гласно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 03 May 2018 11:35:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гласно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Имај ВИЗИЈА – „Убиј ја тишината“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/imaj-vizija-ubij-ja-tishinata-audio/ Thu, 03 May 2018 11:35:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24870

Песната  „Убиј ја тишината“ од македонскиот бенд  „Визија“ која е дел од нивниот прв студиски албум „Гласно!“, е објавена на нивниот официјален канал на Јутјуб и е достапна за бесплатно преслушување. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).
„Визија“ досега има настапено на дел од најголемите балкански фестивали како што се  „Егзит“, „Гитаријада“, „Лејк-фест“, „Миксер“ и нашиот „Таксират“, а одлични критики доби и од американското радио „Даблју-ем-би-ар“ (WMBR) и од британската музичка страница  „Имрџинг инди бендс“ (Emerging Indie Bands). На нивниот канал на Јутјуб наскоро ќе бидат објавени и другите песни од албумот првенец, а веќе во подготовка е и материјалот за неговиот наследник. Бендот одржа и свој концерт во рамките на ревијалната програма на 31. издание на „Рок-фест 2018“,  на 28 април во МКЦ. https://www.youtube.com/watch?time_continue=92&v=VlsKufVGxdc  ]]>

Зошто е добро да бидете гласни за време на сексот? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-e-dobro-da-bidete-glasni-za-vreme-na-seksot/ Thu, 23 Nov 2017 12:36:32 +0000 http://vistina.mk/?p=4608

Сетете се кога последен пат толку многу се опуштивте за време на сексот што заборавивте колку сте гласни… Повеќето двојки, од различни причини, дали поради децата, родителите или комшиите, се трудат да бидат што е можно потивки во нивните сексуални активности, иако би сакале да биде сосема спротивно. Гласниот секс е одличен за вас и за вашиот партнер, а ова се само неколку причини зошто следниот пат треба да ги оставите инхибициите пред прагот на спалната соба: Подобра комуникација со партнерот Ако гласно ги искажувате пред партнерот вашите желби и чувства, тој ќе знае што сакате и дали го прави она што го сакате, а што прави погрешно. Ваквата комуникација дефинитивно ќе го подобри квалитетот на вашиот сексуален живот, но и ќе ја зацврсти вашата врска. Гласен секс значи опуштен секс Заборавете на комшиите, на отворениот прозорец, на сѐ. Сексот е здрава и природна работа и нема зошто да се воздржувате од уживање. Кога сте гласни, значи дека сте потполно опуштени, а тоа значи дека и потполно уживате. Сосема поинаков начин на уживање Кога целосно ќе се опуштите, тогаш целосно се препуштате на задоволството и партнерот е свесен дека уживате. И колку многу уживате. Воздишките и викањето  (секако, кога се искрени и вистински) се најточниот барометар за уживањето. Тоа дополнително ќе го стимулира партнерот, што значи: двојно уживање.]]>