ѓумар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Mar 2019 08:42:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓумар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Девана Нардели, некогаш девојка на покојниот Ѓумар, сега драга на најдобриот другар на Драги – „Шпага“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-devojka-na-pokojniot-gjumar-sega-draga-na-najdobriot-drugar-na-dragi-shpaga-za-devana-prvata-ljubov-zaborav-nema-ili-novata-doprva-kje-stane-najgolema/ Wed, 27 Mar 2019 08:36:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79500

Македонската пејачка со класична наобразба Девана Ѓорѓиевска попозната како Девана Нардели многумина ја знаат по нејзините настапи по кафулињата и клубовите во Скопје, но на пошироката јавност таа и стана позната откако пред неколку години најпрвин јавно го разголе телото...
...А подоцна и јавно „ја разголе душата“ со отвореното писмо што го објави за својата тага по изгубената љубов, во која беше извесно време со предвреме починатиот диригент, маестро Саша Николовски – Ѓумар!
Според тогаш објавеното, изгледаше дека покојниот македонски диригент и бил најголемата љубов на пејачката, која за жал, како и сите вистински љубови имаше тажен крај! Но по се' изгледа дека времето ги лекува раните, па и оние што се длабоко во нас. Девана од неодамна почна се почесто постојано да се појавува на фотографии на социјалните мрежи во друштво на еден човек, кој исто така не и непознат на јавноста.
Но, откако стана јасно дека не е во прашање роднина или само пријател на пејачката, туку дека тука има и нешто повеќе од обична дружба, истата таа јавност ја заскокотка кој тоа со Девана ја дели „хемијата“?
Оние малку повозрасните го знаат од скопската градска кафе и клубска шема... Дејан О. - човекот кој заедно со неговиот тогаш најдобар другар, подоцна познатиот ТВ и не само ТВ лик Драги - „Шпага“ чудно се облекуваа во „ѕвонарки“ и зебра костуми, носеа перики ала Мајкл Џексони, бакенбарди ала Елвис Присли  и чудни очила за сонце како Елтон Џон, па беа впечатливи и препознатливи уште оддалеку.
Подоцна стана сопственик на еден од првите ЦД продавници во Македонија, ЕМИ ЦД шоп, која потоа почна да продава и техничка стока и...
Драги - „Шпага“ од победник во реално шоу наеднаш стана „Валијант“ актер...
...А, неговиот компањон наеднаш како да го снема, како да исчезна од јавниот живот!?
Години подоцна еве го повторно во љубов со пејачката, која и самата ја потврди на социјалните мрежи. И нема ништо лошо во тоа, напротив! Љубовта на сите ние потребна.
Само, прашањето е дали Девана го избрала него зошто физички потсетува на нејзината прва голема љубов, покојниот Ѓумар?
Дали навистина првата љубов заборав нема, па се' друго е само „копија верна на оригиналот“ или новата љубов допрва ќе стане најголема, останува да покаже времето!? Важно е да се љуби!  ]]>

На 22 април концерт во чест на Саша Николовски Ѓумар https://arhiva.vistina.com.mk/na-22-april-koncert-vo-chest-na-sasha-nikolovski-gjumar/ Mon, 16 Apr 2018 08:31:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21187

Kамерниот оркестар на Музичката младина на Македонија на 22 април во големата сала на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во чест на својот долгогодишен диригент и уметнички раководител Саша Николовски Ѓумар (1966-2017). Првично концертот беше закажан за 21 април, но од технички причини се одложува за наредниот ден. Оркестарот од дваесет млади музичари ќе го води Дијана Имери-Илкоска. Солист на Концертот бр. 4 за пијано и оркестар од Бетовен ќе биде пијанистот Дино Имери. На програмата се и „Адаџо“ од Бах и „Мала ноќна музика“ од Моцарт,  а ќе има и изненадување за публиката. Диригентката Дијана Имери-Илкоска, која во 2014 година дипломираше во класата на Ѓумар, а сега е шеф-диригент на Оркестарот на МММ што многу години го раководеше нејзиниот професор, рече дека со концертот-омаж сакаат да го задржат споменот за Ѓумар и неговиот значаен придонес во македонската музика и едукација на млади музичари. „Покрај тоа што беше маестрален и неповторлив диригент, за мене најважно во неговата дејност беше тоа што беше професор и, за среќа, јас бев негов студент. Од сè што правеше, како музичар и како диригент, според мене најдобро го правеше професорувањето. Бевме многу слични по карактер – со огромен сензибилитет и работевме и разговаравме за делата и музиката. Беше прекрасен педагог. Беше шеф-диригент на Оркестарот на МММ и во многу наши разговори потенцираше дека негова желба е јас да го наследам раководството“,  истакна Имери-Илкоска. Пијанистот Дино Имери додаде дека концертот ќе биде не само сеќавање и оддавање почит и благодарност, туку и почеток на нова ера за оркестарот на Музичката младина кој, рече, заслужува поддршка и внимание.„Многу е тешко денес да се биде уметник во Македонија, но не се откажуваме и ќе го продолжиме патот на маестро Саша, кој сите работи ги правеше со срце и со љубов затоа што тоа е вистинскиот пат“, рече Имери, кој синоќа настапи со Софиската филхармонија. Генералниот секретар на МММ, Александар Герасимовски соопшти дека Извршниот одбор на Музичка младина на Македонија донел одлука по концертот на 22 април Оркестарот на МММ да го носи името: Камерен оркестар „Ѓумар“.  „Во континуитет од 1986 година Ѓумар беше комплетно предаден на идејата – и за МММ и Камерниот оркестар, и за продолжување на почетоците на оркестарот поврзани со Фимчо Муратовски. Но Саша Николовски Ѓумар остави најголем белег, и тоа не само со оркестарот, туку, пред се, за промоција на млади музичари, она што е за нас најбитно“, рече Герасимовски, зборувајќи за придонесот на Ѓумар во развојот на Музичката младина на Македонија која постои 55 години. Саша Николовски Ѓумар од 1998 година предаваше хорско и оркестарско диригирање на Факултетот за музичка уметност. Автор е на аранжмани на четири музички изданија. Почина на 50-годишна возраст на 14 јануари 2017 година. Извор: МКД.мк]]>