ѓубре – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Jul 2021 12:45:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓубре – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „И ѓубрето чини пари“ – победничка сторија на вториот натпревар за зелена економија https://arhiva.vistina.com.mk/i-gjubreto-chini-pari-pobednichka-storija-na-vtoriot-natprevar-za-zelena-ekonomija/ Mon, 19 Jul 2021 08:56:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211804

Телевизиската сторија „И ѓубрето чини пари“ од авторот Зоран Ѓорѓиев победи на вториот повик за новинари и медиуми за истражување и промовирање на најдобри примери од примена на зелена економија или еколошки безбедни рурални деловни практики. Натпреварот се организираше во рамки на проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (Networking and advocacy for green economy) финансиран од Европската Унија. Во победничката сторија, дописникот на телевизија Сител од Струмица, ја обработува успешната приказна за создавање органско ѓубриво од растителен отпад на Цветанчо Ѓоргиев од Ново Село. Овој струмичанец, наместо да го фрла отпадот, го собира и создава компост во својата семејна фирма. Како суровини, Ѓоргиев користи класно цветни растенија, како што се трската и шамакот, со што оневозможува несовесни граѓани да ги палат и дополнително да го загадуваат амбиенталниот воздух. Компостарата работи четири години на околу четири хектари и е единствена во југоисточниот дел на земјава. Годишно, во просек, произведува околу пет илјади метри кубни сертифициран органски компост. Ѓорѓиев во својата сторија цитира и истражување на здружението „Хорти Еко“, според кое над 53% од земјоделците во нивната работа применуваат добри земјоделски практики. Најголемиот дел, земјоделскиот отпад го заоруваат, и иако малку, сепак има и такви кои компостираат. На тој начин добивале пониски производствени трошоци, но и поквалитетен и поконкурентен производ. Според регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион, количините на биоразградлив отпад се проценуваат на околу 22 илјади тони годишно или 45% од вкупната количина на комунален отпад. Пристигнатите новинарски стории ги оценуваше тричлена комисија, составена од двајца новинари и еден претставник на Мрежата за Рурален Развој на С. Македонија (МРР на СМ). Притоа, комисијата оценуваше методологија на истражување (истражувачкиот концепт, тема, извори, новинарски алатки), потоа стилот на новинарско изразување, релевантноста на темата и придржувањето до новинарските и етичките стандарди (присуство на факти, точност и веродостојност на наводи). Победничката сторија може да ја погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=A2lb4j2sPi8

* * *

За проектот:Проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ трае три години (започна во април 2018 година) иго спроведуваат 7 партнерски организации од Балканот од кои една е од земја членка на ЕУ: Мрежа за рурален развој на СМ, Мрежа за рурален развој во БиХ, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија, Албанската мрежа за рурален развој и Хрватската Мрежа за рурален развој. Општата цел на проектот е да обезбеди поддршка за подобрување на политиките и влијанието на Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) и нејзините членови во процесот на носење одлуки преку вклучување во процесите на реформи на земјоделските и руралните програми со цел воведување на концептот на зелена економија. Проектот има три специфични цели: 1) Зајакнување на капацитетите на малите, локални граѓански организации во однос на општите принципи на работа, застапување и вмрежување, за да можат да ја остварат својата улога на застапници за земјоделски и рурални реформи, на транспарентен и отчетен начин; 2) Воведување на концептот на зелена економија како единствен меѓусекторски претприемачки модел за рурална диверзификација и одржливост; 3) БМРР и нејзините членови го користат пристапот за развој на политиките засновани на докази и застапување засновано на правата за да ги поттикнат националните процеси на приближување кон заедничката европска земјоделска политика (EU CAP) и промовирање на зелената економија. Донатор: Европска Комисија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,071,269.13 евра, од кои 964,069.13 (89.99%) се финансии од Европска Унија.]]>

Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша пак се „спукаа“: „Карлеуша е асоцијално ѓубре“ https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovikj-i-jelena-karleusha-pak-se-spukaa-karleusha-e-asocijalno-gjubre/ Tue, 13 Oct 2020 10:07:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171128

Пејачките, членки на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ често знаат да се „закачат“ и да си кажат сè што им лежи на душа, една на друга. Овој пат, победничката на Евровизија прва ја прозва „скандал дамата“, нарекувајќи ја асоцијално ѓубре! Марија ја прекори својата пријателка и колешка од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ дека е неодговорна, односно  дека ретко одговара на телефонските повици. „Јелена се јавува, само за итни и смртни случаи. За три месеци, се слушнавме едвај три или четири пати, бидејќи таа е асоцијално ѓубре“ - рече Марија, која ја опсипа својата колешка со „комплименти“.
  Се разбира, Јелена не и остана должна: „Тоа е мојот рекорд во комуникацијата со луѓето. Не мислам дека сум асоцијална, туку сум аутистична за тие работи. Никој не сака да се дружи со мене. Марија има обиди, но мислам дека и таа наскоро ќе се откаже. Јас не сум во групата членови на жирито на Вибер затоа што ја немам ниту таа, ниту апликацијата Ватс ап“ - објасни Јелена, па и таа и забележа нешто на својата колешка:
„А, Марија не ми честиташе за големиот успех што го постигнав со онлајн концертот, кој го следеа неколку стотици илјади луѓе. Јас неа секогаш умеам да ја пофалам, таа не ме пофали. Исто така, знам јавно да ја пофалам преку телефон, додека таа не се одважи ниту да ми испрати приватна порака. Обожавам како пее и ја фалам со чисто срце и полна уста затоа што не сум суетна како неа“ - и возврати Карлеуша.
]]>

Панчо – ДНК со пример за лекција од екологија: „Ставете прст на чело, 81- годишен старец ви ги чисти вашите лајнарии од стазата крај кејот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-so-primer-za-lekcija-od-ekologija-stavete-prst-na-chelo-81-godishen-starec-vi-gi-chisti-vashite-lajnarii-od-stazata-kraj-kejot-foto/ Thu, 13 Aug 2020 07:28:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163064

Панчо од скопското ар - ен - би дуо „ДНК“ или Владимир Блажев, како што му е вистинското име и презиме според личните документи, е оддамна познат по својот остар јазик, цврстите ставови и храброста „без влакна на јазикот“ истите да ги изнесе во јавноста. Tа тие некого погодиле или не, од нив некого ќе го заболи или „баш го заболе“ - сеедно. Панчо е тој што ќе си го каже своето, кое најчесто е во склад со системот на вредности, со правилата и прописите за „нормална живеачка“, кои за жал, секој ден  стануваат се поискривени и поизвитоперени, па во опшатата лудница и сиот овој хаос, ненормалното станува „нормално“, а нормалното - срамно! Така и овој пат на својот ФБ профил, Панчо посочи пример кој е лекција за екологија. Пример за тоа како се штити  животната средина, чува чиста околината, чисти од загадување зелената површина, која секојдневно огромен број на луѓе ја користат, ама за жал, никој не внимава на неа... Или само по некој редок пример, колку исклучокот да го потврди правилото, како во овој случај. Имено, стазата покрај кејот на Вардар, многумина секојдневно масовно ја користат за спорт и рекреација, за најразлична физичка активност. Од обични прошетки и рекреативно пешачење или трчање, преку возење ролери, скејтборди, велосипеди на обичните граѓани, па се до професионални тренинзи на врвните спортисти.  Сите ги газат патеките крај кејот, ама никој не води сметка како и колку ги загадува, а уште помалку ги чисти! Rетки се обичните волонтери кои наоѓаат и сила и време и доблест да им го соберат ѓубрето и отпадоците, на илјадниците што претходниот ден или вечер, тука несовесно го фрлиле. За еден таков пример  зборува и Панчо од ДНК. За лажните „женски и фраери“ кои за „ку*чење крај кејот“ се први, а кога треба да се соберат отпадоците или никаде ги нема или стојат од страна и гледаа како „дрвени Марии“, додека 81-годишен старец им ги собира и чисти нивните „лајнарии“. Посочувајќи го токму човекот кој на сите, особено на денешната младина и одржа лекција од екологија, Панчо ја прозва и посочи сета мизерија на лажната градска свита, која себе си се смета и претставува за некаква урбана елита. „Додека вие несовесните и невоспитаните луѓе ја загадувате нашата и ваша околина и фрлате нај различни отпадоци без трошка срам и без око да ви трепне виде што прави чикчко Азбиу кој има 81 година и нека ви служи за пример!!! Да повторам има ОСУМДЕСЕТ И ЕДНА година и ви ги чисти вашите лајнарии. Видете ја сликава и ставете си прст на чело. Мноооогу е едноставно: ЃУБРЕТО СЕ ФРЛА ВО КАНТА ЗА ОТПАДОЦИ, а КАНТИТЕ НЕ СЛУЖАТ ЗА ДА ГИ ПАЛИТЕ и КРАДЕТЕ. Го запознав денес во 8 часот наутро со негова дозвола фотографирав околу шеталиштето на реката Вардар, тој прави доброволно дело собира собирање ѓубре фрлено на несвесен народ. Го оставив Азбиу среќен за неговата благородна работа, му посакав на човекот добро здравје и долг живот ...“ - напишал Панчо во својот Фејсбук статус.  ]]>

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ уловена како влече канта пред својата вила, а она што го пишува на маичката го воодушеви светот https://arhiva.vistina.com.mk/dzvezdata-na-beverli-hils-ulovena-kako-vleche-kanta-pred-svojata-vila-a-ona-shto-go-pishuva-na-maichkata-go-voodushevi-svetot/ Tue, 07 Apr 2020 10:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143665

Aмериканската актерка и ТВ личност, Тори Спелинг се однесува многу одговорно за време на пандемијата. Имено, Тори пред некој ден била фотографирана пред нејзината куќа како влече канта за ѓубре. Таа ги почитува мерките за заштита и во оваа прилика носела маска. Тори била облечена во опуштено издание, црна мајца, црни хеланки и бели патики, а немала ниту аксесоари ниту пак шминка. Она што го воодушеви целиот свет е натписот на мајцата на која пишува дел од името на серијата „Хилс 90210“. Таа ги послуша советите на Центарот за контрола на болести на САД каде што секојдневно се зголемува бројот на заразени.]]>

Лила удри по студентите кои фрлаа ѓубре од прозор: „Битно за на Инстаграм ќе се нашминкате и настегате“ https://arhiva.vistina.com.mk/lila-udri-po-studentite-koi-frlaa-gjubre-od-prozor-bitno-za-na-instagram-kje-se-nashminkate-i-nastegate/ Wed, 13 Feb 2019 08:08:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72455

Откако на социјалните мрежи се појави фотографијата од депонијата под прозорите од студентскиот дом „Пелагонија“, истата инстантно се прошири на многу профили и секако во медиумите. Ова колективно однесување на „академските граѓани“, покажа дека им е потребно да се вратат неколку години наназад и да присуствуваат на дополнителни часови по општа култура и хигиена. Откако работата стана голема, очигледно мораа повторно колективно да дејствуваат, но овој пат да си го исчистат ѓубрето и да ги коригираат тотално несовесните постапки. На ваквата глетка од фотографијата, имуна не остана ниту ТВ водителката Лила Филиповска која „удри“ по нив без влакна на јазикот.
Не... не можете да бидете идни академски граѓани и иднината на една држава без основна култура и домашно воспитување!!! Колку треба да си прост ѓубрето да го фрлаш преку прозор. Битно за на Инстаграм ќе се нашминкате и настегате и мислите дека сте битни!!! Не, Не сте... За срамота сте!!!
Прашање е само до кога ќе потрае чистотата и дали лекцијата ќе биде научена и правилно совладана?]]>