глутен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Dec 2023 13:41:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png глутен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шест јасни симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен https://arhiva.vistina.com.mk/shest-jasni-simptomi-koi-ukazhuvaat-na-netolerantsija-na-gluten/ Tue, 12 Dec 2023 13:41:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330842

Глутенот е составен дел на многу вкусни оброци како печива, тестенини и десерти, а тоа е затоа што го има во пченицата, 'ржта и јачменот. Сепак, за некои луѓе може да биде тешко да се вари и затоа мора секојдневно да го избегнуваат. Гастроентерологот Рабиа Де Латур од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Њујорк истакнува дека покрај луѓето со целијачна болест (автоимуно нарушување во кое консумацијата на глутен предизвикува трајно оштетување на тенкото црево), има и помал број на луѓе кои развиле нетолеранција на глутен или нецелијачна чувствителност на глутен. Според студиите објавени во Gastroenterology и The Psychiatric Quarterly, оваа група опфаќа помеѓу 0,5% и 13% од населението. Тие ги имаат повеќето симптоми на целијачна болест, но не покажуваат никакви физиолошки промени, како што се оштетување на тенкото црево и неухранетост.
Сепак, постојат некои прилично јасни симптоми на нетолеранција на глутен кои не треба да ги игнорирате.
Гадење и грчеви после јадење
Гадење и грчеви кои се јавуваат после јадење оброци кои содржат глутен може да укажуваат на тоа дека сте нетолерантни на глутен. Поради оваа причина, често се предлага да водите дневник во кој ќе запишете каква храна сте јаделе и како сте се чувствувале после оброкот.
Надуеност
Надуеноста може да биде предизвикана од многу нешта, од хормони до храна како грав, но ако не го варите правилно глутенот, вашиот стомак дефинитивно може да се чувствува надуен и чувствителен.
Сува кожа
Многу луѓе со чувствителност на глутен пријавуваат кожни состојби, вклучувајќи екстремно сува кожа, осип, акни и дамки на егзема.
Губење на тежина
Ненамерното губење на тежината е еден од примарните симптоми на целијачна болест, бидејќи кога вашите црева се оштетени, не ја апсорбирате правилно храната што ја јадете. Иако нецелијачната чувствителност на глутен не ги оштетува цревата, може да предизвика да јадете помалку поради болката што се појавува.
Не се чувствувате добро
Промената на расположението или чувството на зголемена депресија или анксиозност по консумирање на храна што содржи глутен е симптом кај луѓето со нецелијачна чувствителност на глутен.
Имате проблем со меморијата
Еден од примарните невролошки симптоми пријавени од пациенти со чувствителност на глутен е таканаречената мозочна магла, или едноставно чувство како да не можат јасно да размислуваат и имаат проблем да запомнат нешта. Извор: Кајгана
]]>

Марија Шерифовиќ долго ја прогонуваше ова и сакаше да ја дознае вистината: „Така открив дека имам проблем…“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-dolgo-ja-progonuvashe-ova-i-sakashe-da-ja-doznae-vistinata-taka-otkriv-deka-imam-problem-foto/ Tue, 05 Dec 2023 08:22:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329880

Пејачката Марија Шерифовиќ е многу љубопитна и тоа многупати го покажала, а во една прилика ги изненади сите кога откри што направила за да дознае се за нејзиното потекло. Имено, минатата година таа раскажа како имала голема желба да дознае се за своите корени, поради што решила да направи ДНК истражување. - Шерифовиќ беа сериозни богаташи во Врање и тргнав да копам и да видам кои се и што се, има разни работи во градскиот музеј од моите прадедовци, но ќе дознаам, бидејќи сакам да се занимавам со тоа прецизно... Дури и јас неодамна направив истражување на ДНК за мојата генетика, од каде влечам корени. Тоа се прави преку плунка и истражувањето трае околу 45 дена, а потоа ја добивате прецизната географска локација од каде потекнуваат корените - изјавила Марија во една емисија и додала дека вака случајно дознала дека има проблем со глутенот. . - Значи, јас сум таму каде што не сум... Не сум во Кина, Австралија и Нов Зеланд, но 60,9 отсто се Грција и Балканот, што е логично со оглед на нашата историја. Таму дознав и дека имам проблем со глутенот. Забавно е да се знае од каде потекнувате. Фото: Printskrin/Instgaram/serifovic  ]]>