гнев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 13:38:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гнев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да се справите со гневот? Пробајте ги овие начини https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-spravite-so-gnevot-probajte-gi-ovie-nachini/ Wed, 13 Dec 2023 13:38:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330995

Кога сме лути, воопшто не постапуваме рационално. Лутината нè спречува да размислуваме правилно и да носиме добри одлуки, слично како пијан човек да не знае кога е време да престане да пие алкохол. Во такви моменти, ние ја покажуваме нашата најпримитивна страна и ризикуваме да ги избркаме сите луѓе кои мислат добро за нас. Што правите ако релативно често чувствувате лутина од една или друга причина? Психолозите препорачуваат да ги поминете следниве седум чекори.    Идентификувајте ги предизвикувачите на вашиот гнев Овие можат да бидат, на пример, злонамерни коментари на кои сте изложени на работа, несоодветно однесување на блиска личност или фрустрација што ја чувствувате заради некои ваши неуспеси.   Ставете се во позиција на личноста која ве изнервирала Откријте дали сте предизвикале лутина со некои ваши постапки, поради што сега ви ги враќа.   Обрни внимание на реакцијата на вашето тело Кога сме лути, срцето чука побрзо, лицето станува црвено, а некои луѓе чувствуваат затегнатост на мускулите на рамото.   Направете нешто што ве опушта Некои луѓе се релаксираат со медитација, други се релаксираат со музика а на многумина им треба да излезат надвор за да се смират целосно по напад на гнев. Изберете метод што ви дава најдобри резултати.   Вежбајте да се справувате со лутината Замислете типична ситуација што ве лути и обидете се да откриете што е тоа што треба да го направите за да не се вознемирите повторно кога ќе ви се случи нешто слично.   Бидете свесни дека чувството на лутина е сосема нормално Човечки е да се лути од време на време. Сè додека не ви се случува премногу често, нема причина да се грижите.   Не бидете премногу строги кон себе Во ред е конструктивно да ги анализирате своите постапки со кои навистина не сте горди, но е контрапродуктивно да потрошите многу време на тоа, особено кога ќе можете подобро да го искористите за некои повредни цели. Извор: Попара]]>

„Conspiracy“ уште на стартот се полни со – „Гнев“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/conspiracy-ushte-na-startot-se-polni-so-gnev-video/ Thu, 06 Jul 2023 12:08:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309269

„Гнев“ е прва песна на составот „Conspiracy“, кој го сочинуваат Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Александар Стефановски (тапани), Адриан Петров (гитара) и Раде Биковски (бас).   „Со оваа моќна, брза и ритмички силна композиција,  го изразуваме ставот кон денешното општество и политичките случувања коишто ја следат долгата транзиција. „Гнев“ всушност е прва наша композиција  отпеана на македонски јазик со што доживувањето и флуидот на песната меѓу нас и фановите го прави уште посилно“, велат од бендот. Оттаму додаваат дека во снимањето учествувале Стефановски и Биковски, додека миксот и продукцијата на оваа композиција се дело на тапанарот на бендот Александар Стефановски. Композицијата е мастерирана во Sierra Studios во Атина за што се погрижи Александрос Крисидис. Песната е проследена со видео запис, дело на Стефан Рајхл, додека за монтажата се погрижи Ристо Душковски. ]]>

Како да се справите со личниот гнев во љубовната врска https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-spravite-so-lichniot-gnev-vo-ljubovnata-vrska/ Thu, 14 Oct 2021 13:30:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222992

Гневот и лутењето може да предизвикаат сериозни проблеми во љубовната врска, а понекогаш тоа завршува и со насилство. Клучот за добра врска е во контролирањето на своите негативни емоции. Луѓето кои бурно реагираат, често тврдат дека не можат да направат ништо за да се смират. Но, и кога човек е уверен дека тоа не е во негова моќ, важно е да се знае оти секој може да научи како да си го управува гневот. Физичкото насилство е сериозно кривично дело и никогаш не е прифатливо како одговор на провокација. Ако сте почнале да се расправате со Вашиот партнер, има чекори што може да ги преземете за да се спречи работите да излезат од контрола. Ако сте лути, кажете го тоа веднаш и не се преправајте дека не сте лути. Зборувањето за чувствата со смирен тон навистина помага да се извади сѐ на виделина. Но, вербалниот напад никогаш не помага. Во ред е да побарате „мала пауза“ и да му кажете на партнерот да го стори истото ако е премногу вознемирен да зборува за проблемот. Кога ќе се смирите, обидете се да ја решите ситуацијата. Честопати, зад гневот има тага, повреда, разочарување или чувство на вознемиреност, на пр., оти некој „Ве зема здраво за готово“. Тоа скриено чувство е поим за вистински проблем што Вие и Вашиот партнер треба „да го испеглате“ со студени глави. Веројатно и двајцата ќе треба да направите отстапки за одредени работи. Исто така, може да има сегмент од проблемот што не сте го разгледале. Компромисот не е знак на слабост, туку сосем нормална појава во секоја врска. Се разбира, освен ако не е нешто екстремно во прашање. Извинете се, ако сметате дека треба да го сторите тоа и не го терајте партнерот да го чека тоа предолго, како вид казна. Искрено кажете дека Ви е жал. Секоја караница може да има поука, и тоа ги намалува можностите за повторна слична расправија во иднина. извор: курир.мк]]>

Целата српска јавност застана зад неа откако објави дека била силувана од својот професор по глума, а сега со една фотографија Милена Радуловиќ го навлече сиот гнев и бес на нацијата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/celata-srpska-javnost-zastana-zad-nea-otkako-objavi-deka-bila-siluvana-od-svojot-profesor-po-gluma-a-sega-so-edna-fotografija-milena-radulovikj-go-navleche-siot-gnev-i-bes-na-nacijata-foto/ Thu, 18 Mar 2021 11:44:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194915

Актерката Милена Радуловиќ се најде во фокусот на вниманието на јавноста и медиумите кога реши да направи тежок, но храбар чекор пријавувајќи гопрофесорот по глума Мирослав Мика Алексиќ за силување и сексуално вознемирување. Неколку други млади девојки кои доживеаа слична судбина од споменатиот професор, по неа  се решија на ист таков чекор. Тој чекор  на актерката го поддржа целата српска јавност, за сега истата таа јавност да го истури сиот свој бес и гнев на нејзината последна најава со лавина од навреди. Имено, актерката сподели објава на своите Инстаграм  приказни во која го поддржа пропагандниот филм „Quo Vadis, Aida? и неговата номинација за Оскар. „Кво Вадис, Аида? е филм од БиХ  кој говори за злосторството во Сребреница и е прв долгометражен филм на оваа тема. Филмот според српската јавност е, во најмала рака, исполитизиран и користен заради извртување на историјата, за да покаже дека геноцидот бил извршен од Србите во Сребреница, иако самите Обединетите нации не усвоија резолуција во 2015 година со која ќе му се наметне ова злосторство на српскиот народ. Филмот има за цел директен напад врз српскиот народ и помирување во регионот. Имено, заплетот на филмот се случува во јули 1995 година, а главниот лик е Аида, преведувачка на Обединетите нации (ООН), која се обидува да го спаси своето семејство откако Армијата на Република Српска ќе ја зазеде Сребреница. Да потсетиме, српскиот филм „Дара од Јасеновац“ не беше номиниран за Оскар, иако доби одлични критики.     ]]>

Тамара повторно „ја растргнаа“: Пејачката заедно со Бомбакис „чепкаше по старите рани“, па одново го навлече гневот на нацијата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-povtorno-ja-rastrgnaa-pejachkata-zaedno-so-bombakis-chepkashe-po-starite-rani-pa-odnovo-go-navleche-gnevot-na-nacijata-foto/ Tue, 08 Sep 2020 07:43:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166126

Кристијан Станковски или едноставно @Bombakis,  како што се потпишува, за кусо време стана вирален хит со своите довитливи написи и пароли испишани на картон, така што на неговиот Инстагарам профил преку ноќ собра над 10.000 следбеници. Од шеги и пародии за аномалиите во општеството и власта, до забавни пароли во комбинации со познатите и јавни личности, момчето гио собираше симпатиите на социјалните мрежи, се' досега... Кога Кристијан објави „картонска порака“ заедно со Тамара Тодевска,  го навлече гневот на социјалните мрежи, покренувајќи вистинско цунами од негативни коментари. Имено, најпрвин тој и Тамара пред 15-ина дена најпрвин објавија слична порака, која прозвуче симпатично: „Подобро 7-ми на Еуровизија, него први у хејт“ - напишаа тогаш двајцата. Веројатно сакајќи да ја повторат „картонската парола“ и одново да го соберат онлајн „кајмакот на популарноста“, овој пат по се' изгледа дибидус ја утнаа  работата, навлекувајќи го на себе сиот народен гнев! Имено, тој и Тамара одново на истата тема реобјавија нова „картонска порака“: „Боље да ја утнеш химната, него ли терапијата“, која за многумина прозвуче навредливо, нехумано и саркастично и тоа од две причини. Тамара „чепкајќи по старите рани“ сакала уште еднаш „да се извади“ или пошегува на своја сметка, но тоа многумина не го сфатија баш така.  Намерна или не, грешката во текстот при нејзината несреќна изведба на химната не и ја заборавија, па секое „копање таму каде што си предизвикал туѓа болка“, скапо чини. Патем, она со терапијата во времиња кога цела нација, а и не само нашава е на еден вид „терапија“ заради корона пандемијата, уште повеќе им ја закомпликува ситуацијата, па Кристијан и Тамара за час се најдоа на столбот на срамот, хејтот и омразата. Коментарите на социјалните мрежи, особено упатени на конто на пејачката, просто одново ја „растргнаа“.  Следбениците на социјалните мрежи  толку брутално и(м) возвратија, што содржината на нивните коментари просто... боли! Но, како што некој  рече за Тамара: „Кој ја тераше два пати да се сопне на ист камен?“ А за „Бомбакис“...? Попаметно ќе му беше да се држи до паролата од почетокот на текстот: „Ќути си, ду*и си“... Ама бидејќи не си ќутеше... Сега и него ќе го...!“        ]]>

Пејачката Мартина неутешна по загубата на сопругот: „Тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-martina-neuteshna-po-zagubata-na-soprugot-toj-shto-ni-ja-nanese-bolkata-mu-posakuvam-istovo-da-go-dozivee-foto/ Wed, 07 Nov 2018 09:37:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56648

Некогашната македонска поп пејачка Мартина Димовска во 2015 година, како што објавија тогаш медиумите, се омажи за „бизнисменот“ Антонио Парапулов, кој беше повозрасен од неа, на што се противеше нејзиното семејство. Сепак, Мартина во медиумите и на социјалните мрежи изјавуваше дека е пресреќна, особено откако остана бремена, а подоцна и ја роди ќеркичката Антонија.
Без оглед на тоа што во почетокот не им беше право. сепак нејзините најблиски ја прифатија одлуката на нивната ќерка и внука, по што изгледаше дека среќата и нема крај. За жал, се' до таа кобна ноќ во последните денови на септември кога нејзиниот сопруг Антонио Парапулов беше еден од починатите во возилото Сеат алтеа, кое беше изрешетамно со истрели од автоматско оружје, од до ден-денес за јавноста „непознати сторители“ од друго возило во движење.
Јавноста тогаш, а и се' уште шпекулира дека е во прашање физичка ликвидација  како последица на пресметки во скопското криминално подземје, што ги отвори сомнежите и за „другото лице“ на сопругот на пејачката. Но, како и да е тој беше нејзината љубов, животен сопатник и татко на нејзината ќеркичка која го доби истото име - Антонија.
По трагичната загуба, Мартина очигледно не може се' уште да излезе од шокот, а својата болка, тага и очај таа се обидува одвреме-навреме да ги ублажи споделувајќи ги на социјалните мрежи со јавноста.
„Душо моја... Господ нека ти ги отвори рајските порти....Господ ни даде 6 години љубов и едно мало ќеркиче.... ветувам дека ќе живеам за нејзе, а јас и ти ќе се сретнеме некогаш и негде.... ТЕ САКАМ“ - напиша таа ден по смртта на својот сопруг.
Таков е и нејзиниот последен статус, еден месец по убиството на сопругот, во кој таа покрај болката го искажала и сиот свој гнев и клетва кон душманите на нејзината среќа: „Токи мој....месец дена помина откако проклетите душмани те земаа.....Ми фалиш душичке ми фалиш Муцееее... Антониа те бара, срцево те бара!!! Знам дека не гледаш и не чуваш од горе ми даваш сила да се борам како лавица!!! Тој што ни ја нанесе болката му посакувам истово да го доживее.... Те сакаме“ - напишала Мартина.
]]>