гази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 25 Sep 2020 12:53:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гази – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Народот и сам по улица ќе шета со маска на лицето, а кај поединци, „журката гази најјако“: Знаете ли каде терате? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/narodot-i-sam-po-ulica-kje-sheta-so-maska-na-liceto-a-kaj-poedinci-zurkata-gazi-najjako-znaete-li-kade-terate-foto/ Thu, 24 Sep 2020 07:53:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168162

Состојбата со Ковид-19 станува се полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени,  стануваме рекордери во регионот, а и на ТОП 10 во Европа фигурираме според бројот на починати  на еден милион жители, а власта очигледно не знае каде тера?! Ниту има јасна стратегија како да се справи со заразата, а и онаа што ја има катаден ја менува по принципот, топло-ладно. Во тој трагичен „дневнополитички театар на апсурдот“, од една страна министерот за здравство Венко Филипче одново најавува драстични мерки и рестрикции, а од друга страна на терен „државата дреме“. Новите првачиња и воопшто дечињата-ученици од прво до трето одделени задолжително ќе мораат да следат настава со физичко присуство и маски на лицето, а  кафулињата, кафеаните, клубовите и дискотеките полни како кошница, ни маски, ни дистанца ни бутур. Филипче најави дури и задолжително носење маска за секој поединец што сам ќе шета по улица, ама маска за секоја селска убавица што решила да си ги напумпа  усните со ботокс и зацрвени со кармин додека се журка во дискотека - нема, зашто инаку како ќе и го видат „уметничкото дело“ на пластичната хирургија на нејзиниот новокомпониран непродуховен сурат? Кај мажите е исто и бетер и без ботокс! Башка, со маска на лице, тешко се муабети, уште потешко се пее, а никако не се пие! В ред, не дека угостителските локали не треба да работат, а  естрадата да престане да живее, ама дали заради менталитетот и менталниот склоп, дали заради растурениот систем на вредности и почит на се живо, па и на односот кон сопствениот, ама и туѓите животи, или заради немањето практична реализација и ефикасност во инспекциските контроли и казни, токму угостителските локали стануваат осило. Извор на ширење на заразата, зашто тешко дека некој ќе може да објасни оти се почитуваат здравствени протоколи откако ќе фрлиш една-две, а најчесто и многу повеќе чашки алкохол, а пејачката или бендот ќе ти ја погоди омилената песна.  Прегратки, гушкања, бакнежи и останатата размена на нежности и флуиди следуваат како логично продолжение на создадената атмосфера, во која „невидливиот непријател“ едвај чека да  се вгнезди меѓу тебе и твојата пријателка или пријател, таа вечер, сеедно. Арно ама не е сеедно, зашто последиците подоцна можат да бидат катастрофални, а за тоа зборуваат бројките на новозаразени и починати лица кои секојдневно се алармантни... И според висината на бројката и според се' помалата возраст на заразените и починатите од „новата чума на 21-от век“, Ковид 19, од која за жал, почнаа да ни  умираат од родилки и бебиња, до тинејџери! И додека власта прво бркаше избори, па одмараша од избори, па бркаше коалиции за парламентарно мнозинство и речиси три месеци чекаше да почне Собранието со работа, во меѓувреме наметнувајќи, па олабавувајќи некакви  тобожни заштитни мерки и протоколи, излезе дека всушност „бркаат вештерки во магла“ и дефинитивно не знаат каде тераат! А како тргнале, ќе не отераат во катастрофа од невидени размери! Мајките родилки ги вратија од породилно на работа, хронично болните - исто така, како и родителите на децата до 6 години кои нема кој да ги чува,  дечињата од прво до трето ќе одат на училиште и ќе седат на часови со маски на лицето, спортот и спортските натпревари ги држат „под мраз“ со празни трибини во спортските сали и стадиони, свадби и семејни веселби се забранети, ама затоа од друга страна забавата пуштена на максимум и тоа не било каде... Кај поединци - „распашана команда“, па кај нив „журката гази најјако“! Особено симптоматично е онаму, каде што власта има удел или добри роднински, политички или бизнис релации со газдите на локалите. Е таму, журката „гази на најјако“... Од Карлеуша во Охрид пред некоја седмица, преку „Амадеус бенд“ во веќе „на сите добро познатиот (кој е, каде е и чиј е) струмички клуб „Аватар“, до Куку леле во Скопје, престојниов викенд. Ако, терајте си... Само да не биде после „куку леле, што напраивме?“ А ќе биде... Резервации? И за на инфективна ќе се бараат, ама ќе нема... Зашто капацитетот ќе биде пополнет! И потоа Цацко ќе ни биде крив... Колку и Цаца!!!  ]]>

Задруга 2: Миљана толку го испровоцира Марко, што овој по кавгата и го преврте креветот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zadruga-2-miljana-tolku-go-isprovocira-marko-shto-ovoj-po-kavgata-i-go-prevrte-krevetot-video/ Mon, 15 Oct 2018 08:58:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52923

Учесниците во реалното шоу кое од денес можете да го следите и во македонија ексклузивно на Алфа ТВ - Миљана Кулиќ и Марко Миљковиќ направија хаос во „Задруга 2“. Во претходната сезона на реалното шоу тие беа пријатели, а сега се лути непријатели, кои останатите учесници со своите жестоли навреди не ги оставија на мира да спијат.
Марко најпрвин ја испрска Миљана со парфем, па откако таа ја миеше косата, и се пожали на Наташа-Москва дека не може да го измие мирисот од парфемот и се уште целата мириса на истиот.
„Г*мно мало. Ме провоцираш, фекалијо Кулиќ!“ - и рече Марко. „Ќе останеш небитен, треба да ми се заблагодариш што остана како тринаесето прасе. Маја  минатата ноќ ми рече дека не може да ти се дигне на неа. Ти си беспомошен рептил и имбецил!“ - викна Милјана. Потоа Кулиќ се качи на креветот на Марко, со што го налути, па тој и го скрши креветот и ја газеше постелата и шутираше перницата. Марко ги избриша подот со нејзината постелниа, по што Кулиќ го стори истотот со постелнината на Миљковиќ.
„Вчера раскинав со девојката, а веќе денес таа сака да ми се вовлече во креветот. Ќе те е*ам  во мозокот! Само затоа што беше бремена, те поштедив - рече вознемирениот Марко. „Минатиот пат во Задруга ми беше приколка, мојот паразит. Ме готвеше, ми подготвуваше се што ми е потребно, правеше се што ми треба“ - провоцираше Миљана, што толку го налути Марко, па овој го преврти креветот на Кулиќ.
Како изгледаше конфликтот меѓу Миљана и Марка погледнете во видеото подолу: https://www.youtube.com/watch?time_continue=61&v=m175ZelK41M]]>