германска драма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2017 10:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png германска драма – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Германската драма „Центарот на мојот свет“ во кината низ Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/germanskata-drama-centarot-na-mojot-svet-vo-kinata-niz-makedonija/ Tue, 05 Dec 2017 10:12:21 +0000 http://vistina.mk/?p=5715

Животот и созревањето на 17-годишниот Фил, кој е соочен со предизвикот да го открие центарот на неговиот свет, се дел од германско-австриската тинејџерска драма „Центарот на мојот свет“ во режија на Јакоб М. Ерва, која месецов се прикажува во кината низ Македонија. Дистрибутер за Македонија е „Катавеј“ од Скопје. Оваа фантастичната хомосексуална романса е адаптација на романот од германскиот автор Андреас Штајхефел. Филмот е продуциран во 2016 година и трае 15 минути.
“Центарот на мојот свет“ беше прикажан на повеќе од 30 фестивали во светот, а меѓудругото се закити со Баварската филмска награда за режија, ја зема наградата за најдобра филмска музика на Австриските филмски награди, а главните актери беа номинирани за наградата „Јупитер“.  Кратка содржина 17-годишниот Фил се враќа од летен камп и се враќа во домот каде што живее со неговата мајка, Глас и неговата сестра-близначка, Дијана. Едвај имаат контакт со другите жители на селото кои сметаат дека семејството на Фил е чудно, а за Дијана велат дека може да разговара со животни. Меѓутоа, често ги посетува Тереза, адвокат, кој секогаш има добри совети за Фил. Фил забележува дека нешто се сменило меѓу неговата мајка и неговата сестра и дека повеќе не зборуваат една со друга. Но, сепак Фил ги поминува последните денови од својот летен одмор со неговата најдобра пријателка Кат. Кога почнува со училиште, во неговото одделение доаѓа мистериозниот Николас. Тој се вљубува во него и неговото пријателство со Кат страда поради завист и љубомора. Сега пред Фил стои предизвикот да открие кој е неговиот центар на светот.]]>