ѓорѓи вацев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Nov 2022 11:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓорѓи вацев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наташа Миха до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот во музичка трансформација како – „Мерилин Монро“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-do-site-koi-drzat-do-svoeto-i-uzivaat-vo-zivotot-vo-muzichka-transformacija-kako-merilin-monro-video/ Tue, 15 Nov 2022 10:22:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275831

Наташа Миха неодамна издаде нова песна со наслов „Мерилин Монро“ со која го најавува новиот албум што треба да се појави во средината на декември. За синглот е снимен и видеоспот со атрактивна содржина. За новата песна, Миха вели дека има порака и е своевидна поддршка до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот. „Мерлин Монро е песна која ги отсликува сите оние храбри индивидуи кои не се плашат да се тотално различни и свои, кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба.“   Новиот сингл „Мерилин Монро“ е комплетно авторско дело (музиката и текстот) на Наташа, а на аранжманското обликување заедно работеа со Дамир Пух. Песната е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје, а Дамир ги изработи миксот и мастерингот. Видеозаписот е дело на Ѓорѓи Вацев. Во видеото како модел се појавува Калтрина Круезиу, која ја има улогата на современата Мерилин Монро. Сет фотографиите се дело на Бојан Стоилковски. За шминката се погрижи Зоран Шурбевски . Наташа, која на македонската сцена се наметна како впечатлив и моќен вокал е академски образуван музичар. Кариерата ѝ започнува во 2020 година со објавувањето на песните: „Кругот“ и „Пеперутка“, а по која следеа „Те сонив“, „Се што знам“ и „Winning Every Game“. Наташа Миха е фронтмен и клавијатурист на бендот „Station: Innermost“ со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови. Соработувала со повеќе музичари, меѓу кои и клавијатуристот Дерек Шеринијан (ex-Dream Theater, Billy Idol, Allice Cooper …). Со бендот има настапувано на фестивали во и надвор од државата, а меѓу последните настапи беа предгрупа на „Deep Purple.“ Како звучи и изгледа нејзината музичка трансформација во „Мерлин Монро“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

„Легато бенд“ преработија грчки хит со македонски текст во свој стил – „Без тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/legato-bend-prerabotija-grchki-hit-so-makedonski-tekst-vo-svoj-stil-bez-tebe-video/ Thu, 15 Sep 2022 12:20:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267172

„Легато бенд“ е познато дека царуваат“ во струмичкиот крај,  правејќи посебен „штимунг“ на семејните веселби и свадбите и  се отворени и  кон секоја публика и секој музички жанр. Ова последново се однесува и на нивниот нов музички хит “Без тебе” кој како освежување ни доаѓа во деновите кога полека го испраќаме летото. По тој повод, вокалот на групата Ристе Гавровски задоволно ќе каже: „За овој стил на песна размислувавме откако почнавме да соработуваме со ноќните клубови, кафулиња и локали, па затоа сакавме да направиме песна со свеж и летен ритам, нешто што би се слушало секаде и во секоја пригода на радио, во локалите, кафулињата... Оргиналната музика е всушност една позната грчка песна, за која ги купивме авторските права, па за новиот аранжман се погрижи добро познатиот Иле Спасов кој зад себе има изработено повеќе македонски хитови, а текстот го напиша Огнен Неделковски. Што значи дека ги одбравме според нас најдобрите. Во видеоспотот е прикажана  бурна љубовна приказна на двајца млади во која улога имаше моделот Елена Ѓорговска, во заеднички кадри заедно со останатите членови од групата „Легато“. За снимањето и монтирањето на видео записот се погрижи Ѓорги Вацев заедно со неговите асистенти, а локациите на кои се одвивало снимањето е соседна Грција и  Битола. Песната е направена со многу оптимистички очекувања дека ќе успее да остави трага кај слушателите и општо во нашето секојдневие. Као звучи и изгледа кога „Легато бенд“  пејат „Без тебе“ проследете во продолжение: ]]>

Роберт Билбилов и Лара Иванова снимија светски дует – „Јас против целиот свет“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/robert-bilbilov-i-lara-ivanova-snimija-svetski-duet-jas-protiv-celiot-svet-video/ Thu, 28 Jul 2022 10:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260742

Роберт Билбилов по кој знае кој пат потврди дека е вистински хитмејкер, мајстор на современиот звук и модерната продукција. Новата песна овој пат не ја зачува за себе, туку несебечино ја сподели во дуте со младата и мошне талентирана пејачка од новата генерација, Лара Иванова. Иако ова не му е прв дует, Билбилов подеднакво покажува дека е мултиталентиран автор и изведувач. Дует темата на која Билбилов е комплетен музички автор кој ги потпишува композицијата, аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот и е снимена во неговот студио (Just RB Production),  носи наслов  „Јас против целиот свет“. Стиховите на неговиот во последно време постојан соработник Роберт Зимбаков совршено се вклопиле во целата проекција, како и вокалните делници на двајцата пејачи. Музички повеќе од издржана, песната звучи како музичко парче откинато од она што го диктираат новите музички трендови, па да не е испеана на македонски туку на англиски и да не знаете дека се работи за македонски изведувачи, слободно ќе помислите дека е симната од некоја од светските топ листи. Билбилов едноставно е човек кој не само што ги следи модерните музички трендови, туку и самиот подеднакво совршено се вклопува во нив, користејќи ги последните плагини, модерните бои, следејќи го начинот на последните трендови во светската продукција... Затоа и се' што ќе помине низ неговите раце, уши, воопшто низ неговата креативна работилница и студио, звучи светски. Песната „Јас против целиот свет“ е визуелизирана со едноставно, нискобуџетно, но доволно креатино видео кое овој пат го потпишува Ѓорѓи Вацев, чија визуелизација е сосема солидна поткрепа за приказната и пораката која ја носат во себе стиховите и атмосферата на песната. Како звучи и изгледа  „Јас против целиот свет“ на Роберт Билбилов и Лара Иванова проследете во продолжение:  ]]>

Сара Гигова со емотивна балада чии стихови се повеќе од – „Ранливи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-gigova-so-emotivna-balada-chi-stihovi-se-povekje-od-ranlivi-video/ Wed, 04 May 2022 11:27:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248592

По одличната „Ладно лето“ која ја објави пред неколку месеци, младата и талентирана пејачка Сара Гигова овојпат ја објавува новата тема со наслов „Ранливи“. Станува збор за одлична балада која влегува во уво уште на прво слушање, а како за претходната, така и за оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Ена Цветкоски. Младата Сара која важи за еден од поголемите таленти кои се појавиле на нашата музичка сцена во последно време, вели дека многу верува во оваа песна. „Со нетрпение го очекував овој ден, бидејќи ја обожавам песната. Да бидам искрена неколку мои најблиски веќе многу поодамна ја слушнаа „Ранливи“ и морам да признаам дека ме израдуваа нивните први реакции. Се надевам дека јас, Лазар и Ена сме направиле песна која ќе допре до многумина“ - вели младата Гигова. Гигова и за оваа песна за видеоприказната соработуваше со режисерот Ѓорѓи Вацев, а истиот беше снимен во хотелот Хилтон, но и неколку локации во близина на нашиот главен град. Покрај Сара, во спотот се појавува и моделот Христијан Стојаноски. Инаку Сара вели дека нема толку долго да чека до следната песна, бидејќи како што изјави, таа веќе размислува каде ќе бидат локациите за следниот спот. Дотогаш, уживајте во „Ранливи“ и доколку ви се допаѓа, споделете, лајкнете и поддржете ги македонските артисти. ]]>

Александра Јанева добила навредлива порака од обожавател, па се инспирирала за – „Глумиме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-dobila-navredliva-poraka-od-obozavatel-pa-se-inspirirala-za-glumime-video/ Fri, 01 Apr 2022 10:05:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245075

Велат дека оние песни кои се пишуваат во еден здив се токму тие, вистинските, најубавите, а токму такво нешто и се случи на познатата пејачка Александра Јанева пред извесно време. Нејзината нова нумера со наслов „Глумиме“ е направена буквално така... во еден здив. „Испровоцирана“ од обожавател кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака, било доволно Јанева да се инспирира и заедно со композиторот Лазар Цветкоски да создадат музичко дело кое сигурни сме дека ќе допре до секој од вас. Дека инспирацијата е навистина поради пораката од обожавателот, потврдува и Јанева. „Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за „Глумиме“ дојде после една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа“ - вели пејачката Јанева. Рефренот има доста силни зборови во кои веруваме дека ќе се пронајдат многумина од вас, а тој гласи вака: „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“ Александра токму со овие зборови се појавила пред студиото на Лазар Цветкоски и двајцата песната ја создале за кратко време... Инаку Јанева и за оваа песна соработува со режисерот Ѓорѓи Вацев, а покрај неа, во спотот се појавува и моделот Илија Андов кој одлично си ја заврши својата работа. За нивниот стајлинг повторно се погрижи стилистката Милена Танаскоска, со која соработката трае веќе неколку години. Таа се врати на македонската музичка сцена по пауза од две години, на минатогодишниот „Макфест“ со автобиографската и моќна балада „Денот што ни носи“, авторско дело на Лазар Цветкоски. Преку „Денот што ни носи“ и „Глумиме“, Александра јасно покажува дека секој стих од нејзината музика е вистинска приказна и произлегува од емоциите кои ја обземаат. Како што вели таа, ова е само почетокот на нејзините неискажани приказни. Следуваат уште многу проекти кои ќе се најдат на нејзиниот втор албум. До тогаш...  „Глумиме“... А, вие проследете и уживајте: ]]>

Лара Иванова и Панче Касапски заедно во баладата – „Само сврти се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-i-panche-kasapski-zaedno-vo-baladata-samo-svrti-se-video/ Thu, 30 Dec 2021 07:00:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233127

Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видеозаписот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, темелена на емоциите и уметноста. Во видео спотот Лара е претставена како сликар, што е целосно нејзина идеја како начин за визуелизирање на тематиката на песната, а драматичноста на испеаните стихови е преточена во секој кадар од новото видео. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Видео записот го режирал  Ѓорги Вацев, а зад уникатното сценарио за видеото стои целиот тим. Стајлингот на пејачите во видеото за „Само сврти се“ се должи на Викторија Бурсак која креирала модерен микс од брендови. Шминката и фризурата се на Даниел Николовски. „Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Како мој прв дует со македонски артист, моите очекувања се дефинитивно надминати, а снимањето на песната во студиото на Лазар Цветкоски секако делумно допринесе за истото. Со помош на музиката и желбата да креираме нешто сосема поинакво и оригинално, и со моќните стихови, кои што Робин Зимбаков совршено ги вклопи во оваа песна и кои што пренесуваат автентична емоција, – заеднички успеавме да создадеме оригинално уметничко дело“ - ќе изјави Лара по објавувањето на песната и видеото кои можете да ги проследите во продолжение. ]]>

Наташа Миха има илјада причини и само еден план – „Ти давам се’ што знам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-ima-iljada-prichini-i-samo-eden-plan-ti-davam-se-shto-znam-video/ Tue, 23 Nov 2021 13:40:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228504

По пауза од една година од излегувањето на нејзината „Пеперутка“, поп пејачката Наташа Миха има нова песна, насловена „Сé што знам“. Станува збор за поп сингл со модерен звук кој умешно се носи со естетските стандарди на светската музичка сцена, притоа задржувајќи го автентичниот артистички израз и печат на Наташа.
„Ми претставува големо задоволство и со гордост ви ја претставувам „Сé што знам“, мојот нов сингл.
Мене срцето ми е полно, посветив многу љубов, работа и време за реализација на целосниот проект и се надевам дека она што ќе го слушнете и видите ќе ги заскокотка вашите сетила и нема да ве остави рамнодушни„ - вели младата пејачка и додава:
„Сé што знам” е дело кое дели сличен тематски концепт со моите досегашни авторски песни. Музиката и аранжманот се вистинско звуковно освежување чија колоритност и динамика испровоцираа интимност и игривост во мојот вокален израз. Секоја нова можност за експериментирање и проширување на границите го буди детето во мене, желно за освојување  нови хоризонти. Во подготовка сум на свој солистички албум кој сакам да биде објавен во блиска иднина… „Сé што знам“ е снимена во Green Room Sound студио во Скопје. Зад музиката се потпишуваат Дамир Пух и Наташа Миха. Текстот е на Наташа, а изработката на аранжманот, како и целосниот микс и мастеринг на песната се дело на Дамир. Видеото е снимено на локација во околина на Скопје, во продукција на Ѓорѓи Вацев. „Со Ѓорѓи веднаш се согласивме дека битот на песната е она што најмногу движи, па едногласно решивме видео записот тотално да кореспондира со истиот. Идејата за возење бесен автомобил во планински предели и есенски колорит ме освои од прва. За време на снимањето имавме супер опуштена атмосфера и одлична соработка. И, секако, возењето беше безбедно. Топло ви препорачувам да ја слушнете „Сé што знам“ додека сте зад волан, искуството е посебно“ - ви порачува Наташа канејќи да го проследите нејзиното најново остварување во продолжение. ]]>

Александра Јанева со песна ни открива – „Денот што ни носи“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-so-pesna-vi-otkriva-denot-shto-ni-nosi-video/ Tue, 21 Sep 2021 13:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220042

По речиси двегодишна пауза македонската пејачка Александра Јанева одново има нова песна и видео за неа. Овој пат се работи за темата насловена „Денот што ни носи“ која струмичанката ја изведе на сцената на годинешниов фестивал на забавни мелодии „Макфест 2021“ во Штип. Песната беше и една од наградените или поточно нејзиниот автор Лазар Цветковски кој заедно со пејачката ја компонирал музиката и ги напишаа стиховите, а тој самиот ја продуцирал и го направи аранжманот, за кој и беше награден на штипскиот фестивал. „Денот што ни носи“ во суштина е емотивна балада која Јанева ја отпеала онака како што најдобро знае: моќно, сугестивно, на моменти суптилно, со силна емоција и вдахновена експресија во интерпретацијата која ја прави препознатлива во изведбата. Видеото реализирано од Ѓорѓи Вацев во целост ја следи приказната во стиховите и музичката подлога, испреплетувајќи го звучното со визуелното во една компактна целина која допира до најсилните и најдлабоки човекови чувства... Не секогаш подготвени да се судрат и соочат со она... „Денот што ни носи“. https://www.youtube.com/watch?v=ucHQcbBA8Ws&list=RDucHQcbBA8Ws&start_radio=1&t=1s]]>

Васил Гарванлиев пред суд на јавноста на бина во – „СудБина“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-pred-sud-na-javnosta-na-bina-vo-sudbina-video/ Tue, 02 Feb 2021 12:58:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187893

Македонскиот евровизиски претставник за 2020 и 2021 година, струмичанецот Васил Гарванлиев, ја објави својата нова песна „СудБина“ со која го најавува истоимениот албум. „Родени голи, сè друго е Суд и Бина. Овој пат приказната на спотот ја раскажав јас“, вели Васил, кој се јавува и во улога на режисер на спотот. Автор на музиката е Александар Јовевски, текстот е на Давор Каракашев, видеото кое е снимено во „Универзална сала“ - Скопје го изработи Ѓорѓи Вацев, кореографија е на Ивана Балабанова и Битрикс. Песната е снимана во студиото „Подрумот“ на Анге Ќосев кој е потпишан и како музички продуцент, а кореографијата е дело на  Ивана Балабанова - Beatrix Dance, додека дизајнер на костимите е Методија Коцев. https://www.youtube.com/watch?v=wEn0j4GWwj8&feature=emb_logo]]>

Наташа Миха му даде тон звучно боејќи го познатиот ефект на – „Пеперутка“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/natasha-miha-mu-dade-ton-zvuchno-boejkji-go-poznatiot-efekt-na-peperutka-video/ Wed, 25 Nov 2020 13:16:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178082

„Понекогаш најмалите одлуки не водат кон големи промени. Ефект на пеперутка. Едно скршнување е доволно за две души да се сретнат.Еден поглед кон себе е доволен да си ја прифатиме сопствената сенка. Си ја отворив душата, ја расштимав комфорт - зоната и извлеков од себе ново парче музика. 'Пепрутка' е симбиоза на музички стилови и израз, плод на лична артистичка еволуција, која пренесува порака инспирирана од малите и незначајни дејствија, одлуки кои понекогаш ги правиме спонтано и несвесно, потценувајќи ја нивната моќ и влијание кое се одразуваат во иднината“, вака Наташа Миха, позната музичарка и вокалистка ја претстави својата нова песна во најавата непосредно пред нејзинот излегување.
Музиката и аранжманот се заедничко дело на Наташа Миха и Дамир Пух, а стиховите ги потпишува Наташа. Продукцијата е на Наташа и Дамир, а целата музика е снимена, измиксана и мастеризирана во „GreenRoom Sound Studio“ во Скопје. Придружните вокали ги пејат Мартин Блажевски, Стефан Петановски, Дарко Фотиновски и Дамир Пух. Видео записот е сработен во соработка со Ѓорѓи Вацев, кој бил задолжен за камерата и видео продукцијата. Во главна машка улога се појавува Кристијан Стефановски. Шминката е на Евгенија Кузманоска, а сет фотографиите се дело на Наташа Величковска https://www.youtube.com/watch?v=-bc2Jiq-XlQ]]>