глас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Jan 2024 10:02:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png глас – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Калиопи пред камери проговори за тешките моменти кога го изгубила гласот, а лекарите среде операција наишле на феномен (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/kaliopi-pred-kameri-progovori-za-teshkite-momenti-koga-go-izgubila-glasot-a-lekarite-srede-opratsija-naishle-na-fenomen-video/ Tue, 23 Jan 2024 10:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335791

Нашата поп дива Калиопи годината зад нас ја заврши со многу интервјуа за домашни и регионални медиуми, почестени бевме и ние со едно ексклузивно интервју за Вистина.ком.мк, а сега Новата 2024 таа повторно ја почнува со исповед пред камери во шоуто „Еден на еден“. Зборуваше за многу нешта кои водителот Жаре ја потпраша, од кариера до приватност со сегашноста и минатото, а меѓудругото таа откри и за тешкот период од нејзиниот живот кога живеела во Швајцарија, се уште била со презиме Грил, односно во брак, а тoгаш поради силни стресови се случило психосоматски да почне постепено да го губи своето најсилно оружје- гласот. -Имав сериозен проблем психосоматски, почнав постепено да го губам гласот и за голема среќа што во тој период живеев во Швајцарија. Во Базел постоеше и се уште постои доктор Јозеф Сопко, голем стручњак, оториноларингологист, хирург и професор на Универзитетската клиника во Базел и бев на консултации со повеќе доктори и секој од нив ми велеше одете кај професор Сопко. Дефинитивно тој се обиде низ пат на некои терапии, месец, два, доаѓам и ме гледа, госпоѓо Грил јас не можам да ве излечам, зашто не можам да ја излечам вашата душа. Тој го гледаше тоа задебелување на десната гласна жица и реши да го среди тоа со ласер на операција. Кога се разбудив од операција многу ми беа тешки тие моменти бидејќи гласот ми беше мене се’. Значи буквално се’! Вториот ден кога се разбудив дојде сестрата и ми рече дека професор Сопко ме очекува во неговиот кабинет, не смеев да зборувам. Доаѓам таму и тој ми вика, госпоѓо Грил, ние вашата операција ја снимавме, затоа што наидовме на еден феномен, рече задебелувањето го тргнавме, ќе бидете добро, гласот ќе ви се врати ама вие имате дупла гласна жица. Мојата десна гласна жица е дупла. Она што тие го снимиле ме замоли дали ќе може да го презентираат на некој симпозиум, бидејќи такво нешто во неговата кариера немал видено. Бидејќи јас не сум знаела да се справам со стресот, тој удрил таму каде што сум најосетлива, се присети Калиопи на деновите кои не може да ги заборави. Видео извадокот на овој дел од интервјуто во „Еден на еден“ погледнете го во продолжение: фото:You Tube printscreen/ Eden na Eden]]>

Леона Луис остана без моќниот вокал и падна во депресија, еве како живее денес познатата пејачка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/leona-luis-ostana-bez-mokniot-vokal-i-padna-vo-depresija-eve-kako-zhivee-denes-poznatata-pejachka-foto/ Tue, 05 Dec 2023 12:51:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330027

Леона Луис се прослави во текот на 2006 година кога победи на британското талент шоу „X Factor“, а тоа ѝ ја донесе животната шанса – договор со дискографската куќа на музичкиот могул Сајмон Кауел. После тоа таа изгради голема музичка кариера и го отпеа хитот „Bleeding Love“ којшто се најде на врвот од музичките листи. Потоа следеле уште неколку хитови, како: „A Moment Like This“, „Run“, „Better in Time“ и „Happy“. Леона го добила своето име на светската музичка сцена, а потоа се повлекла, па така во последниве години баш и не ја гледаме често во јавноста. Си заминала од дискографската куќа на Кауел поради лошите односи, а признала дека поради тоа своевремено се борела со депресија. Открила и дека боледува од Хашимото, хронична автоимуна болест која ја зафаќа штитната жлезда и ја доведува до нејзина дисфункција. Последица на тоа е намалено ниво на хормонот на штитната жлезда во телото – хипотиреоза.
Сето тоа оставило последица и на нејзиниот глас. Луис била позната по моќниот глас којшто има неверојатни висини, но во февруари минатата година таа запеала во студио после долго време и со тоа покажала дека нејзиниот вокал „ослабнал“. Сега папарацо фотографите ја фотографирале пред некое музичко студио каде се појавила облечена во розово од глава до пети. Леона и натаму може да се пофали со беспрекорниот изглед, а нејзината фигура на тело дури е повитка од претходно. Во јули минатата година таа станала мајка, ја родила ќерката Кармел: „А, потоа бевме тројца. Нашата мала Кармел Алегра пристигна на 22.7.2022 година“, напишала Леона на Инстаграм. Инаку, Леона и нејзиниот сопруг Денис се венчале во 2019 година во Тоскана, а се запознале благодарение на работата. Имено, тој бил танчар на нејзината турнеја „The Labyrinth“ во 2010 година. Ја запросил на одмор во Порторико и пејачката често истакнува дека тој ѝ е најголемата поддршка во животот.
Во декември годинава, Леона закажала големо враќање, поточно божиќната турнеја во Обединетото Кралство каде ќе пее божиќни класици и хитови од нејзиниот албум „Christmas, With Love“. фото: Instagram printscreen/ leonalewis видео: You Tube/ leonalewis]]>

За едни воскресение, за други морбидно-бизарен потсмев: Вештачката интелигенција и ТикТок „го оживеаа“ ликот на Тоше (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-edni-voskresenie-za-drugi-morbideno-bizaren-potsmev-veshtachkata-inteligentsija-i-tiktok-go-ozhiveaa-likot-na-toshe-video/ Mon, 05 Jun 2023 08:02:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304818

Развојот на технологијата прави чуда. Развојот на социјалните мрежи пак оди во две крајности: од максимална помош и олеснување во знаењата и комуникацијата до максимална отуѓеност, поле за вербални војни и пресметки, до катасрофи од најразличен вид... Влијанието на едното и другото во комбинација врз човештвото за едние  непроценливо, за други погубно и убиствено! Токму вакавата комбинација на технологијата, поточно вештачката интелигенција и социјалните мрежи, во случајов во последно време толку оспоруваната до степен на забрана - Тик Ток,  била инспирација за група поединци да направат нешто што за едни е револуција за други деградација на личностите кои повеќе не се меѓу нас. Имено, на социјалната мрежа ТикТок постои страница наречена „Небеска кафеана“, на која со помош на вештачката интелигенција дузина познати личности од доменот на филмот и естрадата, најмногу од соседна Србија, буквално е направен обид одново да се оживеат. Така, покојните легенди на некогашното југословенско глумиште собрани на едно место во таканаречената „Небеска кафеана“ направен е обид како да се одново тука, меѓу нас... Во куси анимирани видеоклипчиња  со симулација на нивниот лик кој се движи и зборува, се прествуваат себе си, својата биографија, живот и дела... Меѓу сите нив и нашиот ангел, иконата на македонската музика, прерано заминатиот  Тодор Тоше Проески... Кога ќе го видите и слушнете во симулацијата, за миг ви се присторува како да е тука, иако ако подобро се загледате јасно е дека се работи за „вештачка интелигинција“ која го симулира неговиот лик и глас. Сепак, ваквиот потег наиде на различни реакции и поделени мислења. За едни ова е едн вид воскресение на музичкиот ангел, за други морбидно-бизарен морф за потсмев со ликот и делото на младопочинатата македонска и балканска музичката ѕвезда. Прегледајте го видеоклипот, па  самите проценете каков став да заземете:
@nebeskakafanaa #toseproeski #toseproeski #toseproeski🇲🇰 #toseproeski #zajdizajdi #makedonija #makedonija🇲🇰 #nemacka #nemacka🇩🇪 #bosnia #hrvatska #hrvatska🇭🇷 #slove ##sebija🇷🇸 #montenegro #macedonia #todorproeski ♬ original sound - Nebeska kafana
]]>

Зошто луѓето се чувствуваат непријатно кога го слушаат својот глас на снимка? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-lugeto-se-chuvstvuvaat-neprijatno-koga-go-slushaat-svojot-glas-na-snimka/ Thu, 09 Mar 2023 13:19:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292645

Многумина се чувствуваат непријатно, неудобно, па дури и вознемирени кога го слушаат сопствениот глас на снимка. Според науката, има логично објаснување за тоа. Непријатноста што човек ја чувствува кога го слуша својот глас на аудиоснимка, на пр., веројатно се должи на човековата физиологија и психологија. Како прво, звукот од снимката се пренесува во нашиот мозок поинаку од звукот што се произведува кога зборуваме… Кога слуша снимка од својот глас, звукот на човекот патува низ воздухот до неговите уши, а тоа се нарекува воздушна спроводливост. Звучната енергија го вибрира тапанчето и малите ушни коски, коишто потоа ја пренесуваат „звучната порака“ до мозокот. Меѓутоа, кога еден човек говори, звукот од неговиот глас допира до внатрешното уво на поинаков начин. Додека дел од звукот се пренесува преку воздухот, најголемиот дел се спроведува внатрешно до черепот. Така, внатрешната спроводливост на коските се чини дека ги засилува долните фреквенции. Поради ова, луѓето генерално го доживуваат својот глас како подлабок и побогат додека зборуваат. Снимениот глас, за споредба, може да звучи потенко и повисоко, што на многу луѓе им е морничаво и им пречи. Има уште една, психолошка причина зошто снимка од својот глас може да биде вознемирувачка за човек. Тоа е, некако – навистина нов глас за личноста, којшто ја покажува и нагласува разликата меѓу субјективното лично гледиште и реалноста. Гласот е битна компонента на личниот идентитет, па токму затоа оваа неусогласеност понекогаш е така вознемирувачка. На тој начин, преку снимка од својот глас тој човек одеднаш сфаќа дека другите луѓе цело време слушале нешто друго. Извор: Курир.мк]]>

„Лекарите ми забранија да пеам“ – Тања Савиќ проговори за нејзиниот здравстен проблем (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lekarite-mi-zabranija-da-peam-tana-savik-progovori-za-nejziniot-zdravsten-problem-foto/ Mon, 20 Feb 2023 13:16:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=289726

Пејачката Тања Савиќ открила сѐ за нејзините здравствени проблеми, а го споменала и разводот со поранешниот сопруг Душан со кој има два сина. - Го чекам тоа време, многу „ожеднев“ да пеам. Многу е потешко да рапувате и пеете и ви треба многу повеќе воздух. Многу е комплицирано и тука лежи проблемот. А тек проблем  се дискотеките каде што нема воздух и има чад. Сè уште боледувам од последиците на настинка, имам проблеми со гласот - рекла Тања и открила дека би сакала да ги советува и своите помлади колешки. - Ја пеам „Златник“ најмалку два пати во вечерните часови и обично сите се задоволни. Никој не ме прашува за совет, но навистина би сакала. Сакам да им помагам на сите. Би им рекла да си го зачуваат гласот и да бидат свои, да не копираат никого. Беше потребно многу труд за да се врати се. Морав да го оправдам своето место, да се вратам пак – изјавила пејачката, а потоа проговорила и за гласините дека има ново момче. - Морам да демантирам дека сум во врска 3 месеци. Не излегувам со никаков Лола. Не разбирам зошто ми се наметнува човек со две деца. Веројатно затоа што ме гледаат како самохрана мајка со две деца. Подобро да ми најдат некој помлад. Не би сакала да откријам дали некој се појавил. Сакам да се шегувам. Не е ни важно дали сум заљубена - рекла Тања и открила дека не знае дали конечно е официјално разведена. - Сѐ уште не сум проверила дали навистина сум разведен и дали сум законски слободна. Моите адвокати не знаат што се случува. Немаме одговор од Австралија. Важно е се да испадне како што треба. Ќе видам што е, треба да се случи во наредните 2, 3 месеци сигурно. Има момент кога чувствуваш празнина во твоето срце. Човек треба да работи на себе, во последно време никого не слушам и се самоиздржувам. Секогаш се слушам себеси. Би ги советувала жените да не се откажуваат и секогаш да ги имаат децата со себе – изјавила пејачката и проговорила за здравствените проблеми. - Докторот ми забрани да пеам и не ми се дозволени тие високи ноти. Мора да се внимава, гласот е чувствителен инструмент. Време е да внимаваме, да направиме вежби за гласните жици за малку да закрепнат - открила таа пред  камерите. Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Тања Савиќ]]>

Мажите можете да ги „намирисате“ по гласот: Штом проговори, ќе знаете дали е ненаситен љубовник https://arhiva.vistina.com.mk/mazite-mozete-da-gi-namirisate-po-glasot-shtom-progovori-kje-znaete-dali-e-nenasiten-ljubovnik/ Wed, 28 Dec 2022 14:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281997

Кај жените, желбата за односи ја открива должината на вокалниот тракт. Личност која сака лежерен однос и само „акција во креветот“ може да се препознае по гласот, вели психологот Ендрју Томас во написот за „Psychology Today“, каде што навел и други интересни факти за интимните односи. Томас вели дека научниците докажале дека говорот и гласот се силни показатели за „намерата“ кога станува збор за стапување во интимни односи. И овие маркери се разликуваат кај мажите и жените. Мажите кои имаат длабок глас се сметаат за попривлечни и обично се многу заинтересирани за акција во кревет. Од друга страна, кај жените желбата за односи не се открива со висината на гласот, туку од должината на вокалниот тракт, што влијае на неговата резонантност. Психологот додаде дека односот на жените кон интимните врски се менува во зависност од менструалниот циклус. И иако научниците заклучија дека овие промени во однесувањето се прилично минимални, сепак постои причина за нив. Женската психологија работи така што тие го избираат најдобриот кандидат за „парење“. Во бракот, ова е сопругот, а надвор од бракот, силен, здрав, привлечен маж кој потенцијално може да биде добар кандидат за татко. Кај мажите, интимната активност може да се намали со возраста поради намалувањето на нивото на тестостерон и откако ќе станат родители. Речиси 300 самци и лица без деца учествувале во петгодишно истражување спроведено на Филипините. Се испоставило дека оние кои се венчале и станале татковци имале намалена желба за необврзувачки односи, додека тоа не било случај за оние кои немале „подобра половина“, вели Томас. Според него, стабилноста и мирот имаат психолошко и хормонално влијание врз мажите. Тие ги насочуваат своите напори од пронаоѓање партнери за интимни односи до воспитување деца. Научници од Норвешка откриле дека луѓето кои сакаат да најдат партнери за повремени односи користат мобилни апликации за запознавање наместо обични веб-страници. Токму апликациите даваат попрецизна претстава за физичката привлечност на потенцијалниот партнер, додаде психологот. Изненадувачко откритие е дека поборниците за „акција“ без обврски и немоногамни врски сакаат да им бидат единствените партнери на своите љубовници. Извор:Попара]]>

„Ако можам јас на 61 година, тогаш можат сите“: Лепа Брена ја откри тајната на добриот изглед https://arhiva.vistina.com.mk/ako-mozam-jas-na-61-godina-togash-mozat-site-lepa-brena-ja-otkri-tajnata-na-dobriot-izgled/ Thu, 10 Mar 2022 09:41:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242544

Лепа Брена открива како ja одржува витката линија и има затегнато тело во седмата деценија. Пејачката истакнува дека секој ден го прави истото - медитира! Згодната Брена многу се грижи за својот изглед и здравје, па сега ги откри деталите.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

- Пијам многу вода секој ден, медитирам и вежбам. Ако можам да бидам активна на 61 година, тогаш секој може. Кога патувам, се трудам да одам на плажа или базен и да пливам. Најважно е човекот да не го запоставува телото, треба да го движиме секој ден – изјави фолк ѕвездата за српски„Информер“ и додава дека внимава и на гласот:
 
- Ние пејачите мора да внимаваме на гласот и да го негуваме. Не пушам затоа што ги уништува гласните жици. Понекогаш сакам да наздравувам со пријателите со чаша вино, и тоа е тоа, вели Брена со мотивирачка порака до сите за подобро здравје, дух и изглед. фотот: Инстаграм/Лепа Брена]]>

Старлетата и се „истури“ на водителката: „Фреквенцијата на нејзиниот глас убива молци!“ https://arhiva.vistina.com.mk/starletata-ja-i-se-isturi-na-voditelkata-frekvencijata-na-nejziniot-glas-e-za-ubivanje-molci/ Wed, 29 Sep 2021 12:24:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221116

Додека јавните личности од светот на шоу - бизнисот се' повеќе се обидуваат да испраќаат зборови на поддршка едни за сметка на другите, особено кон жените, на Балканот ова изфгледа не е баш вообичаена практика, а старлетата Тамара Ѓуриќ уште еднаш со пример го потврди тоа. Имено, во своето последно јавно излагање, старлетата од ништо не предизвикана или испровоцирана, јавно  ја прозва ТВ водителката Сања Маринковиќ. „Колку ме нервира бојата на нејзиниот глас, тонот и нејзината фреквенција што убива молци во мојот стан. Таа е толку смешна жена, со таа голема глава во однос на тоа мало тело“ - изјавила Тамара за српски „Еспресо“. „Преискварцана, евтина... И нејзината фризура во стилот на фризерката Мица... Како  Екстра Нена од 1992 година. Одвратно! Има лик како од споменарите на моите пријателки кога бев мала“. „Тоа и е само за во споменар, а не за на ТВ екран“ - додаде Ѓуриќ. Водителката остана без коментар... Засега! Фото: Инстаграм принтскрин/sanjamarinkovicofficial/]]>

Андријана Јаневска одново во соработка со странски автор, овој пат ја отпеа баладата – „Longings“ (ЛИРИК ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrijana-janevska-odnovo-vo-sorabotka-so-stranski-avtor-ovoj-pat-ja-otpea-baladata-longings-lirik-video/ Tue, 23 Mar 2021 12:37:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195605

Македонската виолинистка, пејачка, автор и педагог Андријана Јаневска, не престанува да биде активна во професијата. По последната своја авторска песна „Летај“, чиј комплетен автор (музика, текст и аранжман) е самата таа, а која ја промовираше неколку дена пред карај на 2020-та година, сега одново отпеа нова тема. По ланското учество во проектот „Togeather is beautiful “ на „Планетарниот оркестар“ во кој учествуваа музичари од СИТЕ 197 земји во светот, а таа беше претставена како виолинистка од Македонија и соработката со американскиот музички продуцент и ДЈ – Jawfre, во необичната тема, во модерен техно-денс ритам, отпеана на на англиски јазик со наслов „Take me“,  Андријана Јаневска одново соработува со еден странски автор. Имено, овој пат во прашање е нејзината нова песна „Longings“ отпеана на Англиски јазик, во соработка со германскиот композитор Tonio Th. Fruehauf. Тема која всушност преставува една прекрасна акустична балада, обоена само со звуците на клавирот и сугестивниот моќен и прецизен вокал на Андријана. За песната е направено и едноставно лирик видео во кои се испишани стиховите, а овој свој најнов проект Андијана Јаневска самата го најави и промовираше деновиве на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Во продолжение преслушајте како звучи македонската врвна музичка и вокална уметница во изведбата на темата „Longings“: ]]>

Мими Јовановска: „Сакам да успеам со глас, не со разголување“ https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-jovanovska-sakam-da-uspeam-so-glas-ne-so-razgoluvanje/ Fri, 19 Mar 2021 08:01:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194975

Мими Јовановска со својот талент и музички вокал ја освои публиката во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Иако со првиот нејзин настап не освои голем белег, Мими подоцна со нејзините настапи успеа да го крене жирито на нозе и да добие многу позитивни коментари. Мими е под менторство на Џенан Лончаревиќ  и со негова помош стигна до петиот круг на Ѕвездите на Гранд“. Во интервју за ммс.мк Мими откри каков е ментор Џенан. Таа вели дека соработката со познатиот пејач е многу успешна и дека е горда во неговиот тим. Исто така, Мими вели дека немала прилика да ја запознае Јелена Карлеуша, но нејзините кандидати коментирале дека зад камерите е пријатна личност и секогаш е тука за нејзините натпреварувачи. Јовановска освен што има талент за пеење, изгледа прекрасно на сцената и често добива позитивни коментари. Таа вели дека нема да ја користи својата сексапилност за да успее во кариерата. „ Секој треба да го даде тоа што го има.Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разголување, сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината“, вели Мими за ммс.мк Како Мими ќе се претстави во следниот круг останува да видиме. ]]>