гевгеллија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 24 Oct 2020 07:23:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гевгеллија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина пејачот Васил Ангов: Уште еден познат македонски естраден уметник ја загуби битката со коронавирусот (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-pejachot-vasil-angov-ushte-eden-poznat-makedonski-estraden-umetnik-ja-zagubi-bitkata-so-koronavirusot-foto-video/ Sat, 24 Oct 2020 07:04:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172727

Почина познатиот македонски пејач и инструменталист Васил Ангов. Сношти, 23 октомври 2020 година пред полноќ,престана да чука срцето на гевгелискиот музичар, пејач, повеќекратен учесник на македонските фестивалски сцени – Васил Ангов. Васил Ангов беше еден од најпопуларните македонски пејачи кон крајот на деведеситтите години и почетокот на новиот милениум во Македонија.  Имаше безброј забележителни фестивалски настапи на најпознатите македонски фестивали на забавна музика како „Макфест“ и „Скопскиот фестивал“ и беше чест гостин во медиумите. Ангов своевремено работеше и во Царинската управа на Република Македонија, а последните години заедно со неговиот постар син Димитар настапуваше по локалните клубови, кафулиња и локали во Гевгелија и околината. Немилата вест која молскавично проструи низ Гевгелија, ја пренесе неговото семејство, а неговиот помал син Андон со песна и кус пост јавно се прости од својот татко преку социјалните мрежи: „Почивај во мир тато... Короната ни те зема предвреме“ -  напишал на својот Фејсбук профил неговиот син. Освен тагата за загубениот пријател, сограѓанин, добар другар и извонреден забавувач, гевгеличани ги шокираше и веста дека Васил е третата ковид жртва во Гевгелија,  и вториот познат пејач по Драган Вучиќ, кој почина од последиците од коронавирусот. Ангов починал во болнички услови во Скопје, по поставувањето на респиратор, каде не издржал и ја изгубил битката со Ковид 19. На социјалните мрежи со неверување и болка пријателите се збогуваат со Васил Ангов, кој ќе остане запаметен по неговите песни како „Оди Адио”, „Кому да го дадам срцето”, „Премногу ти верував”, „Ти си ми сонце” и уште неколку познати забавни композиции. ]]>