главо луда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 Sep 2020 13:07:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png главо луда – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „2бона“ и Слаткаристика одново заедно во „Главо луда“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/2bona-i-slatkaristika-odnovo-zaedno-vo-glavo-luda-video/ Thu, 03 Sep 2020 12:59:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165717

Македонската хип-хоп, треп и РНБ група „2бона“ заедно со нивниот несуден ментор Марко Маринковиќ - Слаткаристика пред неколку дена ја издадоа песната „Главо луда“ за музичката продукција „Two louder“. На почетокот на песната, членовите на популарниот бенд, Марио Јелиќ - Кун и Антонио Стојановски - Тонито, вметнаа еден дел од песната „Главо луда“, изведена во оригинал од легендарниот Здравко Чолиќ. Менаџментот „Трипл М“ од Швајцарија, кои под своја закрила ги имаат едни од најпознатите рап и фолк-пејачи, претходно побараа дозвола од авторот на некогашниот хит на Чола од седумдесеттите години за да користат дел од  стиховите за нивниот проект. Автор на песната е Душко Трифуновиќ, кој за жал почина пред неколку години. Неговите авторски права ги наследи неговиот роднина, кој има право да ги продава, подарува и прави што сака со неговите песни. Откако му била испратена е-пошта со барање за дозвола, тој го одобрил користењето на правата. „Тоа е вистина. Во песната се пеее и споменува делот „Главо  луда“, кој звучи многу моќно. Ги добивме сите права да го користиме, се надеваме дека песната ќе и се допадне на публиката. Имајќи предвид дека песната е објавена само пред некој ден, ние сме многу задоволни од бројот на прегледи на Јутјуб, како и од пофалбите што ги добиваме од ден на ден, од минута во минута“ - рекоа Марио и Антонио. Слушнете како звучи новата песна на скопските трап/хип-хопери кои заедно со Слаткаристика се автори на музиката и стиховите, додека видеото за „Главо луда“ го реализирал Дарко Манасиевски - Желе: https://www.youtube.com/watch?v=3MaG1Us5Npo&feature=emb_logo]]>