ѓорѓи желчевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Feb 2022 11:26:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓорѓи желчевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Две години од смртта на великанот на македонската музика, фолк пејачот Ѓорѓи Желчески https://arhiva.vistina.com.mk/dve-godini-od-smrtta-na-velikanot-na-makedonskata-muzika-folk-pejachot-gjorgji-zelcheski/ Thu, 24 Feb 2022 11:26:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240561

Денеска се одбележуваат две години до смртта на Ѓорѓи Желчески, великан на македонската музика, кој долги децении во Белград и Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос. Тој почина на 82 годишна возраст. Беше многу талентиран човек во естрадниот свет, можеби и единствен кој има четири дипломи – музичко школо, средно медицинско школо, потоа вишо педагошко училиште и Природно математички факултет (наставник по хемија). Желчески, рано како солист во Радио Скопје, сфатил дека за народната музика која ја носел во своите гени не му треба никакво училиште. Во 1959 година на „Партизанските води“ на Златибор на барање на Маршалот Тито, се одржал фолклорен фестивал од цела Југославија, на кој Скопје како свој претставник го испратил Културниот клуб „Орце Николов“, на кој настапила и Кевсер Селимова. Почнале да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани, а бидејќи 50 години живееја и твореа во Белград, ги нарекуваа амбасадори на македонските песни. Тој ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер, меѓу кои се „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” и многу други. Во Домот на АРМ во Скопје концертно го прославија пет децениското постоење.]]>

Почина македонската фолк легенда Ѓорѓи Желчески https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-makedonskata-folk-legenda-gjorgji-zelcheski/ Mon, 24 Feb 2020 13:00:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135838

Македонскиот фолк пејач, легендарниот Ѓорѓи Желчески утрово почина во Белград на 82-годишна возраст. Беше роден во Прилеп во 1938 година. Бескрајно талентиран, можеби единствениот во естрадниот свет во светски рамки со 4 дипломи: музичко училиште (радио пејач и свирач на повеќе инструменти), средно медицинско училиште (санитарен техничар и лабораториски техничар), наставник во средно училиште (педагог) и ПМФ ( наставник по хемија). Како солист на Радио Скопје, рано сфати дека не му е потребно ниту едно училиште за талентот  што го носи во своите гени. Тој зад себе ја остави сопругата, Кевсер Селимова - Кети, која беше негов единствен придружник повеќе од 60 години. И животен сопатник и дует партнер во пеењето. „Фаталната средба“  на еден од најпознатите македонски и не само македонски фолк дуети се случила во 1959 година на Партизанските води на Златибор. На барање на Маршал Тито, се одржувал фестивал на фолклорните друштва од цела Југославија. Скопје ќе ги испрати како свои претставници КУД „Орце Николов“, во кој членувала и Кевсер Селимова, неговата подоцнежна сопруга. Желчевски бил афирмиран солист на Радио Скопје, и во таа прилика настапувал и како пејач и како конференсие. На прв поглед, тој се заљубил во седум години помладата русокоса убавица со големи зелени очи. се родила љубов и тие почнаале да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани. Ѓорѓи Желчески зборуваше за себе и за неговото семејство дека се Македонци од Белград. Кети и Ѓорѓи се преселија од Македонија во српскиот главен град  во населебата Дорќол, кон средината на минатиот век. ]]>