гастромак 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Oct 2022 11:06:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png гастромак 2022 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гастромак 2022: Гастрономските асови со предавања и мастер класови низ Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/gastromak-2022-gastronomskite-asovi-so-predavanja-i-master-klasovi-niz-makedonija/ Wed, 05 Oct 2022 11:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270162

Шестото издание на „Гастромак“, по пауза предизвикана со пандемијата, во скусена верзија, годинава има за цел да го унапреди знаењето и светогледите на идните готвачи преку предавањата и мастер класови на најпознатите шефови од екс-ју: Стево Карапанџа, Исток Легат, Жељко Бремец, Томаж Возељ, Драгица Лукин, Ѓорѓе Костиќ и Вуко Митровиќ. Предавањата и презентациите започнаа во средното угостителско училиште во Штип- „Коле Нехтенин“ во кои најголемите мастер шефови од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, преку своите инспиративни биографски приказни посочија колку е тешко, но истовремено и прекрасно да се носи бела готвачка униформа која им овозможила стекнување на знаења и искуства од целиот свет.   Следната средба со ученците е со средношколците од „Наум Наумовски Борче“ во Крушево, а во градот на Тоше познатите шефови ќе посетат работилници за локум, целувки и надалеку прочуени крушевски колбаси. Агендата „Гастромак 2022“ понатаму има за цел да ги посети винариите Попова кула, каде шефовите од прочуениот Вранец ќе приготвуваат сос за бифтек а во план е и запознавањето со винаријата Вила Марија. Главните настани ќе се случуваат во кавадаречкиот ресторанот „Моклиште“: се планира викендот да помине во знак на „Фиш фестивал“ кога ќе се прави чорба и разни специјалитети од прочуениот тиквешки сом. Ќе се посетат и винариите Попов и Клинчаров, гостите ќе имаат прием кај градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Со цел што повеќе да се крене гастрономијата во овој вински град, на презентациите во „Моклиште“, под „готвачката палка“ на Карапанџа, Бремец, Легат, Лукин, Возељ и Митровиќ, ќе присуствуваат шефовите и готвачите од сите кавадаречки ресторани.]]>