гастромак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Oct 2023 16:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гастромак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Гастромак и пријателите“ по седми пат: Едукација за идните готвачи, хотелиери и слаткари https://arhiva.vistina.com.mk/gastromak-i-prijatelite-po-sedmi-pat-edukatsija-za-idnite-gotvachi-hotelieri-i-slatkari/ Tue, 10 Oct 2023 11:46:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321961

„Гастромак и пријателите“ е насловот на седмото издание на Гастромак, што е замислено како едукативна тура која започна во прекрасниот Love by Allikas, каде со традиционалните гастрономски егзибиции беа пречекани гастрономските асови. „Продолжуваме работно и понатаму со пријателството и довербата, на кои им се удрени темелите уште пред неколку години, вели претседателката на Гастромак, Адријана Алачки, велејќи дека присуството на готвачката елита кај нас значи и унапредувањето на нашата гастрономска сцена. „Гастромак“ и годинава ќе ја исполни својата цел со предавањата и мастер класовите на етаблираните готвачки имиња од екс -ју просторите, како и Русија и геманија: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Невен Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ, Хамид Хаџиќ, Вуко Митровиќ, Дон Давид, ама и Уве Мишел, потпретседател на светската организација на готвачи Wacs, што ќе се случуваат во средните угостителски училишта „Коле Нехтенин“ во Штип и „Димитар Влахов“ во Струмица. Со ова ќе се унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи, слаткари, хотелиери... Предавањата и презентациите ќе започнат во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ каде најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни ќе посочат колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет. Предавањата ќе продолжат и во „Димитар Влахов“во Струмица каде учениците ќе дознаат како се стигнува до Мишелин ѕвезда, како се создава угостителски бренд, ќе дознаат се за Медитеранската кујна и за разликите помеѓу модерната и традиционалната кујна. Доколку интернационални шефови и натпреварувачи со себе донесоа гастрономска магија од сите катчиња од светот, од Гастромак се надеваат дека со себе ќе понесат и делче од нашата традиционална гостопримливост, благодарение на Општината Штип и Општината Струмица. ]]>

Охрид – домаќин на врвните светски готвачи: Интернационален кулинарски настан „ГастроМак 2019“ https://arhiva.vistina.com.mk/ohrid-domakjin-na-vrvnite-svetski-gotvachi-internacionalen-kulinarski-nastan-gastromak-2019/ Wed, 02 Oct 2019 14:06:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=110171

„Четвртиот Меѓународен Гастрономски Натпревар – „ГастроМак 2019“ годинава за домаќин го има градот Охрид, а мотото што ќе ги екипира сите љубители на гастрономија од 10 до 14 октомври е „Don’t Worry, Be Ohrid!” (“Не се грижи, биди Охрид!”) - на денешната средба со новинари соопштија од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - „ГастроМак“, најавувајќи го високорангираниот интернационален натпревар на светските готвачи. „На ГастроМак 2019 е најавено присуство на над 300 учесници – натпреварувачи од 30 земји- Дагестан, Азербејџан, Русија, Кореја, Италија, Франција, Украина, Турција, Албанија, Србија, Хрватска..., па дури и од Сибир, потоа - над 90 лиценцирани WACS судии, гастрономски амбасадори и почесни гости од сите краишта на планетата- изјави Претседателката на „ГастроМак“, Адријана Алачки. Почнувајќи од 10 октомври, кога со големо дефиле на учесниците, судиите, мастер предавачите..., официјално ќе се отвари „Гастромак 2019“, па се до гаснењето на рефлекторите - на 14 октомври, ќе има што да се види и вкуси, бидејќи организаторот подготвил интересни и едукативни содржини, натпревари и програма за сите вкусови и генарации. Всушност, се ќе се одвива на два „фронта“- учесниците ќе се натпреваруваат во хотелот Нова Ривиера, а во вториот дел - пред хотелот, ќе се случуваат презентации за сите гурмани од нашата, но и од од другите интернационални кујни. Еден од настаните што не треба да се пропушти е Фиш фест на Дон Давид, (BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID), што ќе се случува на 12 октомври, настан во настан, кога судиите, 10 „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара за присутните. Од „ГастроМак“ најавуваат дека натпреварот е логистички поддржан од WACS – (World Association of Chefs Societies), Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. Токму затоа, целта на Асоцијацијата е да се грижи за богатата традиционална култура на нашето, македонското поднебје, и „да ги промовира едукативните процеси кај готвачите и да воведе светски кулинарски трендови во чекор со современата македонска кујна - информираше шеф Љупчо Гиевски. На средбата со новинарите беше објавен годинешниот претседател на судскиот тим - познатиот Стево Карапанџа, гастрономски гуру, кој оставил толку многу багаж зад себе, па и по скоро 50 години, предизвикува почитување. „Имате доволно причини да бидете дел од Гастромак приказната - а ние заедно со Општина Охрид, со Хотелот Нова Ривиера ќе се потрудиме да го оправдаме признанието- најдобар натпревар во Југоисточна Европа - заврши шефот Весна Тодоровска- Алачковска.]]>

„ГастроМак“ фестивал во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/gastromak-festival-vo-ohrid/ Tue, 17 Sep 2019 12:59:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107425

Еден од најпознатите и највлијателни гастрономски фестивали во Република Македонијаи на Балканот е познатиот фестивал “ГастроМак”. Годинешното  четврто по ред издание за разлика од минатата година кога истото се случуваше во Струмица, годинава ќе се случува во еден од најубавите македонски градови, македонскиот езерски бисер Охрид. Како што  известуваат организаторите, во рамките на фестивалот на 12-ти октомври ќе се организира голем рибен фестивал на отворено т.н. популарен “фиш фестивал” на Chef Дон Давид. Уште од 11 часот, кајчињата со уловените риби ќе бидат укотвени пред хотелот “Нова Ривиера”, од каде судиската гастрономска елита, во состав: Томас Гуглер, Доменико Маџи, Дон Давид, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ, Мишел Луис Ленц, Алан Пајен, Изток Легат, Стево Карапанџа и Вуко Митровиќ, ќе одбираат што ќе “препелкаат” на скара. Изненадувањата се подразбирааат, но како што велат организаторите, ветуваат оргинална и незаборавна забава под ведро небо во преубавиот Охрид. А потоа, откако судиите ќе си ја завршат својата работа, најтазе подготвената риба од скарата ќе се „ пресели” на дегустаторските чиниии, бидејќи дегустацијата е задолжителна. Затоа не го пропуштајте ТАМАРО и BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID на 12-ти октомври пред хотелот “Нова Ривиера”, во рамки на четвртото издание на “ГастроМак”.]]>