главна улога – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Dec 2022 11:42:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png главна улога – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Милица наместо Милица: Една позната пејачка ја менува другата во главната улога во втората сезона од серијата „Певачица“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/milica-namesto-milica-edna-poznata-pejachka-ja-menuva-drugata-vo-glavnata-uloga-vo-vtorata-sezona-od-serijata-pevachica-foto/ Tue, 27 Dec 2022 11:42:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281811

Милица Павловиќ, која во првата сезона ја играше Ивана во серијата „Певачица“, во второто продолжениие ќе ја игра нејзината колешка Милица Тодоровиќ. Имено, во првата сезона на познатата серија, Павловиќ маестрално ја толкуваше улогата на млада пејачка која на почетокот на кариерата се препушти на сериозен порок и падна во канџите на дрогата. На крајот на првата сезона доаѓа неочекуван пресврт кога таа ќе почине, а според српските медиуми во втората сезона ќе се појави Милица Тодоровиќ која наместо Павловиќ ќе ја игра главната женска улога. Одлуката за ангажирање на Милица Тодоровиќ во серијата ја донел Игор Ѓорѓевиќ, кој ќе ја режира и втората сезона. „Игор брзо се одлучи за неа. Таа му покажа дека освен да пее, може и многу добро да глуми. Брзо сфати што треба да се направи, беше многу професионална и тоа му се допадна на Игор. Покрај режијата на серијата, Игор ќе продолжи да го игра инспектор Раде“, вели изворот, додавајќи дека снимањето на втората сезона веќе започнало. „Првата клапа падна пред неколку дена во Белград. Снимањата почнаа со полна пареа и ќе работи три месеци, а Милица ќе го има нејзиното прво снимање за три недели. Втората сезона од серијата ќе има 12 епизоди, а улогите покрај Милица Тодоровиќ и Игор Ѓорѓевиќ ќе ги толкуваат и Јелена Мур, Златан Видовиќ и Милош Тимотијевиќ. Фото: Инстаграм принтскрин/milicatodorovicoff/senoritamilica]]>

Македонска турбо-фолк класика во џез варијанта: Игор Џамбазов сними спот за „култ(ивира)ната“ „Жаклина“, а познатата скопска професорка е во главна улога (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonska-turbo-folk-klasika-vo-dzez-varijanta-igor-dzambazov-snimi-spot-za-kultiviranata-zaklina-a-poznatata-skopska-profesorka-e-vo-glavna-uloga-video/ Tue, 27 Sep 2022 08:29:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251934

Игор Џамбазов на социјалните мрежи уште кон крајот на мај 2022 сподели видео од снимањето на обработката на еден стар македонски, некогаш новокомпониран фолк хит. Помладите и денес го пејат, а повозрасните се сеќаваат и кога се појави „Жаклина“, некаде во 1990/91 година, испеана од некогашниот рокер („Мадригали“, „Трн во око“), подоцна познат битолски фолкер Цане Николовски како главен вокал на тогашната фолк група „Елита“. Песната беше прогласена за фолк хит на годината, а нејзината популарност и денес не стивнува, па „Жаклина“ ја пејат и старо и младо, на свадби, семејни веселби, прослави… Или само онака, на вообичаен провод по различни локали и кафеани.
Во почетокот на месец ноември ланската, 2021-ва година, Игор Џамбазов  влезе во студиото „Алшар“ одново да ја снима споменатата „Жаклина“,  македонска турбо-фолк класика. Тогаш на рокерите, блузерите, џезерите… на сите што го знаат и познаваат Џамбаз  им се исправи косата, како тоа токму тој да се прешалта во ним „омразената“ музика? Од блузер – турбофолкер? Не ќе да е можно!? И не е! Ама е изводливо!  Така,  македонска турбофолк класика доби и своја џез варијанта. Досега само музичка, а отсега и визуелна! „Конечно!!! Го завршивме спотот за 'Жаклина'. Некогашниот огромен фолк-хит, доби и своја џез верзија во аранжман на Симеон Ангеловски. Спотот е во режија на , во продукција на Гоце Трајковски. Улогата на Жаклина ја толкува професорката Татјана Алексиќ. Камера - Тони Величковски, светло - Меанџи - Сашко Стојановски. Благодарност до Кинотека на Македонија (каде што е сниман спотот)“ - напиша тогаш Џамбазов на својот Инстаграм обзнанувајќи дека наскоро ќе следува и промоцијата на новата „Жаклина“. Освежена, подмладена, во ново руво, со нов лик...! „Жаклина ривајвал“…! Во меѓувреме, едно видео на веќе готовата џез верзија на „Жаклина“  на која во неговата џез ривајвл варијанта Џамбазов и додаде и цела една, нова строфа со свои стихови, веќе беше емитувано во рамките на новогодишната програма на МТВ. На сето ова, по пременото емитување на спотот се надоврза и споменатиот главен  лик во видеото, познатата македонска професорка, ТВ автор и водител, Татјана Алексиќ со свој коментар на Фејсбук: „Ах мори Жаклино чупе битолско, ја помниш ли игранката во Домот на културата... Премиерно спотот, џез преработка на песната 'Жаклина'! Благодарам на довербата, учителката е цепки, ама со Џамбазов сѐ изгледа светски“ - сподели професорката најавувајќи го видеото“. Проследете како звучи и изгледа официјалната верзија на култ(ивира)ната верзија на „Жаклина“ (КЛИКНИ ТУКА): Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Прија добива најдобар учител по глума: Само се чека пејачката да ја прифати главната улога во „Пејачка“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prija-dobiva-najdobar-uchitel-po-gluma-samo-se-cheka-pejachkata-da-ja-prifati-glavnata-uloga-vo-pejachka-foto/ Thu, 18 Jun 2020 08:35:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154327

Александра Пријовиќ започнува со часови по глума заради улогата во новата серија „Пејачка“, која зборува за животот и смртта на нејзината колешка Јелена Марјановиќ, а која ја потпишува режисерот Предраг Гага Антонијевиќ. Со оглед на тоа што станува збор за високобуџетен проект, Антонијевиќ ветил дека ќе и обезбеди на Пријовиќ најдобар професор кој ќе ја обучи за оваа улога на најлесниот и најбрзиот начин, а тоа најверојатно ќе биде некој професионален актер. Ако снаата на Боба Живојиновиќ ја прифати улогата, затоа што таа сè уште се двоуми поради емотивната реакција на ужасната судбина што ја снајде нејзината колешка, која беше убиена на 2 април 2016 година на насипот во Борча,  таа ќе посетува часови по глума. До душа Прија веќе се испроба како актерка во серијалот „Убијците на на мојот татко“, каде што играше пејачка,  лик по име Мила. Но, таму таа имаше епизодна улога и не земаше часови за глума, па многу експерти го окарактеризираа нејзиното појавување во серијата како лаичко и незабележително. Сепак, во серијата „Пејачка“, таа ќе ја има главната улога и ќе мора да ги совлада сите техники на актерската вештина.]]>

Ташко Каранфиловски и посвети песна на сопругата, а во спотот и ја додели главната улога – “Само едно ми е важно” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tashko-karanfilovski-i-posveti-pesna-na-soprugata-a-vo-spotot-i-ja-dodeli-glavnata-uloga-samo-edno-mi-e-vazno-video/ Mon, 04 Nov 2019 13:59:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116437

Фолк пејачот Ташко Каранфиловски сними видеоспот за песната “Само едно ми е важно”. Станува збор за љубовна песна, во брз  ритам чија музиката и аранжман ги направи Славко Ристески, а стиховите се дело на Огнен Неделковски.   Ташко при гостуваше во студиото на ИН ТВ јавно откри дека песната е посветена на неговата сопруга Мартина, која воедно го толкува и главниот женски лик во видеото. „Песната 'Само едно ми е важно' е наменета за неа, таков е и текстот. Морам да кажам дека песната сакав да ја испеам на  Валандовскиот фолк фестивал, но беше одбиена. Затоа ете денес дојде ред за неа да снимиме и видео. Мартина одигра супер, за прв пат се појавува во спот па се надевам дека ќе им се допадне на гледачите“- раскажува Ташко, во неодамнешното интервју. Снимањето на спотот се одвивало во хотелот Инекс Горица, лоциран на охридското крајбрежје, а видеото го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција. Спотот е веќе пуштен во етер, а премиерно беше прикажан на сателитската ИН ТВ.   Во продолжение погледнете го и вие: https://www.youtube.com/watch?v=zYTKbYVtnco]]>