тест за корона кој бил позитивен, а пејачот е заразен од „Ковид 19“. „За жал, потврдено ми е дека има Ковид 19. Не разбирам. Очаен сум. Вирусот ќе помине. Но...болница. Пекол. Како да си во затвор. Во војска. Луѓе, чувајте се...ве молам“ напиша тој на Инстаграм и од неговите колеги веднаш доби коментари со поддршка и желба за брзо закрепнување. Веднаш поддршка стигна и од македонските пејачи: Огнен Здравкоски, Дарко Даринос, Гоце Бошковски кои на пејачот му порачаа да издржи. Огнен на својот „Инстаграм“ објави заедничка фотографија со рекерот, а во описот напиша: „Пред 3 дена се слушнавме и ми кажа дека кашлал, ама не било ништо страшно, ќе се среди... После разговорот правел тестирање и денес е готов резултатот, кој покажал дека е позитивен на "Covid19". Издржи брате. Господ Бог и ние сме со тебе, ти си ЛАВ ќе го победиш ова многу брзо!!! Брзо закрепнување!!! Даринос исто така упати поддршка до Давид. „Брате мој, држи се. Господ е со тебе, сите се молиме. Ќе победиш знам, ти си борец“  напиша Дарко. Гоце Бошковски кој претходната година беше под менторство на Ѓорѓе на својот „Фејсбук“  напиша: „Брате мој. Издржи, ти си силен. Ќе го пребродиш ова лудило, знам“. За потсетување, Ѓорѓе Давид не е единствена јавна личност која има корона, и многу други познати се заразени од Ковид 19, меѓу нив Том Хенкс, принцот Чарлс, актер Кристофер Хивју, Пласидо Доминго...]]>

„Македонија има „опасни“ кандидати“: Македонците „растурија“ во „Ѕвездите на Гранд“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-ima-opasni-kandidati-makedoncite-rasturija-vo-dzvezdite-na-grand/ Mon, 02 Mar 2020 07:33:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136899

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, македонските кандидатии го воодушевија жирито и сите поминаа директно во третиот круг. Гоце Бошковски кој е под менторство на Вики Миљковиќ се претстави со песните „Странац у ночи“ од Масимо Савиќ и „Прстен и златни ланац“ од Хари Мата Хари. По крајот на неговите интерпретации, Гоце доби вкупно шест гласа односно од сите членови на жирито, а тие освен што имаа пофални зборови за неговото пеење, му упатија и комплименти и за неговиот изглед односно дека успеал да ослабне под убедувања на неговата менторка. „Си станал фраер, многу си ослабел и добро ти стојат очилата. Покрај добро пеење, мораш и добро да изгледаш“ изјави Јелена и додаде мора уште да работи на себе. Александар Јосифовски под менторство на Ѓорѓе Давид се претстави со песните „Да те богдо не волим“ од Бјело Дугме и „Лудо луда“ од Ван Гогх. И Александар ги освои сите гласови на жирито, па помина директно во третиот круг. Јелена имаше пофални зборови за Јосифовски истакнувајќи дека Македонецот отпејал како Тифа, на што се надоврза Драган Стојковиќ Босанац и истакна дека не е точно, а ова дискусија ја прекина Саша Поповиќ кој имаше пофални зборови за пејачот. „Остави ти студиско снимање. Дечкото да дојде во нашето студио и сто пати да повтори...Така да, ова е пеење во живот, еден на еден. Браво мајсторе“ истакна Поповиќ. „Морам да ти кажам кога почна да пееш во рефренот на првата песна, цела се наежив. Не знам зошто вечерва сум среќна. Можеби бидејќи сите убаво пеете и поминувате понатаму“ изјави Карлеуша. Кристијан Марковски од Гевгелија соработуваше заедно со Јелена Карлеуша и нејзиниот тим. Тој на сцената ги отпеа песните „Километри“ од Влатко Лозаноски и „Ко нам брани“ од Петар Грашо. Тој доби пет гласа, односно само Марија Шерифовиќ не му даде глас, но Кристијан помина во следниот круг. Јелена веднаш го прегрна Македонецот и му честиташе на негово поминувањето. „Како ја отпеја првата песна, браво, браво“ изјави неговата менторка. „Мене не ми се допадна првата песна. Не сакам да се компонира, а ти малку претера. Тоа е мојот став, дека си симпатичен – си симпатичен. Убаво пееш, малку ти се чудни сценските движиња, правиш нешто чудно со нозете. Но, имаш убава енергија“ изјави Шерифовиќ. Во продолжение погледнете ги настапите на Македонците. ]]>

Добра “професорка“: Maкедонците од „Ѕвездите на Гранд“ ги започнаа подготовките за вториот круг со Вики Миљковиќ https://arhiva.vistina.com.mk/dobra-profesorka-makedonskite-kandidati-od-dzvezdite-na-grand-gi-zapochnaa-podgotovkite-za-vtoriot-krug-so-viki-miljkovikj/ Wed, 13 Nov 2019 09:11:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118105

Во септември започна новата сезона на регионалното музичко „Ѕвездите на Гранд“ каде и оваа година има и македонски претставници. Како и претходната сезона, правилата во музичкото шоу остануваат речиси исти, со некои мали измени. Имено, членовите на жирито имаат и улога на ментори, па заедно со своите екипи и соработници ги подготвуваат кандидатите за следните кругови. Во оваа сезона, наместо продукцијата, има и гост – ментор кој гостува само една емисија и може да одбере некој кандидат, па во таква улога ќе ја видиме и македонската пејачката Тијана Дапчевиќ. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tijana-dapchevikj-so-neverojatna-stilska-transformacija-se-pojavi-vo-dzvezdite-na-grand-i-gi-ostavi-site-so-podotvorena-usta-foto/ Како и во досегашните сезони, така и оваа година во музичкото шоу има македонски претставници, а меѓу нив Стефан Виличковски, Марио Арангеловски, Александра Темелков, Гоце Бошковски... https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/samo-shto-se-pojavi-na-scena-publikata-go-pozdravi-so-aplauz-aleksandar-temelkov-povtorno-vo-dzvezdite-na-grand-napravi-haos/ Александар Темелков и Гоце Бошковски за свој ментор ја одбраа пејачката Вики Миљковиќ. Бидејќи наскоро започнува вториот круг на музичкото шоу, Вики Миљковиќ и нејзината екипа започнаа со подготвките на нејзините кандидати. Имено, Александар и Гоце се најдоа во студиото на Миљковиќ каде ги бираат песните за следниот круг, работат на грешките, интерпретација и целосниот настап. Темелков на својот „Фејсбук“ објави фоготафија од студиото, а во описот напиша: „Професионално се подготвуваме за вториот круг со мојот ментор Вики Миљковиќ и Ташке“ напиша Александар на заедничката фотографија. И Гоце Бошковски сподели дел од атмосферата во студиото на Миљковиќ. Инаку, добро е познато дека српската пејачка целосно е посветена на своите кандидати и има ангажирано цела екипа, односно шминкер, фризер, стилист, психолог  кои професионално и посветено работат сите заедно. Како Вики ќе ги подготви македонските кандидати и дали ќе поминат во третиот круг, останува да видиме.]]>

Ѓорѓе Давид за македонските учесници во „Ѕвездите на Гранд“: „Да се работи со Македонците е благодет“ https://arhiva.vistina.com.mk/gjorgje-david-za-makedonskite-uchesnici-vo-dzvezdite-na-grand-da-se-raboti-so-makedoncite-e-blagodet/ Mon, 29 Jul 2019 07:10:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99555

Кон крајот на месец јуни заврши регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што победата ја однесе Џејла Рамовиќ. Според правилата во новата сезона, членовите на жирито беа и ментори на кандидатите, па натпреварувачите заедно работеа со менторите. Како и секоја година, така и оваа имаше македонски претставници а меѓу нив и Огнен Здравскски, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски, Елена Миленковска, Дарко Коцевски Даринос.... Ѓорѓе Давид која ова година беше првпат во музичкото шоу како дел од екипата работеше со неколку македонски кандидати.
Во интервју за „svet – australia“ тој откри какво е чувството да се работи со Македонци. „Да се работи со Македонците е благодет, една посебна врска на благородности затоа што тоа се луѓе кои имаат слух. Тоа се луѓе кои се добро наслушани традиционална музика во која има елементи на џез, рок, поп, блуз....Мислам дека Влатко Стефановски токму на таков начин со децении твори и раскажува преку својата гитара, така да би сакал оваа година да имам уште поголем број на млади таленти од Македонија затоа што е лековита состојба да се работи со такви талентирани луѓе“ вели Давид за „svet-australia“. Ѓорѓе проговори и за Дарко Даринос, како и за Гоце Бошковски кој не стигна во полуфиналето, па Давид истакна дека била направена голема неправда.
„Мислам дека најдов нов крал на ромската музика, а тоа е Даринос од Скопје.Јас можам да работам и со луѓе кои пеат народна музика, а кога е рок ен рол музика го имаме Гоце Бошковски кој првпат го пееше „Time“ во Ѕвездите на Гранд, што пред една година никој не сонуваше дека некој ќе го пее тоа“  вели пејачот и додава:
„Мислам дека Гоце апсолутно заслужи да влезе во полуфиналето и да потпише договор со Гранд, ама јас не би бил бил јас ако не го доведам него пред Поповиќ и не го натерам да потпише договор. Јас тоа го ветив пред себе и на него“ вели Ѓорѓе Давид. Тој исто така потенцираше дека го посоветувал Гоце да се пријави и следната сезона, а поддршка ќе добие и од Ѓорѓе, но и од Вики Миљковиќ. За потсетување, следната сезона започнува во септември, а Поповиќ најави дека оваа година ќе има околу 50 нови кандидати од Македонија.]]>

Беа четворица, останаа двајца: Еве кои Македонци испаднаа, а кои поминаа во „Ѕвездите на Гранд“ https://arhiva.vistina.com.mk/bea-chetvorica-ostanaa-dvajca-eve-koi-makedonci-ispadnaa-a-koi-pominaa-vo-dzvezdite-na-grand/ Sun, 12 May 2019 09:45:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87333

Во вчерашното и најново издание на „Ѕвездите на Гранд“, во дуелите меѓу кандидатите беа и четворица Македонци: Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Стефан Величковски и Гоце Бошковски. Жирито вчерашната вечер ја нарече македонска, но не сите од нив имаа среќа да поминат во следниот и потесен круг.
Иако секој од нив беше одличен на сцената и беше тешко да се поверува дека било кој од нив ќе испадне, сепак тоа се случи.
Имено, Огнен Здравковки беше најбезбеден, бидејќи по дуелот беше директно пласиран. Но, Стефан, Маринијан и Гоце мораа во бараж.
Среќата да продолжи понатаму ја имаше само Мартинијан, додека Гоце и Стефан за жал не беа меѓу полуфиналистите.]]>