гатанки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Mar 2018 17:15:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гатанки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „ГАТАНКИ погодувалки – пишувалки“, најнова книга за деца од Ели Маказлиева, во издание на ЕДУКА МАК https://arhiva.vistina.com.mk/gatanki-pogoduvalki-pishuvalki-najnova-kniga-za-deca-od-eli-makazlieva-vo-izdanie-na-eduka-mak/ Fri, 30 Mar 2018 17:15:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18786

„Гатанки погодувалки – пишувалки“ од Ели Маказлиева е  најнова книга чија содржина е мотивирана од древниот литературен жанр гатанки, чиј извор е во фолклорот, и спаѓа во една исклучително дефицитарна област - литература за деца. Авторката верна на своето длабоко познавање на сензибилитетот на современото дете, го доближува на децата овој краток древен фолклорен жанр - гатанките. Книгата е изобилие од свежина, висока и софистицирана инвентивност и креативност, која на оригинален, пристапен и интерактивен начин ги активира најмладите читатели, ја буди и ја поттикнува нивната мисловна активност. Преку строфи од по четири или повеќе стихови (кои во себе содржат „јадро“ кое всушност е латентно метафорично прашање), кои се во совршена синергија со илустрациите и  кои упатуваат на метафоричниот поим се поттикнува когнитивното мислење кај децата. Одговорот суптилно ги насочува децата кон вистинскиот поим кој треба да се погоди и внесе во соодветни графички прикази - графизми кои се важен дел на процесот на растолкување на поимот, во кои треба да се впише точниот одговор. Интеракцијата – како суштински сегмент на овој проект подразбира процес во три етапи: кодирање на пораката (гатанка) – декодирање на пораката или устен одговор (погодувалка) – внесување писмен одговор (пишувалка). Оваа „скала“ на нивоа од домените на развојот на детето се дополнува уште со две етапи – боењето (развој на графомоторика)  и проверката на точниот одговор - гатанката на крајот од книгата. Во оваа ретка книга како по својата концепција, така по структурата, свое место ќе најдат поимите кои му се блиски на детето и со кои секојдневно се среќава. Рецензии за книгата напишаа: проф.д-р Кристина Николовска и проф. Д-р Јованка Денкова. Илустрациите се на Игор Јовчевски.]]>