гледај ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Oct 2020 10:57:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гледај ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Новата заедничка песна на бугарската пејачка Гери Никол и нашиот Слаткаристика претрпе тотално фијаско: Бугарите ја прогласија за евтин турбо фолк! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-zaednichka-pesna-na-bugarskata-pejachka-geri-nikol-i-nashiot-slatkaristika-pretrpe-totalno-fijasko-bugarite-ja-proglasija-za-evtin-turbo-folk-foto/ Thu, 22 Oct 2020 10:53:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172672

Долго очекуваната заедничка нова песна на бугарската поп ѕвезда Гери-Никол и нашиот Слаткаристика не и го донесе очекуваниот успех на пејачката, дури и го навлече гневот на нејзините обожаватели, кои ја категоризираа како евтин турбо фолк, а бугарските медиуми ја окаректеризираа како тотално фијаско. Фановите дури и ја опишаа како имитатор на еден од најзапазените изведувачи во фолк жанрот - Емануела. „Гледај ме“ има изразен турбофолк звук, што е забележливо уште од почетокот на песната. Текстовите исто така потсетуваат на поп-фолк-хитовите на Анелија и Емилија, со кои беше споредена и Гери-Никол. „Моќен народњак, батка“,  „Паметам колку потенцијал имаше до пред 5 години... А сега како да ја слушам Анелија“, „Очекував нешто многу повеќе! Текстот е типичен народњак , како да слушам нешто на Емануела“... - гласат само дел од коментарите на разочараните обожаватели, цитирани од веб-страницата show.bg. Што се однесува до видеото на Гери-Никол, таа долго време се потпира на она што го прават нејзините колешки  од турбофолкот. Имено, голи гради и задник, провокативни кадри и оскудна облека - пишува бугарскиот портал „HotNews.bg“,  карактеризирајќи го заедничката песна и видеото на Гери-Никол и Слаткаристика, (кого патем, не го ни споменуваат во написот), како целосно промашен проект!]]>

Слаткаристика и бугарската пејачка Гери Никол заедно во – „Гледај ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/slatkaristika-i-bugarskata-pejachka-geri-nikol-zaedno-vo-gledaj-me-video/ Wed, 21 Oct 2020 13:13:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172545

Марко Маринковиќ, алијас Слаткаристика продолжува со својата хиперпродукција. Штанцањето нови песни очигледно му оди од рака со леснотија, па Слаткар продолжува со домашните и  интернационални  дуети со повеќе или помалку познати изведувачи... Од „негови деца“ како Таско или „2 Бона“ до српско-грчко-бугарски музички соработки за добрососедство, малку поголема популарност за тезги по Софија, Варна или Банско... и заработка на некое левче, денарче или евро повеќе. Што од настапи по плоштади и клубови, што од спонзорај. Како и да е, во овие „шугави времиња“  Слаткар сепак има нова песна и тоа заедно со бугарската пејачка Гери Никол. Атрактивната убавица која на нивната сцена се  појави во франшизата од бугарската верзија на познатото музичко талент шоу “Х-Фактор“ во 2014 година, каде беше дел од тогашнта женска тинајџерска атракција, групата „Sweet 16“, каде „под свое“ ќе ја  земе познатиот бугарски рапер Криско. Останатото е помалку или повеќе познато, откако Гери ќе започне успешна соло кариера. Слаткаристика токму во дует со неа или поточно со заедничка песна насловена „Гледај ме“ ја продолжува својата соработка со бугарските музички артисти. Кој кому му гостува на песната е друго прашање, зашто Слаткар се појавува едвај само во првата минута од песната и видеото. Но како и да е, тоа што го нуди македонско-бугарското дуо изведувачи, стилски не е далеку од рамките на веќе познатото, веќе слушнато и видено од обајцата.  И музички и визуелно. Комплот од „рам-пара-рам“ битови, скокотливи стихови, провокативни кадри, до душа со умерена голотија и претерано интегриран маркетинг... „Електронската цигара“ и обајцата ја пушат. Апла реклама, ама спонзорските пари се повеќе од слатки, зашто во корона пандемијата и дефицитот на настапи,  само тие и останаа... Музиката е заеднички потпишана од Гери Никол и Слаткаристика,  текстот го пишувале Анастасија Мавродиева и Росен Димитров, надополнети со стиховите на Гери и Марко. Режисери на видеото  се Георги Салпаров и Симеон Михалков, додека аранжманот, миксот и мастерот, вообичаено ги изработил Иван Јованов - Ивајо. Како сето тоа звучи и изгледа спакувано во „Гледај ме“ можете да го проследите од видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=JH2LXtaSuro&fbclid=IwAR3og-wN5u8bK88Fzr7SCeGfyfVlzUzdG5vysm1gkKXLcrrZUpS2ZmXse4U]]>