гласна куќа весна петрушевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Oct 2019 14:02:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гласна куќа весна петрушевска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почна да се емитува македонската ситком серија за тинејџери „Гласна куќа“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-da-se-emituva-makedonskata-sitkom-serija-za-tinejdzeri-glasna-kukja/ Tue, 29 Oct 2019 14:02:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115159

Вчеравечер, 28 октомври, во 19 часот и 15 минути, на „ТВ 24“ почна да се емитува „Гласна куќа“, првата тинејџерска ситком-серија, во продукција на КМК продукција, заедно со Актерската школа на Весна Петрушевска. Сценариото е на Димитар Банов, а режијата е на Петрушевска. Серијата е плод на работата на првата генерација ученици во актерската школа на првенката на Македонскиот народен театар. Музиката и текстот во најавата се на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Никола Перевски Пере. Модерната македонска тинејџерска телевизиска серија „Гласна куќа“ ќе биде задолжителна и за родителите, вели Виолета Дамевска-Ѓоргиева, продуцент на проектот. „Не само што сметаме дека ќе ја гледаат, туку како родител сметам дека е оваа серија е задолжителна и за родителите, бидејќи содржината на проектот е многу искрена и реална. Така ќе им помогнеме на родителите да ги запознаат своите деца и нивната реалност, нивните желби, стравови и предизвици одблиску“ - вели Дамевска-Ѓоргиева. Досега се снимени 10 епизоди, а по излегувањето во етер и мал одмор од продукцијата најавуваат дека ќе почнат со подготовки за втората сезона која веќе има и свој облик.  ]]>