гени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Jan 2024 09:11:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во музичкото темпо на Михаил Парушев јасно стои дека: „Од генот не се бега!“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-muzichkoto-tempo-na-mihail-parushev-jasno-stoi-deka-od-genot-ne-se-bega/ Wed, 17 Jan 2024 09:11:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335204

Од македонската музичка ризница се издвои албумот „Агол“ на Михаил Парушев, авторско дело на познатиот музичар кој е добро познат на балканските простори според својот талент, но и марливост…Секој кој ја следи музичката сцена знае добро кој е Михаил Парушев кој со албумот „Агол“ не остава рамнодушност, ниту миг за здодевност, напротив – после секој такт со нетрпение го очекувате следниот кој пак ве води во некои нови музички сфери… Михаил Парушев свири на ударни инструменти, а воедно е и композитор. Роден е во Скопје во 1976 година, во семејство на музичари. Интерес за ударните инструменти покажал на четиригодишна возраст. Почнал да свири на тапани на шестгодишна возраст. Член е на бендот „Леб и сол“, а работи и преку активностите на групата наречена „Парусион Груп Ансамбл“. Во 1990 година е прогласен за најдобар тапанар на Скопскиот рок фестивал. Истата година се запишува во Музичкото училиште „Илија Николовски Луј“ на студии по класични ударни инструменти. Михаил Парушев дипломирал и на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот во Скопје. Од 1989 година настапува низ светот во друштво на различни професионални музичари – Октавјан, Сет, Алсар Коџабашија, Влатко Стефановски Трио (1998), Проект Злуст (2000), Стринг Форсис, Бла Бла Бла, Д.Н.О., Владимир Мараш (албуми „Under kamenom“, 2001 и „10/8“, 2010), Пангеа, Игор Безгет Биг Бенд, Глобална заедница (Sound Unity), Валерија Николовска Бенд, Joe & Maya Collectiff, сесии со – Bryan Bettie, Wei Tan, Nantha Kumar , Оливер фон Есен, Гијан Синг, Имер Траја Бризани, Бата Божаниќ, Реџи Воркман, Матија Дедиќ, Шарад Сриваства, Иван Бејков, Ѓоко Груевски, Џијан Емин и… Парусион Груп Ансамбл се – Зоран Костадиновски (електрична гитара), Дамир Имери (клавијатури), Дарко Мучев (бас), Михаил Парушев (тапани); Сенад Усеин (труба), Петар Христов (кларинет, сопран сакс), Михајло Михајловски (виолина), Сања Смилеска (виола), Фјола Исмаили (виолончело) Како „последица“ од карантините за време на короната се изнедри и албумот „Агол“… – Пандемично се затворивме дома до полудување. Смирување со медикаменти не ми успеа, па морав да го вклучам стариот компјутер. Подготовки за композициите од 2017 година, кои ги имав оставено за некое подобро време. Време што мене многу ми требаше, зашто бев цело време во авион и во автомобил, возејќи се од Порторож до Косовска Митровица преку Скопје за да ги стигнам настапите со другарите од Македонија до Словенија. Настапував насекаде, а најмногу низ просторите на поранешна Југославија. На 9 март 2020 бевме принудени да ја прекинеме турнејата со Игор Безгет (Словенија), Џое Пандур (Хрватска) и Тихомир Поп Асановиќ. Слетав во Скопје и решив да си седам дома. По некое време добив инспирација да си ги потсредам композициите за поголем состав, како ансамбл. Успеав да направам пет дела и додадов две стари, што ни се хитови во бендот од претходните настапи, вели Михаил. На албумот „Агол“ има седум авторски композиции со модерен етнофјужн балкански џез, што јас порано го викав – „no jazz music“. „Про рок оро“ е првата композиција, што е фина тема и ритам што наликува на македонското „Елено моме“ со додатни експериментални хармонии. Втората е „Бразилијан ан“, едно мало интермецо што мене и другите членови на ансамблот ги повлече кон бразилските хармонии и слободата во импровизациите. „Сатурус“ е композиција што содржи лет кон Сатурн, па звучи како да си слетал на некој балкански аеродром, каде што се слушаат и народните кларинети и трубите на инспиративниот Ферус Кинг (Мустафов), кој ми е огромна инспирација. Афро-ритмите и импровизациите на инструментите се посветени на трубата на Алек Гроби, кој физички нѐ напушти. „Етнос“ е посветена на македонскиот народ и на сите тажни и сиромашни народи кои се веселат на тажни мелодии и бавни ритми. Тешко интро до современа точна ритмика во секциите од стринговите до брас секциите. „Петкана на оро“ или „Петкана денсинг“ беше мојата слепа прабаба, која сакаше да игра Пајдушка, која е во 5/8. Шестата композиција е трагање по среќата, која јас долго ја барав, а ја најдов во Македонија. „Searching“ (Трагање) ја посветувам на мојата љубов Елена, што ми ја роди ќерката Ирис, цвет најубав на светот. Седмата, „Елтера“ е моја стара композиција што има веќе 10 верзии и конечно се сними во студио, му раскажа Парушев на Тони Димков за „Културен печат“. „Албумот „Агол“ е снимен за многу кратко време во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски. Ние деветтемина успеавме да се подготвиме за кратко време. Станува збор за врвни и искусни музичари, кои во групата се веќе 18 години, вели Парушев. Потекнуваш од познато музичко семејство, дали тоа на еден начин ќе ја одреди твојата музичка иднина? – Јас сум горд на мојата фамилија Парушеви и сум благодарен за талентот што сум го наследил од нив, но јас музички се развивав во сосема друг правец. Еден период експериментирав со македонската изворна песна, која се негувала во мојот дом. И на албумот „Агол“ има етноелементи, но тоа не е етномузика, тоа сум јас и генетскиот материјал од кој сум направен. Во иднина, можеби, пак ќе се занимавам со тефтерот на Кирил Манчевски, но може да правам нешто ново и неочекувано од мене. Фото: Приватна архива]]>

Некогаш тој со неговиот татко, години подоцна неговиот син со него: Ова малечко момче, денес е еден од најценетите македонски композитори (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-toj-so-negoviot-tatko-godini-podotsna-negoviot-sin-so-nego-ova-malechko-momche-denes-e-eden-od-najtsenetite-makedonski-kompozitori-foto/ Sat, 13 Jan 2024 08:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332920

Денес тој е еден од најценетите и најпочитувани македонски композитори иако со години живвее и работи надвор од Македонија, „преку големата бара“ во САД. Во неговата биографија меѓудругото стои дека како и неговиот татко, некогаш познатиот гинеколог и композитор Тодор Бојаџиев и тој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде во 2001-ва година дипломирал на најпозатот музички колеџ на светот Беркли. Потоа се сели во Њујорк, каде и денес живее и работи. Долги години работи како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудската глумица Џина Гершон како музички директор и пијанист на нејзиното кабаре шоу во Њујорк, потоа со добитниците на Оскар Џонатан Деми и Данис Тановиќ, но и со македонскиот режисер номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел и на рекламните кампањи на големи фирми, како Мерцедес, Лореал, пежо, ланком... , но и како продуцент на ремикси на поп ѕведата пејачката Синди Лопер. Со свои соло концерти започнал од 2011 година, нешто што Дуке Бојаџиев го работи до денес. Токму во деновите пред Нова Година, Дуке сподели една стара сепија фотографија од дамнешните времиња на неговото рано детство. На неа тој како тригодишно детенце во прегратките на својот татко, Тодор Бојаџиев, кога ценетиот доктор и композитор бил на 27 годишна возраст. „Тој почина пред точно 14 години, остави многу убава музика и ме инспирираше да станам тоа што сум денес. Ти благодарам татко, почивај во мир“ - споделил Дуке покрај фотографијата со која ја одбележува годишнината од заминувањето на неговиот родител, ценетиот и почитуван Тодор Бојаџиев. Дека крвта не е вода, а гените не можат да се купат или монтираат, туку само можат да се наследат, е едно кусо видео од пред неколку години, кое многу потсетува на тазе споделената фотографија. Во клипот сега веќе познатиот и ценет Дуке Бојаџиев седнат зад еден од своите синтисајзери во домашна атмосфера, а во неговиот скут едно малечко детенце што ниеизмерно потсетува на она од претходно споменатата фотографија. Неговото синче Леон во прегратките на својот тако ги прави првите обиди да се запознае со музиката... Малиот Леон и тато Дуке, кој твори и зад себе остава многу убава музика и многу извесно го инспирира својот син и тој еден ден да стане она што е неговиот татко денес, а неговиот дедо некогаш... Случајна сличност со многу симболика, многу дарба и уметност и најмногу од се',  толку чиста љубов! Фото: Фејсбук/Duke Bojadziev  (Duke B)]]>

Гените се чудо: Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ Славица Ангелова ја покажа мајка си, а на прв поглед би рекле дека се сестри (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/genite-se-chudo-pobednichkata-na-zvezdite-na-grand-slavitsa-angelova-ja-pokazha-majka-si-a-na-prv-pogled-bi-rekle-deka-se-sestri-foto/ Mon, 30 Oct 2023 08:32:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324353

Славица Ангелова, струмичанката која ја освои регионалната публика и жирито на „Ѕвездите на Гранд“, име скромен карактер и ненаметлива природа. Иако е актуелна победничка на најгледаното регионално шоу за теленти, таа не е нападна дури ни на социјалните мрежи. На нејзиниот профил ретко осамнуваат објави, освен кога има закажан настап, а неодамна на нејзиниот профил се појави една изненадувачка објава од приватноста. Имено, Славица реши да ја покаже својата мајка за која на прв поглед би помислиле дека и е постарата сестра. Нејзина најголема подршка во се’, пример во животот, ветар во грб и столб на кој може да се потпре секогаш – мама! Според приложените фотографии може да се забележи дека Славица убавината ја наследила од мајка си со која неодоливо си личат една на друга. Мама сигурно е горда на успешот на талентираната ќерка која е вокално надарена од Бога, победничка на „Гранд“ и идна докторка. фото:Инстаграм принтскрин/Салвица Ангелова]]>

„Не се обидувам да се чувствувам млада“: Шер ја откри тајната на нејзиниот добар изглед во осмата деценија (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/ne-se-obiduvam-da-se-chuvstvuvam-mlada-sher-ja-otkri-tajnata-na-nejziniot-dobar-izgled-vo-osmata-detsenija-foto/ Thu, 07 Sep 2023 09:33:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317157

Познатата пејачка Шер во мај го прослави својот 77 роденден, а за себе вели дека и понатаму е се чувствува многу младо. Таа со својата харизма и енергија редовно ги воодушевува луѓето ширум светот, а често добива и комплименти за својот изглед. Шер неодамна се појави во емисијата „Добро утро Британија“ и изјави дека годините не и значат ништо. „Едноставно не можам да верувам дека во одреден момент ќе наполнам 80 години. Сè уште ќе ги носам модерни парчиња и ќе носам долга коса и сè уште ќе ги правам истите работи што ги правев секогаш“, рече таа, според Evening Standard. Таа, исто така, погледна наназад во моментот кога еднаш разговараше со својата пријателка за тоа како еден ден ќе мора да ја скрати косата и да престане да носи фармерки „бидејќи се чинеше дека тоа е нешто што го прават постарите жени“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Cher (@cher)

Запрашана да ја открие „тајната“ на нејзиниот добар изглед, таа рече дека верува дека тоа е генетика. - Гените во моето семејство се прилично неверојатни. Не знам дали одсуството на чувството на стареење не прави помлади. Ги следам трендовите, имам многу млади пријатели. Имам и стари пријатели. Искрено, не се трудам да се чувствувам млада. Не се обидувам да бидам млада. Јас сум тоа што сум“, изјави пејачката. Во таа прилика таа нагласи и дека нејзината мајка доживеала 96 години, како и дека ја одржува витката линија вежбајќи цел живот. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Шер]]>

Бранка Соврлиќ во седмата деценија изгледа како „бомба“: Фолк милионерката се соблече во костим за капење и покажа колку е згодна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/branka-sovrlik-vo-sedmata-detsenija-izgleda-kako-bomba-folk-milionerkata-se-sobleche-vo-kostim-za-kapene-i-pokazha-kolku-e-zgodna-foto/ Mon, 21 Aug 2023 12:30:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314611

Пејачката Бранка Соврлиќ (66) во кариерата заработила цело богатство, па сега живее многу удобно. Бранка Соврлиќ ужива во плодовите на својот труд. Пејачката ги сака морето и плажата, а на својот Инстаграм профил често објавува фотографии во костим за капење. Популарната пејачка објави фотографии од Дубаи, каде помина дел од својот одмор. Нејзините обожаватели се воодушевени од тоа како таа изгледа во седумдесетите. Бранка иако има 66 години изгледа како тинејџерка и уште помладите колеги можат да и позавидат на линија. - Само позитивна енергија, се трудам да се хранам здраво, некогаш се откажувам од слатки, некогаш би изел две-три парчиња торта, се почастувам со едно за некоја прилика, сакам да пливам. Некогаш бев шампион на Србија во џудо, во средно играв ракомет, тоа сепак е важно, тогаш сум во многу подобра форма од мојата генерација - изјави пејачката и додаде дека не направила никаква естетска корекција: - Естетски корекции, како што гледате, немам ништо за себе. За тоа беа задолжени мајка ми и татко ми, тие беа многу убави. Гените се чудо. Не сум била никаде без комплименти, луѓето се чудат кога ќе ме видат, велат дека сум многу поубава по природа, па мојот сопруг се пошегувал: „Тогаш ќе ја испратиме во природа“. Мислам дека најважно е духовното што му дава убавина на лицето, мислам дека никому ништо лошо не сум направила, ако не сум помогнала, не сум ни одмогнала, имав среќа од детството да имам фин убав живот. Среќна сум со тоа што го имам и го правам она што го сакам, не само што е важно да го имам, туку треба и да можеш да го правиш тоа. Тажна сум поради војната, короната... Фото: Принтскрин/Инстгарам/Бранка Соврлиќ]]>

„Порокот ми е во гените“: Ана Николиќ откри дека нејзиниот дедо починал од алкохол (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/porokot-mi-e-vo-genite-ana-nikolik-otkri-deka-nejziniot-dedo-pochinal-od-alkohol-foto/ Mon, 13 Mar 2023 10:38:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292988

Пејачката Ана Николиќ ретко дава детали за семејството, но овој пат зборуваше за баба и дедо, кои имале проблеми со алкохолот. - Јас сум единствената личност што ја блокирала баба си на телефон! „Бабо, ќе одиш во блок на неколку дена“. Ми се јавува и ми вели: „Кога ќе пееш? Сакам да умрам, кога ќе пееш нешто?! Жената ми се јавува 70 пати. Луѓето почнаа да мислат дека тоа е моето момче. И велам дека телефонот не ми работи. Потоа ја одблокирам. Замислете да ги слушам нејзините приказни секој ден - рекла Ана, а потоа открила дека дедо и имал проблеми со алкохолот, поради што сопругата го оставила, а потоа се споредила со него. - Баба ми се разведе пред 100 години, кога никој не се разведуваше. Се развела бидејќи дедо бил алкохоличар. Јас сум тој дедо, тој умре од алкохол. Тој беше Вага во хороскопот, исто како и јас. Верувам во таа женска генеалогија. Се обидов да го избегнам, но сите носиме нешто. Се обидов, но секогаш се враќаме на тој некој стар модел. Ова еДНК. Помешана е погрешна ДНК, што да правам - низ смеа изјави Ана во емисијата „Магазин ин“. Инаку, Ана неодамна ја  исфрлила од станот и нејзината мајка, наводно поради консумирање алкохол. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Актерот Крис Хемсворт откако ги дознал резултатите од крвните анализи изплашен реши да ја паузира кариерата https://arhiva.vistina.com.mk/akterot-kris-hemsvort-otkako-gi-doznal-rezultatite-od-krvnite-analizi-izplashen-reshi-da-ja-pauzira-karierata/ Mon, 21 Nov 2022 12:36:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276785

Актерот Крис Хемсворт најави дека ќе направи пауза од актерството откако дошол до шокантно здравствено откритие во текот на снимањето на својата серија „Limitless“. Хемсворт во текот на снимањето на една епизода од серијата дознал дека поради комбинации на гени, има речиси 10 пати поголема шанса да добие Алцхајмерова болест, а сега најави пауза од актерството. Во последната епизода од серијата, актерот се занимавал со грижата на крајот на животот и соочувањето со смртта, што вклучувало интервјуа со луѓе кои работат на палијативна нега. Тој објаснил дека снимањето на серијата го поттикнало да поминува повеќе време со своето семејство.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Chris Hemsworth (@chrishemsworth)

„Тоа навистина поттикна нешто во мене да посакам да земам малку слободно време. А откако завршивме со снимањето, ги довршувам нештата за кои веќе бев договорен. Кога ќе ја завршам турнејата оваа недела, одам дома и ќе имам многу слободно време. Ќе бидам со децата и со својата сопруга“, рекол актерот. За потсетување, ѕвездата на „Thor“ во една епизода од серијата „Limitless“ во која истражува начини за продолжување на животот и борби против стареењето, дознала дека има две копии од генот APOE4, по една од секој од своите родители, што значи дека има зголемена предиспозиција за развој на Алцхајмерова болест.
 
„Ги зедоа сите мои крвни наоди и направија бројни тестови, а планот беше да ми ги кажат резултатите пред камера и потоа да разговараме за тоа како можат да се подобрат работите“, рекол Хемсворт. фото:Instagram]]>

Лидија Вукиќевиќ се одлучи на нова промена, а еве како изгледа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lidija-vukikjevikj-se-odluchi-na-nova-promena-a-eve-kako-izgleda-foto/ Mon, 05 Sep 2022 10:40:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265494

Актерката Лидија Вукиќевиќ во јули наполни 60 години, но нејзиниот изглед остава впечаток на многу помлада жена. Покрај добрата генетика, Лидија се грижи за исхраната и редовно вежба, а не крие дека во тоа е тајната на нејзиниот младешки изглед. Лидија го носи епитетот на занесна црнка, а кадравата коса е и нејзин заштитен знак. Неодамна ја испегла косата и малкумина ја препознаа тогаш. Лидија сега се одлучи за уште една промена. Имено, таа ја обои црната коса во црвена боја, а на следбениците на Инстаграм им ја покажа фризурата. „Колку си убава жено“, „Кога си убава жена ти прилега секоја фризура“, „Не старееш, но црната коса ти е поубава“, гласат дел од коментарите. Дали најпопуларната кадрава црнка и официјално ќе се приклучи на црвенокосиот клан останува да видиме. Ова не е прв пат да се обиде да стане црвенокоса. Лидија на почетокот на годината се појави со слична боја на коса, но сепак остана доследна на црната. Велат дека жените се одлучуваат за вакви драстични промени кога се несигурни или заљубени. Бидејќи познатата актерка не е несигурна, останува само второто. Фото:Принтскрин/Инстаграм/vukiceviclidija]]>

Гените се чудо: Една понова фотографија и докажа на Тамара Тодевска на кого неодоливо личи малата Хана (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/genite-se-chudo-edna-ponova-fotografija-i-dokaza-na-tamara-todevska-na-kogo-neodolivo-lichi-malata-hana-foto/ Thu, 27 May 2021 07:18:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204290

Во месец април 2016 година, поп пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитровски за првпат се остварија во улогата на родители и ја добија ќерката Хана. Малата наследничка денес е потпораснато девојченце кое има и братче, доста е темпераментна, сака да се снима пред камера, а особено да танцува. Мама Тамара пред неколку месеци дури и отвори профил на Инстаграм на Хана каде може да се поглднат сите нејзини детски игри и палавости.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Хана веќе има пет години, а како што расте се повеќе се оформува и нејзината физиономија, па Тамара веќе добива јасна слика на кого личи Хана и од кого повлекле гените. Пејачката сподели фотографија на која се заедно баба Брана и вниката Хана, насмеани од уво до уво, а од приложеното може да се забележи дека Хана навистина наликува на баба си.   Гените се вистинско чудо, Тамара и Тијана музичкиот талент го наследија од обата родители, а дали и во тоа ќе повлечат Хана или Дарен останува времето да покаже.]]>

Елена Стојановска сите добри гени ги должи на мајка си чија копија е (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stojanovska-site-dobri-geni-gi-dolzi-na-majka-si-chija-kopija-e-foto/ Thu, 20 May 2021 06:52:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203302

Водителката Елена Стојановска важи за позитивно, шармантно, ТВ водителско лице кое имаме прилика да го гледаме секој ден на утринската програма на Сител телевизија. Секој ден од раните утрински часови е расположена професионално да си ја врши својата работа. Елена е активна на социјалните мрежи каде што често објавува фотографии како од студио, од професионалниот живот, така понекогаш знае да открие и по некој приватен детаљ. Елена Стојановска откри како го запознала сопругот: „Огнен е мојот прв вистински партнер“ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Водителката е во повеќегодишен брак со сопругот Огнен со кој има ќерка, но сепак Елена не ги експонира многу често членовите на нејзиното семејство, освен ако има убав повод.
Сепак, овојпат таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка во младоста со цел да и го честита роденденот. „Кралице моја најубава, среќен роденден. Фала за сè, од гени до безусловна љубов. Мама“, напиша таа покрај фотографијата. Од објавата може да се забележи дека младата и шармантна водителка е копија на својата мајка и е јасно од кого ја наследила убавината.]]>