генетски модифицирана храна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2017 09:55:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png генетски модифицирана храна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да откриете дали храната што ја купувате е генетски модифицирана? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-otkriete-dali-hranata-shto-ja-kupuvate-e-genetski-modificirana/ Mon, 11 Dec 2017 09:55:10 +0000 http://vistina.mk/?p=6204

Сè повеќе се зборува за влијанието на генетски модифицираната (ГМО) храна врз човечкото здравје. Иако науката сè уште не докажала ништо конкретно, на многу луѓе изразот „генетски модифицирана“ им влева страв в коски. Пред сè, треба да се објасни значењето на овој термин. ГМО претставува генетски модифицирани организми (растенија, животни и микроорганизми) кои имаат трансплантирани гени од други организми. ГМО храната е отпорна на штетници, хербициди, габички и вируси, и главно е со подобар вкус и расте побрзо во однос на органските производи. Кога станува збор за штетното влијание врз човековото здравје, засега е докажано само дека ГМО храната може да предизвика алергиски реакции. На пример, ако сте алергични на кикиритки, а вашата ГМО храна содржи гени од нив, доаѓа до телесна реакција на нив. Поради тоа, но и во случај воопшто да не сакате да консумирате никакви вештачки производи, треба да обрнете внимание на следните три работи според кои ГМО-храната се разликува од органската! 1. Ознаката на декларацијата  Органските производи се посебно означени. Побарајте производи со ознака „100% органско“, „органско“ или „произведено од органски состојки“ (made with organic ingredients). Само тие гарантираат дека во производот нема ни трага од генетски модифицирани соединенија. Обрнете внимание на декларациите на кои пишува „GMO- free“, „Non-GMO“ или  „произведено без генетски модифицирани соединенија“ (made without  genetically modified ingredients). Ваквите производи всушност можат да содржат ГМО, но под  0,9 проценти. 2. Обрнете внимание на изгледот на производот ГМО-храната изгледа совршено. Со правилна форма, цело овошје или зеленчук е со иста величина, а рокот на траење е значително подолг во однос на другата храна, затоа што додадените гени му обезбедуваат отпорност на негативните надворешни влијанија. На пример, генот на бацилот Bacillus thuringiensis кој се додава во ГМО храната произведува токсин кој ги одбива штетниците. Затоа, кога ќе забележите дека инсектите го допираат овошјето или зеленчукот, треба да знаете дека истите најверојатно се со органско потекло. 3. ГМО доминира во овие производи Се верува дека 78 % од сојата, 33 % од пченката и 24 % од маслената репка во светот се генетски модифицирани. Освен овие продукти, некои производители додаваат гени и во производите од месо, месните преработки, млечните производи, полуготовите и готовите јадења, мешавините од брашно, инстант-оброците, слатките пијалаци, сирупите... извор:факултети.мк]]>