гласни жици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Nov 2023 07:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гласни жици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тања Савиќ мора на итна операција – еве со каков проблем се соочува пејачката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tana-savik-mora-na-itna-operatsija-eve-so-kakov-problem-se-soochuva-pejachkata-foto/ Fri, 03 Nov 2023 07:52:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325213

Пејачката Тања Савиќ наводно итно мора да оди на операција на гласните жици, тврдат нејзини блиски соработници. Имено, фолкерката неодамна поради здравствената состојба го откажа настапот во Словенија, а потоа и сите останати во следниот месец за да се справи со проблем со гласот. -По којзнае кој пат ѝ „пукна“ гласот, па мораше да ја откаже свирката. Кога добила температура, Тања отишла на лекар и состојбата е алармантна. Ова не е првпат да и биде понудена операција. Минатиот пат се однесуваше многу неодговорно и штом состојбата малку и се подобри, продолжи да пее наместо да ги слуша лекарите и што поскоро да се оперира - вели извор близок на пејачката. - Сега таа беше доста исплашена. По Словенија, таа веднаш ги откажала сите други тезги кои ги закажала за следниот месец за да реши некој здравствен проблем. Прво, треба да ја стабилизира температурата и да ја доведе во нормална состојба. Инаку, пред неколку дена Савиќ и се обрати на публиката преку видео на Инстаграм. - Драги мои, имам важна најава, можете да слушнете како ми е гласот, поради тоа морам да го откажам настапот во Словенија, се радував на тој настап, знам дека и вие се радувавте, но не можам да пеам вака. Не смеам да пеам, имам температура. За еден час одам на лекар на преглед. Не знам што ќе ми кажат - изјави тогаш Тања Савиќ, а подоцна веќе не се огласи.]]>

Итно опериран: Пеѓа Меденица се соочи со сериозен здравствен проблем https://arhiva.vistina.com.mk/itno-operiran-pega-medenitsa-se-soochi-so-seriozen-zdravstven-problem/ Tue, 21 Mar 2023 11:03:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=294296

Пејачот Пеѓа Меденица е итно опериран, а поради операцијата мораше да ги откаже сите настапи. Имено, според српските медиуми, Пеѓа ги оперирал гласните жици, операцијата поминала добро, а пејачот моментално не може да зборува. Инаку, Пеѓа е во брак со Јована и во љубовта уживаат веќе 24 години, а таа речиси никогаш не се експонира во јавност. Сепак, неговите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм имаат можност да ја видат на некои негови фотографии. -Не ја кријам сопругата, ниту имаме некаков договор да не се појавуваме заедно на јавни места, едноставно така е, не и се мешам на жена ми во работата - изјави тогаш Меденица.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Pedja Medenica (@medenica_pedja)

Пеѓа моментално во закрепнувањето ја има најголемата поддршка од саканата која е постојано до него. фото:Инстаграм принтскрин/јутјуб]]>

Славица Ќуктераш се поздрави со својата публика… на (не)одредено време: Пејачката на хоспитализација (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/slavitsa-kukterash-se-pozdravi-so-svojata-publika-na-ne-odredeno-vreme-pejachkata-na-hospitalizatsija-foto/ Tue, 14 Mar 2023 11:16:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293240

Пејачката Славица Ќуктераш им се обрати на своите следбеници на Инстаграм и откри дека има проблеми со гласните жици. По опсежните медицински прегледи, сите настапи беа откажани, а пејачката се огласи со следниов напис: „Како пејач, најтешкото нешто што може да ти се случи е да ти се каже: „Не можеш да пееш!“ И не зборувај преку ден, зборувај тивко, само ако треба. Инхалации со кортикостероиди, адреналин, пантенол и разни други средства. Цигари ни случајно (тука  качувам плус 10 килограми за еден месец сигурно). Искрено, ова ми беше најтешко кога вечерва од ОРЛ слушнав дека имам задебелување на гласните жици и дека треба со голема дисциплина да работиме на нивното закрепнување. Малку е да се каже дека сум тажна, бидејќи првпат ова ми се случува и дека настапите се откажуваат додека не закрепнам целосно“ - сподели пејачката. Славица Ќуктераш од 2020 година има бројни здравствени проблеми, но и лоша среќа. Откако се заразила со коронавирусот, пејачката набрзо развила гнојна ангина и била хоспитализирана. Исто така, на Ќуктераш и беше оштетен слухот по короната, за што таа зборуваше исто така на Инстаграм. Славица во 2021 година повторно заболела од Ковид, но истата година го повредила и окото и морала повторно да биде хоспитализирана. Фото: Инстаграм принтскрин/cukterasslavica]]>

Српската фолк легенда доживеа катастрофа: Тозовац повеќе никогаш не ќе може да пее? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-folk-legenda-dozivea-katastrofa-tozovac-povekje-nikogash-ne-kje-moze-da-pee-foto/ Mon, 23 Nov 2020 11:43:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177489

Легендата на српската фолк музика, Предраг Живковиќ - Тозовац во мај минатата година ја оперираше каротидната жлезда, а набргу по операцијата изјави дека е добро и дека нема сомнеж дека ќе може повторно да пее. За жал, Тозовац сега рече дека повеќе нема да имаме можност да го слушаме, барем не во живо, бидејќи тој остана без својот прекрасен глас. „За жал, лекарите ми ги уништија гласните жици за време на операцијата. Отпрвин имав проблем и со говорот, но за среќа тој ми се врати. Сега зборувам нормално, но не можам да пеам. Сега можам само да потпевнувам“ - вели пејачот и додава дека тој одбил да оди на операција на гласните жици. „Тие ми предложија интервенција на моите гласни жици, но јас сум скептичен. Се надевам дека со тек на време ќе се опорават самите. Да бев неколку децении помлад, веројатно ќе страдав затоа што не можам да пеам, бидејќи музиката е мојот живот“ - рече Тозовац. Човекот кој ги отпеа легендарните песни „Јеремија“, „Влајна“, „Празна чаша“, „Ваму цигани“... истакнува дека би сакал повторно да го земе микрофонот во раце, но додава и дека по операцијата продолжил да живее како да има 20 години. „Се надевам дека мојот глас некако ќе се врати. Да ја немам таа надеж, до сега ќе умрев“ - изјавил Предраг Живковиќ - Тозовац.]]>