Ѓоле Максимовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Jun 2020 12:33:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Ѓоле Максимовски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Темпера“ со нов музички повик – „Дојди“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tempera-so-nov-muzichki-povik-dojdi-video/ Mon, 22 Jun 2020 12:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155025

Позитивни, енергични и со полно срце рок ен рол, македонскиот музички бенд „Темпера“ повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност. „Дојди“ е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј!” „Дојди” чиј композитор е басистот Ѓоле Максимовски на стихови на пејачката Тања Тас  е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон. Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц. Снимена, микасана и продуцирана во „Тралала“ студиото на Мите Димовски - тапанарот на групата, музички продуцент и приватно сопруг на вокалот  Тања Тас,  покрај која во бендот уште членуваат и Драган Гиновски Гино - гитара и Ѓоле Максимовски - бас гитара. Слушнете и погледнете како звучи изгледа кога „Темпера“  те повикува со... „Дојди“: https://www.youtube.com/watch?v=Y2DZDD1PrXQ&feature=emb_logo]]>

На Мето Ди Флеш никаде не му се брза – „Те чекам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-meto-di-flesh-nikade-ne-mu-se-brza-te-chekam-video/ Fri, 28 Feb 2020 12:03:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=136795

После позитивните критики за неговата прва песна “Да не е млако” од Мето Ди Флеш ни доаѓа втор сингл насловен како “Те чекам”. Нумера во модерен, динамичен, фанк стил. Карактеристично за новата песна на Мето Ди Флеш, за која тој ги напиша музиката и текстот, е што соработува со повеќе музичари преку интернет од разни држави. Главното студио е во Струга, кај него, каде што покрај Мето Ди Флеш кој свири и гитара, пеат уште и Марија Мечкароска и Владимир Нестороски. Во Скопското студио на Стефан Петаноски, Ѓоле Максимовски свири бас, а пее Ана Петаноска. Во Американско студио, пак, саксофонистот Томи Леб снима брас секција, додека во Варшава, Полска, Зоран Кречо прави мастеринг на траката. Видеото е во продукција на “Flash Production” од Струга и претставува „журка“ во охридскиот скејт парк која подоцна се префла низ охридските улици, каде што своите лудории и вештини ги претставува скејтерот Мартин Ристевски. Мето Ди Флеш, е актуелен низ целата држава со неговите лајв караоке настапи по познатите кафулина и клубови. Се надева дека и оваа песна ќе наиде на добар прием кај неговата публика и најавува дека нема да застане тука и ќе се труди редовно да ги изненадува фановите со нов снимен материјал. Видео промоцијата на новата песна на Мето Ди Флеш се случи деновиве на неговиот You tube канал, а таа во наредниот период ќе биде промовирана на неговите настапи во живо. ]]>