ѓорче петров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 25 Sep 2023 10:13:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓорче петров – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еко Партнерс го одбележа европскиот ден на органска храна под мотото „Дојди, види, вкуси“ https://arhiva.vistina.com.mk/eko-partners-go-odbelezha-evropskiot-den-na-organska-hrana-pod-mototo-dojdi-vidi-vkusi/ Mon, 25 Sep 2023 10:13:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319494

Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност „Еко Партнерс“, по четврти пат, ја организираше манифестацијата „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“. Во паркот Ѓорче Петров изложуваа повеќе од 40 производители на органска храна, вина и крафт пиво. Жителите на населбата, но и сите Скопјани, уживаа во звуците на музичкиот вокал Агни Авшар и бендот Brainfreezers. Здружението „Еко Партнерс“, со оваа манифестација го одбележа Европскиот ден на органска храна во рамки на кампањата „Дојди, види, вкуси“. Манифестацијата е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Продолжуваме да ја спроведуваме визијата на Еко Партнерс, градење јак локален и регионален развој кој ќе овозможи заштита на животната средина и работи  за зајакнување, вмрежување  на локалните и регионалните капацитети на микро и семејните бизниси, на полето од органското производство, екотуризмот, агри туризмот, екологијата, создавајки услови за нови зелени работни места и оддржливост на дестинациите. Благодарни сме за поддршката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Ѓорче Петров, но и на сите овогодинешни изложувачи - производители на органска храна, вина и крафт пиво. Натанот е одлична можност на едно место да се споделат искуства, изложат органските производи и испрезентираат практиките во руралниот туризам, вмрежат органските производители на едно место и приближат регионалните практики и ќе овозможат продолжување на растотот на ова производство и еко туризмот со дополнителен финансиски импакт и зајакнат  локалниот економски развој“, истакна Дејан Арсов, како претставник на Здружението „Еко Партнерс“. За овие четири години на манифестацијата имаше повеќе од 10.000 посетители, со што интензивно се работи на полето на промоција на руралниот туризам кој последниве години е во подем. „Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда“, велат од „Еко Партнерс“. Ивица Стевковски од винарија Кувин го изрази своето задоволство и на овој начин го доближивме виното до нашите купувачи. „И секако, би учествувале на настани за промоција на органската храна, вино и пиво“. Манифестацијата „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“  ја поддржа и Агенцијата за односи со јавност Чептер 4.]]>

Ѓорче Петров личи на „Јатаган маала“ во 21 век: Кал до колена и дупки до појас! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjorche-petrov-lichi-na-jatagan-maala-vo-21-vek-kal-do-kolena-i-dupki-do-pojas-foto-video/ Thu, 12 Dec 2019 11:48:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123543

„Сенките над Балканот“ се спуштија и над Скопје... Некој ќе рече метропола, престолнина, а ако малку задрете во неговата внатрешност, а тоа не е центарот, ќе се уверите дека наместо државна престолнина поедини места во Скопје личат на маалска пустелија. Во град си, а како да не си... Небаре си во некое забаталено мариовско село, битолската ромска приградска населба „Баиро“ или споменатото „Јатаган маала“ од популарната серија „Сенки над Балканот“.  Така денес изгледаат поедини делови на скопската општина Ѓорче Петров, особено во делот на улицата „Мис Стон“ кон населбата Даме Груев. Кал до колена и дупки до појас. Особено кога ќе падне дожд или снег. Мештаните  возејќи по дупките на руинираниот асфалт автомобилите веќе ги испокршија, не дај Боже фали уште некој да скрши нога или колк! Услови за живот под човечкото достоинство, каде ниту елементарните права на се запазени. Родителите мораат до дома децата да ги носат  в раце, а возрасните да си набават гумени рибарски чизми за нормално движење и функционирање по она за што плаќаат придонеси и даноци! Ја хранат општинската администрација, а бирократите од општината на чело со градоначалникот Александар Наумовски мува не ги лази... Нему му се поважни кафеаните, пејачките и танчарките за славење, отколку проблемите на граѓаните и проектите за градење. Нова Година наближува и сосема извесно е дека мештаните од споменатата наслеба и понатаму ќе газат по вода, ќе возат по дупки, ќе кинат и валкаат чевли по ѓорчепетровската кал, додека градоначалникот се подготвува за својот новогодишен бал! Тој веројатно во некоја кафеана, граѓаните на населбата Даме Груев за уште еден новогодишен „бал по кал и вода“! ]]>

Порака до општинскиот кмет на Ѓорче Петров: Градоначалник излези од кафеана! https://arhiva.vistina.com.mk/poraka-do-opshtinskiot-kmet-na-gjorche-petrov-gradonachalnik-izlezi-od-kafeana/ Tue, 29 Jan 2019 10:07:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69843

Не беше така оддамна кога градоначалникот на општина Ѓорче Петров во еден ресторан лоциран во општината, заедносо високи функционери на владејачката СДСМ  уживаа во добро расположение, при тоа срамно славејќи ја промената на името на Република Македонија, тогаш тазе изгласана во Македонскиот парламент.
Очевидци сведочеа дека на прославата за промената на името, присутните најмногу ги забавувал токму градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој заедно со музичарите им пеел на гостите. На социјалните мрежи осамна и видео од  прославата на „патриотот“ Наумоски, на кое  тој ја пее познатата изворна македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“. Освен „срамот“ од кафеана не излезе ниту Ѓурѓа, ама по се' изгледа не излегува ниту градоначалникот Наумовски. Од ветените проекти за подобар живот во општината, нема ништо... Граѓаните на Ѓорче останаа само на предизборните ветувања, во стариот добар СДС стил: „Ќе биде...“! А кога?  Кога градоначалникот ќе излезе од кафеана!
Во меѓувреме  излегоа некои други на улица... Сега за сега, само за да го потсетат... Со знак! Поточно со табла, на која пишува: „Градоначалник, излези од кафана - твој СДСМ“.
Па истата ја поставија на местото на кое и да сака не може да ја промаши и да не ја види кога секојдневно ќе оди во кафеана... Пардон, на работа. На кружниот тек на влезот во општината кај црквата Свети Петар и Павле.
Можеби по ова на Социјал Демократот од Северна Македонија (СДСМ) ќе му текне... нешто и да подработи!        ]]>

Танчарки и српски турбофолк за Северна Македонија: СДСМ лумпува во кафеана, градоначалникот на Ѓорче им пее (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tancharki-i-srpski-turbofolk-za-severna-makedonija-sdsm-lumpuva-vo-kafeana-gradonachalnikot-na-gjorche-im-pee-video/ Sun, 13 Jan 2019 11:18:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=67237

Владејачката гарнитура не може да си дојде на себе од успешната зделка за продажба на националното име, идентитетот, култирата, историјата, на сè што се врзува за името Македонија. Изгласувањето на уставните измени им се погоди во петок, така што имаат цел викенд за „кршење чаши од кристал“ по скопските кафеани. Доцна синоќа најрасположен бил градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој лумпувал во скопска кафеана, а според нашите сознанија се прославувала токму промената на името на државата. За да ѝ тргне на Северна Наумоски го реалзирал првиот проект во градоначалничката кариера – се фатил за микрофон и запеал „Ја излези, Ѓурѓо“. Според видеоснимките на „Република“, Наумоски добро се снаоѓа со микрофонот, а му лежи и репертоарот на Мирослав Илиќ, па за атер на Северна, тој кршел чаши, а компањоните му лепеле пари. Врв на баханалиите на однародениот апаратчик на СДСМ била стомачната танчарка која му го фрцкала задникот пред носот додека тој сладострасно се облизува. Прославата на националното понижување и себеукинување започна уште во петокот во Собранието, веднаш по изгласувањето на уставните измени.]]>