гитара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 23 Feb 2024 14:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гитара – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 За Мики Секуловски од пеење никогаш доста: Во два по полноќ свесно реши да ги буди комшиите (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/za-miki-sekulovski-od-peene-nikogash-dosta-vo-dva-po-polnok-svesno-reshi-da-gi-budi-komshiite-video/ Sat, 24 Feb 2024 09:10:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338882

На актуелниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, велешанецот Мики Секуловски, ѕвездите му се наклонети повеќе од кога било. Мики е еден од најпофалените натпеварувачи во ѕвездите на Гранд, па иако и претходно имал големи успеси во шоуа за таленти, овој пат се чини дека за него дојде вистинското време.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

За Мики не мора да има договорена тезга, снимање во Белград или слично, на талентираниот велешанец никогаш не му е доста од песна. Тоа го покажа и во едно од своите најнови видеа кое се најде на неговите профили од социјалните мрежи. Па така, иако беше два по полноќ, Мики качен на блакон под отворено небо со гитра во рацете, доби желба да ги искаже своите емоции и моментално расплложение, а како ако не поинаку, туку преку песна. „Рано је за тугу“ од Харис Џиновиќ беше изборот на Мики, рано наутро, но не рано и за пена и тоа отпеана со „полна гас“. Сопирачки за Мики немаше се додека не си го направи меракот, својот, а и на оние кои му правеа друштво кое без сомнеж уживаа. https://youtube.com/shorts/1q32Ldzwx58 Свесен дека ќе ги разбуди комшиите, кои веројатно навикнале Мики да им пее, а за овој утрински испад веројатно ќе му прогледаат низ прсти на популарниот сосед. -Ги разбудивме комшиите“, напиша во описот, а во прилог стави и насмеани емотикони. Се надеваме дека откакло Мики по бурната ноќ се наспа, а и на соседите им беше доволно сон, при првата средба немаше проблем, туку потреба само од едно извинување. фото:Instagram printscreen/ mikisekulovski]]>

„Ме бараа да снимам плоча, бев преплашена“: Драгана Мирковиќ изгледаше вака пред да постигне голем успех (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/me-baraa-da-snimam-plocha-bev-preplashena-dragana-mirkovik-izgledashe-vaka-pred-da-postigne-golem-uspeh-foto/ Mon, 17 Jul 2023 07:24:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310411

Пејачката отсекогаш знаела дека ќе се занимава со музика. Драгана Мирковиќ зад себе има речиси 40 години кариера, а уште како мала покажала јасни склоности кон музиката. Така, на Инстаграм можете да ја најдете фотографијата од детството на Фолкерка на која ретко кој би ја препознал. Носејќи гитара во рацете, Мирковиќ ги забавувала соучениците.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @estradni.arhiv

„Драгана Мирковиќ, трето одделение основно училиште“, стои во описот на сликата. Пејачката еднаш проговори за нејзините почетоци. „Еднаш како дете бев срамежливо и скромно девојче, пеев фолклорно и се плашев да излезам на сцена. И тогаш наеднаш дојдоа првите луѓе од ПГП да ме замолат да направам плоча. Бев преплашена. Сепак, се согласив бидејќи ми беше бескрајно досадно во мојот мал живот“, изјави претходно Драгана, пренесува Мондо.рс Фото: Принтскрин/Инстаграм/Естрадни времеплов/Ата Имаџес  ]]>

Мадона ја шокираше јавноста: Пејачката објави видео на кое ја лиже гитарата (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/madona-ja-shokirashe-javnosta-pejachkata-objavi-video-na-koe-ja-lizhe-gitarata-video/ Mon, 03 Apr 2023 11:02:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296330

Мадона, кралицата на поп музиката  повторно ја шокираше јавноста откако на нејзиниот Инстгарам профил објави видео каде клекната покрај гитарата, со едната рака го држеше инструментот додека се наведнуваше и го лижеше скелетот на гитарата. Таа заводливо свиреше и ја лижеше својата гитара во снимката во која обожавателите ја нарекоа „одвратна“, „срамна“ и „гадна“. Мадона потоа ја префрли гитарата од една на друга страна и накратко го прегрна инструментот пред повторно да го помести и да го погали со едната рака. „Дали е можно да се заљубиш во својата гитара?“, напиша таа покрај видеото, мислејќи на нејзината претстојна турнеја „Celebration“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Madonna (@madonna)

Во објавата пејачката носи светлозелена кошула, мрежести хулахопки, црна бомбер јакна и црни очила за сонце во ист стил. На многумина не им се допадна видеото на Мадона, па неколку корисници на Инстаграм ја изразија својата загриженост за видеото, а потоа коментарите беа оневозможени. Фото: Принтскрин/Епа/ ФранкРобишн  ]]>

Зетот на Тоше ја разреши мистеријата околу „неговата гитарата“ во рацете на бугарски пејач: Не беше тешко да се погоди дека Бугарите пак „се китат со туѓо перје“ – со измама само си правеле маркетинг (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zetot-na-toshe-ja-razreshi-misterijata-okolu-negovata-gitarata-vo-racete-na-bugarski-pejach-ne-beshe-teshko-da-se-pogodi-deka-bugarite-pak-se-kitat-so-tugjo-perje-so-izmama-samo-si-pravele-marketing-f/ Wed, 12 Jan 2022 07:46:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234477

Најпрвин во бугарските медиуми, а потоа и кај нас осамна веста дека во новиот видеоспот на младиот бугарски пејач Лео користи „ специјална гитара“( „Сигнал“). Тој според нивните информации, во видеото за песната „Ти си мојот живот“  во рацете ја има гитарата на која некогаш свиреше нашата музичка легенда, Тоше Проески. [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/gitarata-na-toshe-zavrshi-vo-racete-na-bugarskiot-pejach-leo-kako-nikoj-ne-znae-video/[/embed] Откако веста молневито се прошири, многумина не верувајќи вртеа со глава зачудено прашувајќи се од каде гитарата на Тоше во бугарски раце, мистеријата бргу ја разреши човекот кој по трагичното заминување на македонската музичка икона, ги презема сите операции околу чествувањето на ликот и делото на нашиот музички ангел. Имено, неговиот зет за сетра, адвокатот Славен Ристески кој во изјава за македонските портали ( „Фокус“ ) ја појасни целата ситуација, симнувајќи го ионака сомнителниот вел на мистеријата околу наводната гитара на Тоше во новото видео на младиот бугарски пејач Лео. „Сите гитари кои беа на Тоше, исто како и останатите музички инструменти кои тој ги поседуваше се изложени во спомен куќата - музеј во Крушево. Ниту една не е продадена, ниту пак дадена некому на користење. Ова со гитарата, ми личи на маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија“ - дециден е Славен Ристески, зетот на Тоше и татко на неговиот внук Кристијан. Славен вели дека ова не ги изненадува зашто не е прв пат. Со текот на годините веќе свикнале на секакви приказни поврзани со Тоше и на многу од нив семејството воопшто не реагира. Тврди дека многумина  досега се обиделе да си прават маркетинг користејќи го името на Тоше. „Фотографиите со гитарата кои ги објавиле, кој знае дали е тоа една иста гитара и чија е. Тоше  има многу фотографии со гитари, на кои можеби некогаш свирел на некоја забава, му дошле во раце… Секакви финти се прават, ние веќе не си ни лутиме, ниту пак реагираме. Народот знае и не заборава кој беше Тоше“ - резимира во својот демант на лажната приказна, Ристески. Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Slaven Risteski/kristijanristeski  ]]>

Гитарата на Тоше заврши во рацете на бугарскиот пејач Лео… како, никој не знае? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gitarata-na-toshe-zavrshi-vo-racete-na-bugarskiot-pejach-leo-kako-nikoj-ne-znae-video/ Tue, 11 Jan 2022 06:57:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234462

Во новиот видеоспот на младиот пејач Лео, тој користи многу специјална гитара, пишува бугарски „Сигнал“.  Според нивните информации, тој во својот нов спот за песната „Ти си мојот живот“ ја користи гитарата на која некогаш свиреше нашиот Тоше Проески. Гитарата му била омилена на Проески и со неа ги создал некои од своите најголеми хитови, пишува порталот. Како стигнала гитарата до Лео и дали е автентична или само копија на истата, искористена за добар маркетинг на пејачот и песната, засега останува непознаница. Познавајќи ги апетитите на „комшиите“ се што е туѓо да биде (и) нивно, ништо нема да не изненади. ]]>

12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“ https://arhiva.vistina.com.mk/12-izdanie-na-megjunarodniot-festival-za-gitara-tremolo/ Mon, 17 May 2021 12:30:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202814

Од денеска до 23 мај ќе се реализира 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“, во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“. Во рамки на фестивалот ќе се одржат неколку концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови. Фестивалот ќе се одржи со поддршка на Градот Скопје, а како што посочуваат организаторите, како централен настан е натпреварот на кој учествуваат талентирани млади луѓе. Меѓу концертите планирани за годинава први се оние на Давид Стрбац – Србија/Австрија и на Адам дел Монте – САД, кои ќе се одржат на 19 мај во малата сала на Македонската филхармонија. Потоа следува „Дуо Дениција“ – Македонија/Германија и на Герхард Герхард Рајхенбах – Германија, најавени за 21 мај во „Куршумли ан“, како и на Нејц Кухар – Словенија/Австрија и на Габриел Бјанко – Франција, чии настапи на 22 мај, исто така, ќе бидат во малата сала на Македонската филхармонија. Организаторите најавуваат учество на гости од странство, од кои дел ќе бидат и членови на интернационалното жири Адам дел Монте од САД – еден од водечките фламенко и класични гитаристи и композитори од неговата генерација, добитник на награди „греми“, Габриел Бјанко од Франција – признат како еден од најдобрите денешни класични гитаристи, победник на престижни меѓународни натпревари, во Сан Франциско, САД и во Кобленц, Германија, Герхард Рајнхенбах од Германија, кој веќе 40 години настапува како солист и заедно со оркестри на сите важни меѓународни фестивали на гитара. Од македонска страна во жирито членуваат Дарко Багески – нашиот познат гитарист, кој моментално работи како редовен професор на Факултетот за музичка уметност, уметнички директор на „Тремоло“, основач е на Летната академија за гитара во Охрид и претседател на македонската заедница за класична гитара; Борче Наумоски – доцент на Факултетот за музичка уметност, кој ги предава предметите гитара, камерна музика и литература за гитара, а предава и како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ и Љубомир Наќевски – професор по класична гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, чии ученици активно учествуваат на фестивалите во регионот и се добитници на државни и меѓународни награди, како и директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска. „Овој фестивал е прв посветен на уметноста на класичната гитара во нашата земја. Низ годините, прерасна во престижна културна манифестација што ги обединува љубителите на класичната гитара. Во текот на изминатите години многу еминентни солисти и педагози, светски познати уметници од областа на класичната гитара, придонесоа овој фестивал да стане препознатлив со својата уникатност. Секое издание од овој фестивал е своја приказна, инспирaција за младите генерации во нивната културна формација“ - соопштија организаторите.]]>

И бугарската пејачка Лијана се сликаше „пиштол гола“, затскриена само зад гитара: Момичето, смело си го покажа… убавото тело! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-bugarskata-pejachka-lijana-se-slikashe-pishtol-gola-zatskriena-samo-zad-gitara-momicheto-smelo-si-go-pokaza-ubavoto-telo-foto-video/ Thu, 30 Apr 2020 12:24:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147461

39-годишната бугарска пејачка Лијана се вклучи во инвазија на секси фотографии со која ВИП личностите ги преплавија социјалните мрежи за време на карантинот, прикажувајќи  се подразголени или сосема голи. Пејачката по теркот на некои други свои колешки, меѓу кои и нашата Марија од „Ај Кју“, се фотографираше  „пиштол гола“, задкриена зад акустична  гитара. Лијана, која се обидува да се врати во музиката по долго пауза, доби многу комплименти од фановите за нејзиното убаво тело. Неделата по Велигден, пејачката реши да се покаже како од мајка родена, па покрај фотографијата напиша: „Облечена во љубов“! Дека своите телесни адути, онака разголени решила да ги искористи до максимум, пејачката докажа и со видеото за  својата недамна излезена песна „Момичето“, каде момичето смело си го покажа... убавото тело! https://www.youtube.com/watch?v=Y4gTVOe-_yU&feature=youtu.be&app=desktop&fbclid=IwAR2BXEdunlv0vwcoWQjfJ8mGsUhOKT0ReUplqZvzfSzSBGsmB-5Sos8fc8s  ]]>

На Бојан од „Ај Кју“ гитарата сепак не му е омилен инструмент: Музичарот повеќе „се пали“ на малку поинакви звуци (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-bojan-od-aj-kju-gitarata-sepak-ne-mu-e-omilen-instrument-muzicharot-povekje-se-pali-na-malku-poinakvi-zvuci-foto/ Tue, 28 Apr 2020 07:34:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146839

Скопското евровизиско љубовно-музичко дуо „Ај Кју“,  излезе од карантинот за да сподели „култура во време на корона“, па музицираше во рамките на истоимената манифестација организирана од Град Скопје, на која скопските музичира „од под балкон, на покрив или под пенџере“ се обидуваат да го забавуваат народот, додека тој чмае во изолација заради корона пандемијата. Скопје и не само Скопје и понатаму седи дома, а Бојан и Марија откако ја завршија својата музичка мисија се вратија назад во изолација... Се разбира со 14.500 или 29.000 денари во џебот, зависи како градоначалникот Шилегов и неговата свита гледаат на нив? Како група и „две во едно“ или „две одделно“, па секому му следува ветенета сума уметнички „минималец“. Малку пред тоа, навидум мирната, тивка и повлечена Марија ја шокираше јавноста, откако на социјалните мрежи сподели разголена фотографија. Пејачката гола, затскриена само зад стара акустична гитара, од сите предрасуди ослободена, позираше како од мајка родена.   https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/marija-od-aj-kju-se-sobleche-gola-pejachkata-od-site-predrasudi-oslobodena-pozira-kako-od-majka-rodena-zadskriena-zad-stara-gitara-foto/ И не помина долго, по пејачката на „Ај Кју“ нов шок ни приреди посилната половина на ова дуо - гитаристот и лидер на бендот, Бојан Трајковски. Додека во домашни услови тој и Марија се подготвуваа за своето онлајн музицирање, следуваше неговото шокирање на јавноста. Имено, меѓу сите инструменти во собата за проби, се најдоа и едни конги. Не се гитара и не се жичан инструмент, ама сепак - комплимент за тоа, како најпрвин на нив Марија го покажа своето музичко умеење и „чувство за осет“ за ритам. Веднаш потоа и се придружи Бојан, па така заедно, како „дуо -трио“ ја продоллжија ритмичката ударна сеанса, во која на „гитарџијата“ одненадеж му се пружи шанса да ги слушне своите „омилени звуци“! Додека така заедно свиреа, пејачката во еден момент му заврте грб, па се поднаведна веројатно да земе нешто што беше оставено до неа, а Бојан го искористи моментот за да го смени “инструментот“. Неговите „брзи прсти“ за миг од конгите се префрлија на бујната задница на расната љубовница и колешка, па лекцијата што очигледно веќе му е позната на „перкусионистот“, не му беше тешка. Ја отсвири совршено, иако се чини  дека со „парти-турата“ тука не беше свршено... Како и да е, Бојан од „Ај Кју“ покажа дека гитарата сепак не му е омилен инструмент. Музичарот повеќе „се пали“ на малку поинакви звуци...  Брзопотезно изведени и природно произведени! Впрочем, не му е прв пат да покаже дека има „брзи и лепливи прсти“  подготвени за миг да се фатат за нешто цврсто или меко, како ланската зима, кога на очиглед ја зграпчи амбалажата за... „мајчино млеко“! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aj-kju-vo-mavrovo-marija-na-skii-bojan-na-snoubord-na-snegot-ama-na-suvo-ja-batali-daskata-pa-se-fati-za-ambalazata-za-majchino-mleko-foto/  ]]>

Марија од „Ај Кју“ се соблече гола: Пејачката од сите предрасуди ослободена, позира како од мајка родена, задскриена зад стара гитара (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-od-aj-kju-se-sobleche-gola-pejachkata-od-site-predrasudi-oslobodena-pozira-kako-od-majka-rodena-zadskriena-zad-stara-gitara-foto/ Fri, 17 Apr 2020 10:08:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145454

На пејачката на скопското дуо „Ај кју“ очигледно во карантинот покрај тоа што и е тесно и тешко и станало и жешко. Јасно е дека на сите не ние лесно да ја издржиме „казната што живот значи“, но разни луѓе, очигледно различно ја доживуваат осаменоста и затвореноста  во четири ѕида. Така, едни клаустофобијата ги гуши, други карантинот ги нервира, трети пак ги инспирира... Оттаму се изродија и морето предизвици на социјаллните мрежи, кои не само што треба да помогнат за надминување на здодевноста, туку некои од нив ја будат фантазијата и предизвикуваат љубопитноста: Што тоа таму се случува  зад затворени врати? А помеѓу врати и ѕидови, најразлачни видови или поточно типови карактери. Естрадата - посебна сорта. Пеење, танцување, перници околу појас со колан врзување, чистење, готвење, гимнастика... и уште каква се' не ти практика покажаа естрадните ѕвезди во мирување, за разонода и смирување на „разиграните живци“. Она што е најново е најновиот предизвик, кој го постави младата пејачка на поп дуото „Ај кју“ - Марија. Откако ја „изгуслаа“ Евровизија, па се обидоа да чепнат нешто и по Европа, музичко - љубовната двојка Бојан и Марија, корона пандемијата ги натера своето „Ај кју“ да го вратат дома. Дали заради „хормоните пуштени на најјако“ во крантинот или желбата свесно да се крене некому адреналинот - не знаеме, ама затоа она што сите дознаа и видоа е како изгледа пејачката на дуото кога е гола. Имено, задскриена само зад стара акустична гитара, Марија од сите предрасуди ослободена, се соблече како од мајка родена за да позира. Наводно, во прашање е најновиот предизвик која сама го постави и наслови: „Гол гитара предизвик“, па ги прозва другарките да ја следат. Предизвик или маркетиншки трик, а можеби и обете, ќе покаже времето. Она што остана дилема е зошто токму гитара? Дали Марија одбра да се соблече зад гитарата, заради тоа што токму нејзиниот љубовник ја свири или...? Ако е така, веројатно многумина веќе посакаа, наместо гитара, тој да свиреше некој друг инструмент, како на пример... кларинет!?      ]]>

Кога „Дактили“ ќе ви посакаат -„Убав ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-daktili-kje-vi-posakaat-ubav-den-video/ Thu, 24 Oct 2019 12:38:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=114367

Струмичката поп-рок група „Дактили“ деновиве промовираше нова песна и видео за истата. Бендот го обзнани својот „Убав ден“ на Јутјуб каналот, а она што може да слушне е лежерна, опуштена, амбиетална гитарска споровозна тема, со нагласено тематско соло, каде гирата „везејќи“ ве води низ просторот и времето. Можеби помалку старомодно, со призвук од шеесеттите, ама затоа совршено за „лечење на живците“ во овие турболентни и напорни времења за живеење. Инаку „Дактили“ имаат повеќе настапи меѓу кои предничат оние фестивалските, како на минатогодишниот „Лузер фест“ во рамките на „Таксират“ на пример во Скопје, потоа на „Опен фест“ во Струмица или на фестивалот во Виница... Бендот го сочинуват: Милан Анастасов – вокал, Ставре Ангелаков – гитара, Столе Велков – бас и Душко Манушев – тапани. Музика, текстот и аранжманот за „убав ден“ го потпишуваат заеднички самите „Дактили“, додека зад аудио снимањето, миксот, и мастерингот  стои  Ивица Јанкуловски, а сето тоа е направено во  „Алшар студио. Едноставното, полудокументарно видео кое ја визуелизира музичката тема го изработиле: Видеографи - Бојан Станишлевиќ и Столе Ангелов, асистент на камера - Дени Апостолов, монтажа - Бојан Станишлевиќ, Дронограф - Бојан Станишлевиќ. Во него покрај членовите на групата се појавуваат уште и Бојан Станишлевиќ, и Томе Михајлов. Како звучи и изгледа кога „дактили“ ќе ви посакаат „Убав ден“, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=_wKgxudLgmI    ]]>