главоболки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Mar 2022 12:51:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png главоболки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Важно е КОЛКУ, но и КОГА ве боли: Совети за луѓето кои страдаат од главоболки https://arhiva.vistina.com.mk/vazno-e-kolku-no-i-koga-ve-boli-soveti-za-lugjeto-koi-stradaat-od-glavobolki/ Mon, 28 Mar 2022 12:51:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244578

Утринските главоболки лесно може да се надминат со помош на одредени намирници, а кога се предизвикани од промена на времето помагаат некои суплементи. Ако се разбудивте со главоболка, почнете го денот со неколку јатки. Во текот на денот продолжете да ги јадете како ужинка. Здравите масти ја олеснуваат тензијата меѓу мускулите и нервите. Попладневните главоболки најчесто се појавуваат кај луѓе кои подолго време седат на стол. Предизвикани се од неприродната положба на телото. Во ваков случај најпрво протегнете се и раздвижете се, ќе забележите подобрување по неколку минути. Стресот од работната недела кулминира во петок, а во сабота веќе ги чувствуваме последиците. Доколку се случи ваква главоболка, пред да посегнете по аналгетик, отспијте околу 30 минути. Бидете мирни, на тој начин го контролирате нивото на кортизол во телото.]]>

Заборавете на таблети: Три природни лекови со кои побрзо ќе се изборите со главоболката https://arhiva.vistina.com.mk/zaboravete-na-tableti-tri-prirodni-lekovi-so-koi-pobrzo-kje-se-izborite-so-glavobolkata/ Fri, 26 Nov 2021 13:45:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=229032

Со доаѓањето на студените есенски и зимски денови, поради промената на времето кај голем број луѓе сè почесто се јавуваат главоболки и мигрени. Доколку и вие спаѓате во таа група, наместо таблети чија честа употреба не е препорачлива, пронајдете соодветна терапија од природата.

Чаеви како превенција

За навреме да ја спречите појавата на мигрена или главоболка, особено ако таа се јавува како последица на промена на времето, пијте чаеви од лековити билки како рузмарин или ѓумбир. Прелијте една лажичка сушен рузмарин со 250 мл. зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете и испијте. Чајот од ѓумбир е исто така лесен за подготовка – измешајте една лажица ѓумбир во прав со 250 мл. зовриена вода. Оставете малку да отстои, а кога ќе се излади можете да додадете и сок од половина лимон. Чајот од ѓумбир против мигрена е најдобро да го пиете додека е млак, но не се препорачува консумирање на повеќе од 4 шолји од овој чај дневно. При главоболки помагаат и чајот од маточина, камилица и магдонос.

Облоги од компири

За мигрена се препорачуваат и облоги од компири кои се подготвуваат многу едноставно. Сè што треба да направите е да исечкате сиров компир на крукчиња и да ги ставите на челото. Прицврстете ги со памучна крпа и оставете ги 10 минути, а во текот на денот повторете ја ваквата постапка барем уште еднаш.

Етерично масло од нане

При напади на мигрена, можете да користите и етерично масло од нане за масажа на слепоочниците или како инхалација. Доколку не сте во можност да купите чисто етерично масло од нане, можете да направите тинктура. Прелијте 20 грама суви листови нане со 100 мл. 70% медицински алкохол. Оставете ја мешавината да отстои 15 дена, а потоа процедете ја низ памучна газа. извор: точка.мк]]>

Доктор одговара: Еве зошто главоболките се почести во лето и како може да се спречат https://arhiva.vistina.com.mk/doktor-odgovara-eve-zoshto-glavobolkite-se-pochesti-vo-leto-i-kako-moze-da-se-sprechat/ Fri, 02 Jul 2021 12:00:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209462

Високите температури и обилните тушеви, по што останува тежок, леплив воздух, што го прави невозможнo дишењето, се климатски услови со кои се соочуваме се почесто. Последиците од ваквото време, што е невообичаено за оваа клима, многумина ги чувствуваат и тие најчесто се жалат на тапа главоболка што понекогаш трае неколку дена. „Поради ненадејни промени во атмосферскиот притисок, надворешна температура и влажност, се јавуваат метеоропатски реакции, од кои главоболките се најчести“ – објаснува д-р Александар Станиќ. „Најчесто станува збор за мигрена и главоболка од напнатост, кои се сами по себе болести, оние што не се предизвикани од други болести“ – додаде овој еминентен експерт и откри дека прегревањето на телото е предизвикувач за појава на мигрена. „Екстремните временски промени ја нарушуваат природната способност на организмот да се врати во својата состојба пред да се случат какви било промени во неговото функционирање. Топлината го исцрпува телото, прекумерното потење губи течност и електролити, телото се прегрее, паѓа артерискиот крвен притисок и сето тоа предизвикува главоболка“ – вели д-р Станиќ. Во лето, главата може да боли и од постојаното напрегање на мускулите на лицето и очите поради кривогледство на силното сонце, а ако сте подолго време на сонце, може да добиете изгореници, што исто така оди со главоболки и гадење. Предизвикувач на мигрена може да бидат и шеќери и кофеин, кои изобилуваат во газирани пијалоци, а кои повеќе ги пиеме во текот на летото. Д-р Станиќ нè советува да избегнуваме изложеност на екстремни надворешни атмосферски влијанија и да се грижиме за исхраната. „Важно е да не се нарушува внатрешната рамнотежа на организмот. На прво место, ова значи дека избегнуваме прекумерно прегревање на организмот со тоа што ќе останеме во сенка, покрај водните површини и во ладен простор. Не смееме да си дозволиме да губиме течности и електролити и затоа е исклучително важно редовно да пиеме вода и да јадеме свежо овошје и зеленчук“ – вели Станиќ за споменатиот портал. „Имајте на ум дека повеќето главоболки поминуваат спонтано, честопати без терапија. Ако не е така, немојте да се лекувате со аналгетици. Посетете лекар да утврдите за која главоболка станува збор, бидејќи од тоа зависи начинот на лекување“ – заклучува д-р Станиќ. извор: попара.мк]]>