ѓурѓица барловиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 Dec 2020 12:23:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓурѓица барловиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Беше омилена пејачка во една од најпопуларните поп групи во екс-Југославија: Почина на 42 години, а зад себе остави богата кариера, сопруг и два сина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-omilena-pejachka-vo-edna-od-najpopularnite-pop-grupi-vo-eks-jugoslavija-pochina-na-42-godini-a-zad-sebe-ostavi-bogata-kariera-soprug-i-dva-sina-video/ Thu, 10 Dec 2020 12:23:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180188

Првата пејачка на  на некогаш мегапопуларната группа „Нови фосили“, Ѓурѓица Барловиќ, беше една од најхаризматичните дами на поранешна Југославија, но нејзината кариера беше прекината со нејзината прерана смрт во 1992 година. Првиот настап го имала на 13-годишна возраст на еден детски фестивал, а нејзиниот прв снимен настап го во белградското забавно шоу „Образ уз образ“ во 1974 година, кога настапи со песната „Кад би би само мој“. Иако се запишала во Средното градежно училиште, Ѓурѓица знаела дека музиката е единственото нешто со што таа сака да се занимава. Пејачката ја напушти групата во 1982 година за да му се посвети на семејството, а нејзиното место ќе го зазеде Сања Долежал. „Ми се допаѓа. Таа е убава, млада, подвижна на сцената“ ќе  рече таа за својата наследничка во „Нови фосили“. „Ѓурѓица нè напушти кога сакаше да се грижи за семејниот живот, затоа што работевме со страшно темпо. Нејзиното семејство и беше поважно од нас, од сите пари. Предодередена беше да биде мајка,  сопруга, а сепак, од друга страна, беше врвна пејачка. Никогаш не  откажавме концерт поради неа, нејзиниот глас никогаш не пукна“ - изјави своевремено неодамна починатиот водач на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ. „Таа беше во солидна и стабилна здравствена состојба. Затоа бев изненаден од тоа предвремено заминување. Дента кога таа почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан застанаа. Подоцна, ја слушнав таа страшна и тажна вест“ - рече покојниот Дујмиќ. Ѓурѓица Барловиќ почина на 42-годишна возраст како резултат на акутен срцев удар на Интерната клиника во Задар, оставајќи ги зад себе сопругот и двајцата синови.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dario Liker (@dario.liker)

]]>