ѓердан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 14 Jun 2023 11:27:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ѓердан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто Кејт и Меган никогаш не го носеле ѓерданот што Дајана го носеше непосредно пред смртта? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-kejt-i-megan-nikogash-ne-go-nosele-gerdanot-shto-dajana-go-noseshe-neposredno-pred-smrtta-foto/ Wed, 14 Jun 2023 11:27:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306253

Ѓерданот на принцезата Дајана крие неверојатна приказна. Кога влегоа во кралското семејство, Кејт Мидлтон и Меган Маркл, освен титули, добија и вредни колекции на накит од ризницата на Виндзори. Но, би се рекло дека и двајцата сакаат да носат ѓердани, обетки и часовници кои и припаѓале на принцезата Дајана, свекрва која никогаш немале шанса да ја запознаат. Сепак, постои едно иконично парче што никогаш не сме го виделе на ниту една од нив. Станува збор за ѓердан со 178 дијаманти и бисери со пречник од 12 милиметри, извлечен од Јужното Море, ремек-дело на златарницата „Гарард“. Лејди Ди го носеше околу вратот на последниот јавен настан на кој присуствуваше пред нејзината трагична смрт на 31 август 1997 година во Париз. Дали е тоа суеверие или парчето едноставно не им е достапно на војвотките? Како што дознаваме, ѓерданот никогаш не бил во посед на Дајана, иако при изработката биле земени предвид нејзините идеи. Таа му го вратила на златарот, кој набрзо направил соодветни платинести обетки. За жал, Лејди Ди не успеа да ги види. Сетот се вика „Лебедово езеро“,бидејќи токму овој балет го следеше во јули 1997 година во „Ројал Алберт Хол“. Комплетот ќе излезе на аукција следниот месец, со непозната почетна цена. Накитот што го носеше принцезата од Велс влезе во историјата кај неа. Во тестаментот таа навела дека тој дел од наследството ќе биде поделен меѓу нејзините синови Вилијам и Хари. Секако, ги „пренесоа“ на своите сопруги. Највредниот дел од скапоцената колекција и припадна на наследничката на титулата Кејт Мидлтон. Меѓу другото, на нејзината рака сјае познатиот веренички прстен на Дајана со голем син сафир обложен со мали дијаманти. Се проценува дека денес вреди повеќе од триста илјади евра. Кејт повремено носи и обетки од комплет што Лејди Ди го добила на подарок од принцот на Саудиска Арабија, како и оние со бисери од Јужното Море. фото:Getty Images/Profimedia/Џулијан Паркер]]>

Скапоцениот гердан со дијаманти кој Цеца наводно го носела украден од страна на Аркан: Сопственичката го забележала во емисија https://arhiva.vistina.com.mk/skapoceniot-gerdan-so-dijamanti-koj-ceca-navodno-go-nosela-ukraden-od-strana-na-arkan-sopstvenichkata-go-zabelezala-vo-emisija/ Tue, 17 Aug 2021 11:15:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215648

Урбан мит кој се прераскажува со години... Жеjко Ражнатовиќ Аркан, основач на паравоената формација Српска доброволна гарда и пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца се пар кои се инспирација за многу урбани легенди, а една од нив го привлекува вниманието на јавноста. Станува збор за гостувањето на контроверзниот Аркан и српската фолк дива Цеца во емисијата Минимаксвизија, чиј домаќин беше познатиот водител Милован Илиќ Минимакс. Тогашните соружници Аркан и Цеца биле неколку пати во оваа емисија, а некои тврдат дека во една емисија во програмата била вклучена и гледачка, што ги шокирала гостите со нејзината изјава. Иако постојат различни верзии на овој настан, во повеќето верзии жената преку телефон вели дека дијамантскиот ѓердан што го носи Цеца во емисијата го украл Аркан од нејзината мртва сестра (иако некои тврдат дека тоа била нејзината ќерка), по што во студиото настапи „тишина“. Проблемот со овој настан е што снимањето на шоуто не може да се најде скоро никаде, иако има снимки од други изданија на „Минимаксвизија“ во кои гостуваат Цеца и Аркан. Се вели дека по наредба на Аркан, видеото е тргнато, ама пола Србија и Балканот ја гледаше току таа емисија и сведоци се на сето она што го кажала гледачката. Покрај тоа, има толку многу различни верзии на оваа приказна која стана само уште еден урбан мит. ]]>

Васил Гарванлиев победи со „Ѓердан“ на реномираниот светски фестивал – „World Folk Vision 2020“ https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-pobedi-so-gjerdan-na-svetskiot-renomiran-festival-world-folk-vision-2020/ Wed, 01 Jul 2020 12:35:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156653

Global Culture Initiative денес ја објави листата со победници на фестивалот World Folk Vision 2020. Во категоријата за најдобра песна победник е македонскиот годинешен преставник на Евровизија – Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан“. На овој  глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници  од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44 члено професионално жири од повеќе земји од светот.  Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји  одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид19 се одвиваше на нивната платформа онлајн. „Се' уште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со Ѓердан да учествувам – песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време“ - изјави Гарванлиев по сопштувањето на резултатите и  веста за победата. Песната „Ѓердан“ беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгиќ, текстот на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан. Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар. https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/vasil-garvanliev-so-zvuci-i-sliki-go-naniza-svojot-muzichki-gjerdan-video/]]>

Цеца хуманитарно продаде скапоцен ѓердан, а на крај памет нема да ви падне кој го купи https://arhiva.vistina.com.mk/ceca-humatarno-prodade-skapocen-gjerdan-a-na-kraj-pamet-nema-da-vi-padne-koj-go-kupi/ Fri, 19 Apr 2019 07:34:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83888

Инсатграм објави видео во кое ги повика следбениците да помогнат во собирањето средства за младиот Никола Рабреновиќ. На ова момче му е потребна операција во Русија. Ѓерданот на цеца е продаден за 3 илјади евра, а го купил скандалозниот фудбалер Огњен Врањеш. Како што наведува добро известен извор, Врањеш одлучил да се вклучи во акцијата со лажно име и веднаш понудил 2 илјади евра, што било повеќе од претходната понуда, а потоа додал уште илјада евра.
Огњен е многу добар пријател на мој другар, а во доверба му кажал дека учествувал во лицитацијата на Цеца, каде понудил најмоногу од сите. Фудбалерот сакал да помогне, но за тоа да не се зборува и пишува, затоа понудата била од лажен профил. Тој Цеца исклучително ја цени и почитува и беше сигурен дека парите ќе отидат во вистинските раце, а јас пак сметав дека тоа треба да се знае, завршува изворот.
]]>

Тажната приказна за момчето кое на Меган Маркл и подари ѓердан од тестенини https://arhiva.vistina.com.mk/taznata-prikazna-za-momcheto-koe-na-megan-markl-i-podari-gjerdan-od-testenini/ Tue, 30 Oct 2018 09:40:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55257

Меган Маркл на австралиската турнеја доби бројни подароци, но за време на посетата во Мелбурн посебно ја развесели уникатниот моден додаток, ѓердан од тестенини кој и го подари шестгодишно момче, пренесуваат британските медиуми. Меган пред неколку дена во мноштвото деца забележала едно момче кое држи натпис:„Ти направив ѓердан“. Му се доближила и со широка насмевка го прифатила подарокот и без двоумење го стави околу вратот. Гавин ѓерданот го направил од тестенини кои ги обоил во златна нијанса и ги нанижал на обична врвка. Приказната и фотографијата го обиколија светот, а обожавателите предложија Гавин да продолжи да ги изработува и да ги подарува. Момчето тоа не го сакало, но кога неговата мајка го советувала од парите од продажбата да ги донира во хуманитарни цели, како што прават Меган и Хари, тој се согласил. https://www.youtube.com/watch?v=992DoeR8sDA Мотивацијата била загубата на неговата помала сестра, која е родена како мртвородена пред четири години, што многу го погодило целото семејство. -И тој помина низ загубата со нас и сака да им помогне на другите кои се нашле во слична ситуација, вели неговата мајка. Со помош на татка си момчето има интернет страница на која се наоѓаат неговите изработки кои ги продава за 20 долари. Уште од првиот ден се продадени 18.  ]]>

Васил Гарванлиев со звуци и слики од Македонија го нанижа својот музички – „Ѓердан“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-garvanliev-so-zvuci-i-sliki-go-naniza-svojot-muzichki-gjerdan-video/ Sat, 22 Sep 2018 15:35:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49377

Васил Гарванлиев го претстави своето најново музичко парче насловено „Ѓердан“, кое со својот раскош и емоции е вистинско уживање за сите сетила… Струмичкиот оперски пејач, кого македонската публика го памети и како малото детенце што ја пееше „Марионка“, за својот „Ѓердан“ силите ги здружи со авторите Саша Драгиќ (музика), Весна Малинова (стихови) и Диран Тавитјан (аранжман), а резултатот е вистинско ремек-дело.
Сето тоа визуелно го дополнија Столе Ангелов, Ѓорѓи Вацев, Коста Јованов и Бојан Стоилковски, под палката на креативниот режисер Јелмаз Дервиши, а за пост-продукцијата се погрижи Бошко Столиќ.
„Ова е приказна за моќта на љубовта. Патувам пешки низ прекрасната Македонија, собирајќи камења/приказни од секоја личност што ќе ја сретнам. Секоја личност е уникатен отпечаток/врска што го гради нескршливиот ѓердан. Користам четири генерации на жени за да ја претстават нашата татковина низ времето. Ангелот ја претставува внатрешната битка што сите ја имаме и која е ослободена преку танцот… Љубовта секогаш победува“, вели Васил за својот „Ѓердан“, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=195&v=okZTxXbwFIU]]>

Сузана Турунџева оган лута: Пријателите прашаа – „Што ти стана, само што доби зет?“ https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-turundzeva-od-ogan-luta-prijatelite-prashaa-shto-ti-stana-samo-shto-dobi-zet/ Mon, 20 Aug 2018 07:21:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43676

Сузана Турунџиева и нејзиното семејство се доста актуелни во медиумите периодов поради мажачката на нејзината 18 годишна ќерка Лора која неодамна се сврши, а веќе подготвуваат и свадба. Сузана многу рано стана баба со зет, а по убавата вест реши да си даде време за себе на одмор во Турција, оттаму сподели неколку убави фотографии.
Но меѓу поновите објави на нејзиниот профил на Фејсбук стои фотографија на која Сузе е во доста необично издание кое ги насмеа, но и воодушеви нејзините пријатели и следбеници. Тазе баба Сузе носи крпа на главата, а пак на вратот има ѓердан од лути пиперчиња. -Чунќим ифрит сум љута, напиша во описот на објавата, а коментарите се редеа дека не може да биде лута кога само што доби зет.
Но, таа веднаш негираше дека има лутина кај неа кога станува збор за зетот, а во таа смисла дури би се наредила со локум. Зет како мед, или за Сузе локум! фото:фејсбук]]>