ѓуле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 06 Oct 2023 12:43:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓуле – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 SMUT порачуваат дека се’ ќе си дојде на свое место – „Еден ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/smut-porachuvaat-deka-se-ke-si-dojde-na-svoe-mesto-eden-den-video/ Fri, 06 Oct 2023 12:43:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321510

Македонската металкор група SMUT, основоположник на овој музички стил во регионот, објави нов видео спот со кој го претставува синглот „Еден ден“. Новото видео е во режија на Владимир Митревски – Ѓуле, кој имено се потпишува зад сите спотови на SMUT. „Помислата да ја преточиш болката преку мастило во зборови, преку тонови во музика, преку слика во видео и тоа да ја опише истата за нас беше незамислива. Благодарение на целиот тим кој работеше на овој проект, дојдовме до видеото за „Еден ден“. Има две причини кои беа пресудни зошто се одлучивме да снимаме спот за оваа песна, реакцијата на публиката на нашиот последен настап – „Д Фестивал“ и сугестијата на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле, по преслушување на песната, велат од SMUT. Владимир Митревски – Ѓуле е режисерот кој е потпишан на сите досегашни нивни спотови и претежно тој е оној кој одбира кои песни ќе добијат видео запис. Тематиката и снимање спот каде главната тема е загубата, е исклучително тешка, имајќи предвид дека треба да се опише тагата, празнината. Целиот товар падна на режисерот и на главниот лик, балерината Мила Ниновска, која својот лик го одигра во вистинското светло како што беше замислено од страна на режисерот. Групата SMUT (се чита: Смат) постои повеќе од 25 години со пет култни студиски албуми зад себе и важи за една од најценетите хардкор/металкор групи во овој дел од Европа. Најновиот сингл „Еден Ден“ кој SMUT денеска го претставува со видеозапис, беше објавен во аудио формат на 3-ти мај годинава, а два месеци подоцна премиерно беше изведен и во живо на нивниот настап на Главната бина на „Д Фестивал“ во Дојран. ]]>

Исплива снимка од нападнатиот Ѓуле од „Ван Гог“: Доби шише во главата, па го прекина настапот! (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ispliva-snimka-od-napadnatiot-gjule-od-van-gog-dobi-shishe-vo-glavata-pa-go-prekina-nastapot-video/ Wed, 31 Jul 2019 10:21:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=99996

Звонимир Ѓукиќ- Ѓуле, фронтмен на популарниот рок- бенд „Ван Гог“, доживеа непријатност за време на нивниот настап во Сараево. Имено, за време на изведбата на една од песните, се најде некој кој се обиде да го расипе атмосферата со фрлање шише кон пејачот и гитаристот, по што Ѓуле откако беше удрен во главата го прекина настапот. На Интернет се појави видео од овој инцидент, кој можете да го погледнете подолу. Сепак, по кратко време, Ѓуле се врати на сцената, продолжувајќи ја свитката со зборовите „Ова не е Сараево“ и дека групата дошла „да шири љубов“, а потоа ја поканил личноста која го удрила да се приклучи на групата на сцената, но тоа не се случи. https://www.youtube.com/watch?v=p6EwSX3cxCc]]>