ѓорѓи крстевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 17 Dec 2022 10:48:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓорѓи крстевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ѓорѓи Крстевски прашува на цел глас зар постои подобро од – „Ти и јас“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjorgji-krstevski-prashuva-na-cel-glas-zar-postoi-podobro-od-ti-i-jas-video/ Sat, 17 Dec 2022 10:48:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280501

Македонскиот пејач Ѓорѓи Крстевски по повеќегодишна пауза  се враќа на сестрадната сцена како изведувач, откако објави нова песна. Имено, последниве години тој повеќе и се посвети на авторската работа како композитор, продуцент, аранжер и режисер на видео спотови за македонски изведувачи како: Тијана Периќ, Александра Јанева, 2Бе, Владимир Ризовски и Тања Војкоска, Горан Наумоски и Горан Папас, запоставувајќи го сопственото творештво лично за себе.   На радост на неговите обожаватели, Ѓорѓи има нова песна насловена „Ти и јас“ направена во негов стил. Иако не се работи за балада, туку со песна со побрз ритам, во неа секако се чувствува неговиот авторски дух, како и неговата специфичната вокална изведба. Емотивно испеана, какви што се и стуховите на самата песна, таа дише со чиста љубов и искрени емоции, онакви какви што произлегуваат од  длабочината на душата само кога срцето искрено, безусловно и безрезервно некого сака. Крстевски е комплетен автор на песната – музика, текст и аранжман, додека истата е снимена вомузичкото студио „Алшар“.  За снимањето, миксот и мастерот на истата се погрижил Ивица Јанкуловски. Песната е визуелизирана во комбинација со видео и текст анимација изработени од „Крстевски ентертејмент“ и Гоце Наков. Како звучи и изгледа повратничката „Ти и јас“  на Ѓорѓи Крстевски, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Тијана Периќ низ песна ви доловува како е кога разумот молчи, а само срцето слуша во – „Сонувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perikj-niz-pesna-vi-dolovuva-kako-e-koga-razumot-molchi-a-samo-srceto-slusha-vo-sonuvam-video/ Mon, 05 Sep 2022 05:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265523

20-годишната Тијана Периќ вчеравечер ја промовираше својата втора песна, насловена како „Сонувам“. За „Сонувам“ најмногу е заслужен Ѓорѓи Крстевски, кој е комплетен автор на песната, но ништо без Иван Петровски - гитара, Џоле Максимовски - бас гитара, Иле Спасев - микс и мастеринг и Сара Пројковска која ги пее придружните вокали. „Во песната пеам за љубов којашто е многу силна, толку силна што може да помине низ секаква бура од емоции и на крајот повторно да остане само чиста, силна и вистинска... Кога разумот молчи, само срцето слуша“- вели Тијана. Уникатноста во цел овој музички пакет се крие во видеоспотот. Ана Стрелкова преку својот единствен талент за цртање на песок, на целиот проект му дава една поинаква уметничка димензија. „Песната се подготвуваше пет месеци со тоа што најмногу време и труд беше вложен во тоа спотот да се поклопи целосно со песната, па затоа цртањето на песок ни одзеде многу време, но на крајот се исплатеше. Крајниот резултат е уметничко дело што ни ги задоволи очекувањата и притоа е прво вакво нешто уметничко кај нас“, открива пејачката. Инаку, ова е втора песна на Тијана, после „Писмо“, со која стана дел од македонското музичко небо. Периќ студира на Факултетот за музичка уметност и вели дека сака да остане доследна на својот музички правец, и покрај тоа што сосема поинаква музика во моментов е многу популарна. „Сонувам за успех по патот по којшто почнав да чекорам. Верувам дека секој труд и квалитет се исплатат и затоа трпеливо ќе сонувам за ‘моите 5 минути’, а дотогаш останува да работам на себе и да не престанам да се трудам и напредувам“, вели Тијана Периќ. Слушнете ја „Сонувам“ и споделете ја со вашите пријатели. ]]>

Пијанистката и поп пејачка Тијана Периќ е наша претставничка на сајбер-фестивалот „Јунајтед вижн“ со песната – „Писмо“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pijanistkata-i-pop-pejachka-tijana-perikj-e-nasha-pretstavnichka-na-sajber-festivalot-junajted-vizn-so-pesnata-pismo-video/ Wed, 19 Jan 2022 10:14:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=235429

На новиот светски виртуелен забавен фестивал „Јунајтед вижн“, на кој учествуваат претставници од стотина земји од целиот свет, младата пејачка Тијана Периќ, со песната „Писмо“, ја претставува Македонија. Гласањето е во тек, а гласаат клубовите од сите земји што ја имаат лиценцата за учество. Македонскиот клуб го претставува Тијана (19), а со тоа водно и нашата земја, Македонија. Тијана Периќ се занимава со музика уште од најрана возраст, одела во Нижото музичко училиште каде што учела да свири клавир и основи на музиката. Минатата година заврши во средното музичко училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, а сега е прва година на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Веќе 12 години свири клавир, досега имала доста настапи и учествувала на повеќе натпревари. Т алентот за музика го наследила од својот татко, кој работи како наставник по музика. Голем придонес во нејзината музичка наобразба имаат професорката по клавир Дилек Реџеп и професорката по соло-пеење Александра Коцевска. „Писмо“ е нејзина прва песна со видеозапис, комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски, а неговата продукција „Крстевски ентертејмент“ го реализира спотот, кој е сниман на три локации. Оригиналната верзија трае осум и пол минути, каде што освен како вокал, Тијана е претставена и како пијанистка, а истата беше издадена уште во септември 2021 година. ]]>

Тие се трио, а се викаат „2ВЕ“ и имаат само една која се вика – „100 песни“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tie-se-trio-a-se-vikaat-2ve-i-imaat-samo-edna-koja-se-vika-100-pesni-video/ Mon, 10 Dec 2018 13:39:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62336

Скопското поп-рок трио „2ВЕ“ дебитира на македонската музичка сцена со првиот сингл насловен „100 песни“, чиј комплетен автор е Ѓорѓи Крстевски.
Иако ова е прва авторска песна за оваа музичка дружина, тие се присутни на сцената веќе подолго време, а најпознати се по соработката со колешката Александра Јанева и заедничкиот проект „Summer jam “ во чии рамки цело лето нè честеа со одлични преработки.
Деби-синглот на „2ВЕ“ стигна во комплет со видео, кое го изработи продукцијата на Крстевски – „КМ ентертејнмент“ – и е меѓу првите видеа од ваков тип во Македонија што се снимени со техниката „еден кадар“ (оne-take).
„Веќе подолго време работиме на наша авторска музика, но не беше тешко да одлучиме дека првата песна ќе ја довериме на докажаниот автор Ѓорги Крстевски“, изјавија Љупче Стојановски (гитара и вокал), Тино Стојановски (гитара) и Синиша Зукиќ (тапани и кахон), а како изгледа и звучи нивното првенче дознајте во продолжение. ]]>

Тања и Владимир еден на друг си признаа – „Љубов моја си“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-i-vladimir-eden-na-drug-si-priznaa-ljubov-moja-si-video/ Thu, 08 Feb 2018 13:12:13 +0000 http://vistina.mk/?p=12185

„Љубов моја си“ е насловот на новата песна на младите музичари Тања Бојковска и Владимир Ризоски, кои за овој проект ги здружија силите со колегата Ѓорѓи Крстевски, чиј потпис стои на целокупниот аудио-визуелен производ (музика, текст, аранжман, микс, мастеринг и видеоспот) кои ги потпишува неговата „KM Entertainment“ аудио и видео продукција ).
Тања Бојковска под името Тања Б. се појави на музичката сцена пред десеттина години, кога беше актуелна со песните „Сила“ и „Затворен е овој круг“, обете дело на композиторот и продуцент Александар Масевски, а како соло-изведувач за последен пат ја видовме на минатогодишниот „Макфест 2017“, каде настапи со композицијата  „Трепет“ потпишана од нејзината колешка, пејачката Сара Мејс.
Заедно во дует со Владимир, публиката најдобро ги знае по бројните настапи низ Македонија, а ги паметиме  и по учествотот во втората сезона на регионалното  музичко талент шоу „Х фактор“, каде се појавија  под името „Спарклс“.
Како звучи и изгледа  дует темата „Љубов моја си“ на Тања и Влатко дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=25&v=CZootndKyvk  ]]>