ѓорѓи колозов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Oct 2021 11:55:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓорѓи колозов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 18 години од смртта на легендарниот актер Ѓорѓи Колозов https://arhiva.vistina.com.mk/18-godini-od-smrtta-na-legendarniot-akter-gjorgji-kolozov/ Wed, 13 Oct 2021 11:55:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222771

Пред 18 години, на 13 октомври во 2003 година во Скопје почина Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите актери во Македонија. Дипломирал на тогашната Академија за драмска уметност, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците. При Драмата на Македонскиот народен театар остварил позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други. Настапил во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање„ и други. Извор: курир.мк]]>

Снеже Велков не потсети на омилените реплики од „Македонските приказни“: Ако не знаете кој е царот, прашајте ја? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-ne-potseti-na-omilenite-repliki-od-makedonskite-prikazni-ako-ne-znaete-koj-e-carot-prashajte-ja-foto/ Tue, 10 Nov 2020 08:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175218

Има ли некој кој не ги гледал, кој не ги знае, кој не ги памети? Од старо до младо, од дете до родител, баба, дедо... сите ги знаат, зашто тие се едни од најгледаните ТВ проекти на сите времиња. Особено, оние, првите, оригиналните, од времето на „царот“ на ТВ екраните... „Македонските народни приказни“ или само „Македонски приказни“ како што беа насловени се култниот ТВ серијал кој остана за навек да се гледа одново, раскажува и прераскажува, чии реплики и ден денес се паметат и употребуваат и во секојдневието на нашиот говор. Своевиден микс на историја, јазик, фолклор, традиција, обичаи, народни носии, народни верувања, преданија, народни поговорки, мудри мисли, корисни поуки... Сите обележја што ја сочинуваат една нација и повеќе од тоа! Но и софистициран хумор, гледлива забава, врвни актерски остварувања сведени на нивото на обичниот човек. Во нив, ликовите кои не се забораваат: царот, царицата, султанот, екимот, кадијата, меанџијата, чорбаџијата, измеќарот, попот, клисарот... па се до обичиниот селанец, преставени во ликовите на богатиот и сиромавиот или домаќинот и домаќинката. А зад нив врвна актерска екипа на чело со големиот, единствениот, неприкосновениот, царот... Ќе погодите ли за кого се работи? Ако не ви текнува, погледнете ја фотографијата. На неа се тие двајцата - „царот и царицата“, во млади години, пред да ги остварат своите маестрални улоги, незаборавните ликови во прикаските... Ѓорѓи и Шенка Колозови, како заштитен знак, како своевиден „трејд марк“, олицетворение на приказните, кои ги направија и големи и познати, а тие на серијалот му го посветија сиот свој живот, играјќи го незаборавните улоги, изустувајќи ги незаборавните реплики кои и ден денес се паметат и кажуваат. Секако списокот на актери кбез кои приказните немаше да бидат тоа што се е долг: Ванчо Петрушевски - Рамче, Гоце Тодоровски, Лазар Бараков, Владимир Дади Ангеловски... и уште цела една плејада  доајени на македонското глумиште. Како и повеќето од нас, растена со „Македонските приказни“, ТВ водителката и пилатес инструкторка Снеже Велков, преку приказните на својот Инстаграм профил реши да не потсети на „Македонските приказни“... И себе си и другите, па направи своевидна анкета, за тоа која реплика од приказните му е омилена на народот? „Ај да видам кој се сеќава на овие царцки убаини?“ - праша Снеже на својот Инстаграм. Одговори стигнаа многу: „Ја сакам царе'ата ќерка, Еким - лечам од разни болести, Пиј си каве, пиј си тутун - азното само ќе си дојди, Господ да ме чува од женска белја, Икономија да праиш - за старост да мислиш, Стрижена е, бричена е“...  И сите подеднакво потсетуваат на на јдобрите епизоди од оние поубави и посреќни времиња. Денес е нешто друго... Прикаски се' уште има, иако ќе се согласите, не се тоа што беа некогаш. Како и многу други нешта! Особено не без царот Колозов, Дади, Рамче... сега веќе покојните македонски актерски легенди кои како и „Македонските приказни“ одбележаа една цела „епоха“, годините на нашето детство, растење, созревање, младост... Новите генерации имаат свои јунаци, свои херои, идоли... Но, се чини дека никој не е како царот, царицата, екимот, кадијата, чорбаџијата, попот.... од првата генерација на „Македонските приказни“. Или барем така ни се чини? Можеби треба малку да почекаме? Па нели „царот“ ви рече: „Седи си, пиј си тутун, пиј си каве - азното само ќе ти дојде“!    ]]>

За Шенка Колозова ниту времето не е лек за тагата по нејзиниот Ѓорѓи: „Станува се потешко и потешко…“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/za-shenka-kolozova-nitu-vremeto-ne-e-lek-za-tagata-po-nejziniot-gjorgji-stanuva-se-poteshko-i-poteshko/ Thu, 14 Nov 2019 08:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118365

Нејзиното име го знае секој, особено генерациите што израснаа гледајќи ја Шенка Коловова во македонските народни приказни. Денес, таа за жал е без својот животен сопатник, легендарниот Ѓорѓи Колзов со кој заедно беа и дома и на работа- пред камерите, на сцената... Шенка ретко се појавува во медиуми, но овој пат одлучи да проговори пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, бидејќи како што вели и таа самата е „бекстејџ“, односно личност која веќе неколку години професионално функционира од зад сцената. -Решив сосема да се повлечам и функционирам од зад сцената. До неодамна патувавме со мојата глумачка екипа низ цела Македонија. Пред две години реков, „мене ми е доста не можам веќе“ и затоа прифатив да бидам во „Бекстејџ“, затоа што јас сум „бекстејџ“, вели Шенка која откри и дека доста време од секојдневието поминува баш како во приказните – на село со своите животни во селската куќичка. -Пред некој ден се вратив во Скопје. Во едно охридско село имам една стара селска куќичка која што е прилагодена за нормален живот. Имам голем двор, имам ѕвеќиња, имам бавча, имам животни, мачиња, кучиња, ги имам и селските кучиња и мачиња, копам, лачам, косам трева, сечам дрва, ѕидам ако треба, раскажува актерката за своето слободно време кое го крои по сопствена мерка, како утеха за лекот кој не може да се најде за да помине болката и тагата по нејзиниот Ѓорѓи кој почина пред 16 години. -Во почеток како да не веруваш дека тоа се случило, се однесуваш како „ете, тоа е тоа“ и се сеќавам една пријателка моја на која и беше починат мажот и, велеше дека сите ќе ти кажат дека со времето поминува, но таа вели, со времето ти е сè потешко и потешко. Не поминува тоа... Има моменти што знам колку ги сакал и ми е и ден денес тешко зошто не може да го доживее тоа, зошто поминува, а него го нема. Мене не ми значело многу, но знам колку му значело нему. Мислам дека е голема загуба. Кога ќе ми кажат, „леле ти греота“, не сум греота, јас сум тука, живеам, си ги гледам внуците, си ги гледам децата, се радувам, тагувам, ме боли, здрава сум, еве тука сум, не сум за жалење, него го нема, го завршува интервјуто Шенка Колозова која се надева и верува дека следниот пат кога повторно ќе се појави во медиум ќе има убава тема за која ќе зборува. ]]>