гласови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Dec 2022 07:55:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гласови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На Македонците им тргна во “Ѕвездите на Гранд“: Струмичанката Ангела го воодушеви жирито со својот талент, а уште повозбудливо за време на нејзиниот настап беше зад сцената (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedoncite-im-trgna-vo-dzvezdite-na-grand-strumichankata-angela-go-voodushevi-zirito-so-svojot-talent-a-ushte-povozbudlivo-za-vreme-na-nejziniot-nastap-beshe-zad-scenata-video/ Mon, 12 Dec 2022 07:55:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279422

Македонија е непресушен извор на теленти, а тоа досега многупати се покажа со нашите кандидати кои учествуваат во регионалните музички шоуа. Еден од многуте такви примери е и струмичанката Ангела Котуровиќ која се претстави во актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Меѓу натпреварувачите од 6-тата емисија се претстави  и Ангела со песните „Бато“ од Калиопи и „1003“ од Тамара Тодевска. Она што беше фантастично за нашата Македонка е тоа што таа ги освои сите гласови од жирито што е реткост. Оваа нова сезона од „Ѕвездите на Гранд“ која се уште нема македонска ТВ фреквенција каде се прикажува, има доста квалитетни македонски натпреварувачи кои се гордост за македонските гледачи кои шоуто го гледаат преку интернет или на останатитерегионални телевизии. За време на изведбата на песната „Бато“ на Калиопи, водителот Воја Недељковиќ имаше необична ситуација зад сцената со која не знаеше како да се справи. Имено, синчето и сопругот на натпреварувачката беа зад сцената да и дадат поддршка, а поради гласната музика или непознатото опкружување, бебето почна да плаче. – Не плачи, мама има четири гласа – Воја се обиде да го смири бебето и продолжи: – Ќе биде добро, кукле. Нема да ѝ кажат ништо лошо! По втората песна „1003“, Ангела ги доби сите осум гласови на стручниот тим на најгледаното музичко натпреварување. – Браво, кукла – извика речиси едногласно жирито, а Саша Поповиќ веднаш го вклучи видео бимот од бекстејџ. – Уф – извика вознемирено жирито кога го видоа бебето. – Дали плачеш од среќа? Види која среќа имаш, осум гласа. Дали и тато плаче малку од среќа? Него можам да го држам ако плаче, но не можам тебе да те држам – му рекол Воја на сопругот на натпреварувачката, што ги насмеа сите. -Беше добра, имаш потенцијал. Добро е, ќе работиме и ќе имаме добар пат – ѝ кажа Марија Шерифовиќ на Ангела која се надеваме дека со ваков потенцијал ќе ја гледаме до финале. Настапот на Ангела Котуровиќ можете да го погледнете од видеото на 54:00 фото:Јутјуб принтскрин]]>

Мими Јовановска потфрли во „Ѕвездите на Гранд“, а по лошите критики од жирито се огласи на својот Инстаграм (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-jovanovska-potfrli-vo-dzvezdite-na-grand-a-po-loshite-kritiki-od-zirito-se-oglasi-na-svojot-instagram-video/ Mon, 01 Feb 2021 08:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187510

Во третиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кандидатката Мими Јовановска од Велес ги освои сите шест гласови од жирито и директно се пласираше во четвртиот круг. Тогаш таа со својот вокал ги увери ѕрпските ѕвезди во улога на судии, дека пеењето е нејзина силна сррана. Марија Шерифовиќ и кажа дека пее точно како швајцарски часовник, додека Вики Миљковиќ и рече дека нејзиното пеење е како лек за душа. Но, во своето најново претставување во четвртиот круг, младата 20 годишна велешанка потфрли во изведбите. Имено, ментор на Мими е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, па по се изгледа не и појде одрака да ги изберат вистинските песни кои и одговараат на Мими. Овој пат таа доби само три гласа, но за среќа се извади поради претходното одлично претставување, па Саша Поповиќ и даде зелена карта за понатаму. Незадоволството на лицето на натпреварувачката беше очигледно, но веројатно оваа ќе и биде дополнителен поттик за следното претставување. -Уште еден настап во низата на сцената на Гранд. И покрај тоа што не го добив својот максимум, поддршката од вас и овој пат не изостана. Ви благодарам од се срце и ви ветувам дека во следниот круг ќе ги оправдам вашите очекувања, им порача Мими на своите следбеници и поддржувачи. ]]>

По поправената грешка, ова се гласовите на белоруското жири на Евровизија https://arhiva.vistina.com.mk/po-popravenata-greshka-ova-se-glasovite-na-beloruskoto-ziri-na-evrovizija/ Thu, 23 May 2019 11:02:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89407

Европската радиотелевизиска унија ја призна грешка во текот на собирањето на гласовите на жирито во финалето на Евровизија. Имено до проблеми дошло поради жирито од Белорусија кое поради коментариње пред самото финало било распуштено поради што морало да се пронајде алтернатива како ќе се соберат гласовите. Секако, промената на гласовите не придонесе промена во победата на Холандија.
За тоа одлучи ЕВУ, а конечниот резултат на гласови е направен така што ги земале државите: Арменија, Русија, Грузија и Азербијџан и погледнале како поминале финалистите кај нив и ги пресметале просечните резултати. По промена и направената грешка, гласовите на белоруското жири се следните: 12 поени – Малта 10 поени – Македонија 8 поени Кипар 7 поени – Италија 6 поени – Холандија 5 поени – Азербејџан 4 поени – Швајцарија 3 поени – Грција 2 поени – Шведска 1 поен – Русија Со оваа промена Македонија е на прво место според гласовите на жирито и на седмо место според гласовите на публиката. Кипар, Малта, Франција и Словенија исто така забележаа промена на местата во финалето, Србија од 17 место, сега  е на 18. За потсетување, на 64 издание на Евровизија победи Холандија.]]>

Евровизиски поглед од зад „шарениот политички витраж“ https://arhiva.vistina.com.mk/evroviziski-pogled-od-zad-shareniot-politichki-vitraz/ Tue, 21 May 2019 12:41:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88945

„Настапот на Тамара на последното издание на Евровизија во Израел го остави популарниот музички свет воодушевен: речиси се неподелени оценките на многу европски музички експерти дека таа ја имаше една од најдобрите песни на фестивалот, во секоја смисла, вклучувајќи ја не само нејзината пејачка интерпретација, туку и нејзиниот сценски и, воопшто, целосен настап на оваа меѓународна гала манифестација“  – пишува новинарот  на 1ТВ и колумнист Сашо Орданоски  во својата последна колумна насловена:  „Тамара во челустите на политиката“ за Цивил медиа.мк!
И ако не  100%, барем  80-90%  е така. Недостасуваа детали врзани за  осветлувањето, анимациите во видео делот, кореографија, придружните вокали кои не ги ни видовме во преносот, па слободно можеа да бидат и снимени во матрицата за да не правиме фазла трошоци, кога веќе не ги покажавме... На Евровизија постојано водиме екипа  и со неа  „100 беспотребни приврзоци“, а не носиме режисер кој ќе го осмисли и режира пакет -перформансот во тие 3 минути на сцената! Но, тоа е друга тема на муабет... Останатото беше маестрално и апсолутно кореспондира со констатацијата на Ордановски. Она што не е „црно-бело“ , поточно многу повеќе „црно“ отколку „бело“, а  Ордановски се обидува да ни го претстави „во боја“, секако гледано низ призмата на неговите „розови очила“ , се неговите немузички анализи „во челустите“ на неговата  колумна. Англичаните ни дадо 12-ка, а  „Би – Би – Си“  излезе со неколку свои констатации. Едната од нив  и онаа дека оние кои не знаеле каде географски се наоѓа нашата земја, вечерта научиле.  Очигледно, некој ептен споро учи...  Или барем баеги заостанува. А, тоа што тие ја измислиле поп музиката, ништо не значи. Да значеше, не ќе беа  последни! Впрочем,  истиот  тој  „Би-БИ-Си“ и  си го призна самиот тоа. Дека таканаречената „Голема евровизиска четворка“, оддамна веќе не е (толку) голема... Нивниот пласман, само ја потврди тезата.
А, признаа и уште нешто, што е многу поважно:  Дека Евровизија не може без политика! Таму, ама и дома! Се согласуваме дека е навредливо и недоветно да го славиш фактот дека таа вечер Тамара не победи само затоа што пееше за Северна Македонија, а при тоа истата таа Тамара го направила најголемиот успех за татковината. Та како и таа да се вика, по твоја волја или не, крстена како што сакаш, или прекрстена како што несакаш...  Таа е, твоја е! Наша! Македонија! Ама исто така е недоветно и уште посрамно да удриш со сета сила и жестина по оние кои не мислат како тебе, та биле дома или од дијаспората. Да биде уште пострашно, Ордановски ги заплеска само Македонците иселени од Македонија. Па нели сме мултикултурно општество,   исполнето со богатството на „прекрасниот витраж“ ( Папата Франциск –н.з.) што го претставува секоја современа, победничка државна заедница на граѓани? Тогаш зошто само кон Македонците иселени од Македонија го вперуваш прстот за „целата таа националистичка фрустрација?“  Зарем ширум Европа се немаат иселено и стотици илјади Албанци, на пример,  од заедничката татковина? Каде е тогаш нивниот  „патриотски“  СМС глас за Тамара? Или тие си гласаа за својата претставничка од Албанија? Зарем таковината не е заедничка за сите, па и за нив? Или тие заминале на гурбет од мака, а Македонците од  фрустрација? Или пак тука имаме „лична математика“  и овие факти е подобро да ги премолчиме, па најдобро е да удриме по оние кои никако не ни се вклопуваат во „математиката“?  Овие другите, исто така се тука кога треба да се гласа... Ама не на Евровизија, туку на избори! Само тогаш кога треба да се подели власта се вади „шарениот стаклен витраж“  полн со мултиетничко и мултикултурно шаренило?  Вака, кога  витражот се сведува на поглед- секој во своето огледало, најдобро е плукнеш во него. Ама ако подобро погледнеш, така плукаш и во својот одраз или поточно по себе! Конечно, можеби Македонците не гласаа за Северна Македонија, зашто пред да замнинат од Република Македонија  ги слушаа(т) само Лукас, Цеца, Јеца...? Зашто освен „Гранд“ и „Пинк“,  друг тип на забавно-музички шоуа и емисии од домашен карактер не им понудивме. Оти нема простор од  бесконечните турски серии и Вашите секојдневни, убиствено здодевни дебати... Речиси на сите национални телевизии!
„Чудна е оваа 2019 година. Македонија и Тамара шампионски поминаа на Евровизија“ – заклучува Ордановски. Како прв пат да ја откриваме Тамара која во оваа „прекрстенава“ како и во онаа „крстената“ Македонија егзистира цели 25 години на естрадната сцена и по трет пат се појавува на Евровизија. Ама како што вели и „Би-Би- Си“ – Евровизија не може без политика. Таму, ама и локално – дома. Па така, на успехот на Тамара и евровизискиот тим им се пришлепа половина влада. Немаше чочек, ама затоа имаше аеродромски дочек на пејачката од страна на министрите.  За први да се пофалат со големиот евровизиски успех на „Северна Македонија“... Демек видете, одма е друго... Ни тргна! Не дека ова не е успех, туку е и досега најголем, ама сите нас ќе остане да не мачи една голема недоумица: „Ќе беше ли ист пласманот на Тамара и евровизискиот тим, доколку се’ беше исто: и песната и екипата и пејачката и настапот..., а само името на државата и натаму „нерешено“ во спорот со јужниот сосед? Ќе ни делеа ли тогаш Британците и останатите „велики“ сили 12-ки како од ракав, ако и натаму бевме F.Y.R. Macedonia?  Или ова е само естрадно-забавното парче од „колачот на благодарноста“ на Европа кон нас, за спуштените гаќи? Пардон, за свитканата кичма?!“
Да, како што резимира Ордановски, веројатно и формално ќе станеме членки на НАТО. Оти им требаме. Беспрекорно го дочекавме Папата во Скопје. Прашање е само зошто Папата дојде токму сега? На демократски избори за прв пат добивме неоспорен претседател на Републиката... Секако, со по кој знае кој пат „гласовите од витражот“. Оти без нив, ќе беше претседателка! Датумот за почеток на преговори со ЕУ ни се насмевнува годинава… Иако шансите повторно да останеме „насмеани“ се исто толку големи! Ако се случи и Нобеловиот комитет да се истакне во декември, 2019 ќе влезе во Гинис за Република Северна Македонија. А и не мора... Зашто ние веќе сме во влезени во Гинис, како единствен пример во светот: Земја што самата себе си си го сменила името, си се „прекрстила“, против волјата на народот! Па, кој сака да сече вени – бујрум!  Кога веќе  „не се сечеа глави“... на време! Се разбира, не со гилотина!
 ]]>