Глигор Цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Aug 2021 18:20:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Глигор Цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во Крива Паланка премиерно изведена претставата „Да се означиме“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-kriva-palanka-premierno-izvedena-pretstavata-da-se-oznachime/ Tue, 31 Aug 2021 18:17:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217454

На сцената на Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа премиерно беше прикажана претставата „Да се означиме“, работена по текст на младата кривопаланечка авторка Христина Ѓоргиевска, во режија на Глигор Цветковски. Современата и актуелна драмска комично-саркастична постановка на сцената ја изнесоа четиринаесет млади актери, членови на драмското студио и театар при НУЦК, а настанот го организира Центарот за култура со поддршка од Министерството за култура. – Станува збор за актуелен текст со тема што ја одбележа минатата и сѐ повеќе ја карактеризира деценијата во која живееме: актуелното неминовно современо „зло“ на асоцијацијален живот во виртуелниот свет на социјални медиуми, алиенизација и оттуѓување на блиските. Мора да ѝ честитам на авторката чијшто прв драмски текст е токму овој, за умешноста да се создадат 14 ликови со карактери и комични реплики, содржина со приказ на сите сегменти на преживеалците на совремието. Се наѕира талентот за вешто ткаење заплети и веќе договараме нови идни заеднички проекти, изјави режисерот Цветковски. Авторката Ѓоргиевска беше воодушевена од посетеноста и интересот за претставата. – Ако големиот Руски класик Лав Николаевич Толстој за неговото капитално дело „Ана Каренина“ пред два века напиша „сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“…., тогаш несомнено, од перспектива на „граѓанин на модерната ера“, жител на светот во 21 век, би додала дека секое семејство на денешнината има два света во кои егзистира: првиот, оној реалниот, опиплив и световен, каде се присутни неговото тело, лик и дело, кадешто катаден живее и се храни и вториот, оној виртуелен свет, кадешто е распространет на сите страни, со слика, лика и прилика какви што сака да претстави презентирајќи се во сјај, раскош или улога, што самиот ќе одлучи да ја глуми на големата имагинарна сцена со креираните интернет профили на социјалните мрежи. Токму драмата „Да се означиме“ е олицетворение на нашето секојдневие, на нашата изгубеност во виртуелниот свет и без перцепција за реалното, вистинитото. Еден лајк, едно „стори“ или приказна, една објава, еден статус не претвори во робови на современата технологија, а „Да се означиме“ тоа го прикажува на хумористичен, ироничен начин. Многу сум радосна и горда што моето прво дело е изведено на сцената на театарот токму во мојата родна Крива Паланка. Многу сум среќна кога за мојот град се зборува за убави и успешни дела, зашто ние сме мало, но големо по срце градче, рече Ѓоргиевска.
Порача луѓето повеќе да живеат реално, отколку виртуелно, повеќе во секојдневниот живот, отколку на социјалните мрежи и да бидат упорни во зацртаните цели бидејќи, како што рече, упорноста секогаш дава резултати.
]]>